|
|
Силни општини стабилна држава, доказ дека може кога се сака! |
Секој граѓанин заслужува достоинствен живот, а тоа се постигнува и со локални власти кои имаат јасна стратегија, чесна намера и силна посветеност. Токму тоа ќе го понудат новите кандидати за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата на следните локални избори, работа во интерес на сите, без разлика на политичка, етничка или социјална припадност. Предизвиците пред Македонија се големи, но искуството од изминатиот период јасно покажа дека може да се направат позитивни промени. Клучот е чесност, посветеност, упорност и работа за доброто на секој жител, во секое населено место, стабилни општини значат стабилна држава. Последните четири години беа период во кој граѓаните видоа што значи одговорно и посветено локално управување. Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ успеаја да покажат дека политиката може да се претвори во конкретни резултати, изградени и реконструирани улици, водоводни мрежи, канализации, нови и обновени училишта и градинки, инвестиции во спортот, културата и јавна инфраструктура,... Сето тоа беа проекти кои директно го подобрија секојдневието на луѓето. Тоа е причина зошто сè повеќе граѓани ја препознаваат како партија која не само што ветува, туку и исполнува и тоа секогаш во интерес на граѓаните. Денес, повеќе од било кога, е важно да се избере визија која гради, а не која руши. Визија која нуди иднина, а не празни ветувања. Со тоа ќе се овозможи континуитет на досегашните успеси и ќе се обезбеди нов бран проекти, идеи и решенија што ќе ја направат секоја општина уште подобро и посигурно место за живеење. |