|
||||
28 септември ќе биде осветена црквата „Свети рамноапостоли Константин и Елена“ во Скопје |
Со Божја милост и промисла, по 13 години заврши изградбата на црквата „Свети рамноапостоли Константин и Елена“, кој се издигнува во срцето на главниот град, Скопје на улица Македонија. Овој свети дом е посветен на благоверните цар Константин и мајка му, царицата Елена, кои со своето дело оставија вечен белег во историјата на христијанството, пронаоѓајќи го Чесниот и Животворен Крст Господов. Храмот ќе биде живо сведоштво за верата на македонскиот православен народ и место каде ќе се вознесуваат молитви кон Бога за спасение и благослов. Големото осветување на црквата ќе се изврши на 28 септември, со архиерејска литургија која ќе ја отслужат архиереите на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија, во сослужение со свештенство и монаштво. Македонската православна црква – Охридска Архиепископија ги повикува сите верници да присуствуваат на овој историски и благодатен настан, заедно да се помолиме и да го прославиме осветувањето на новиот храм, кој ќе биде светилник на верата во нашиот град и народ. Програма за осветување на црквата „Свети рамноапостоли Константин и Елена“ – 28 септември:
Со ова, Скопје добива ново духовно средиште, кое ќе сведочи дека Христовата љубов е вечна и дека Црквата е живо присуство на Бога меѓу луѓето. По 13 години заврши изградбата на црквата „Свети рамноапостоли Константин и Елена“ во центарот на Скопје – на 28 септември ќе биде осветен |