Среда, 06 Јули 2011    PDF Печати Е-пошта
Близу до Волковија има урнатини од стар манастир, кој се викал Св. вмч. Георгиј...

sv-georgij-volkovijaСекоја година на Ѓурѓовден при урнатините на волковскиот манастир се собира многу народ од цело Тетовско, тој ден кај урнатините на манастирот волковци колат курбан, а свештеникот заедно со свештениците од Стенче светат вода, а понекогаш и масло. Месото од курбанот тука се вари и се јаде, а потоа се играат многу ора и дури вечерта народот се разотидува. Во Волковија ова празнување се вика „Собор“,  во другите овдешни села истите празнувања со колење курбан или без него, како и во Елошник ги викаат „ордии“. По некој пат волковци колат курбан и на Спасовден.

Волковци се занимаваат со земјоделие и со работа на туѓина, каде што се лебари (фурнаџии) и бозаџии. И Волковија и Стенче некогаш биле во многу подобра положба од денес. Во последните години многу од поимотните семејства на тие села се преселиле во Тетово.

...

Горна Баница – половина час над горното. Над селото  извира мала рекичка, која минува и над Долна Баница и се влива во реката Лакаица.. Селото е расположено на голема полјана, над која се издига еден рид наречен „Градиште“. Горна Белица има една џамија и урнатини од црква. За христијанското население иде свештеник од с. Костово каде што две селанчиња одат на училиште. Населението се занимава со земјоделие и градинарство. И во двете Баници селаните колат курбан (секој во својот дом) на Св. Петка и на Архангеловден и др. И во многу села на Горни Полог кои се на југ, југозапад запад и северозапад од Костово колат курбан за умрените – за мажите овен, а за жените  овца, на 40 дена од смртта, а некаде на погребот. Месото на закланото животно се вари заедно до деловите од внатрешноста и се става на трпеза на која јадат сите селани, на чело со свештеникот на кому секогаш во чинија му се принесува сварената глава на курбанот.

Во сите христијански села мртвите ги облекуваат во најубавите облеки, им ги сечат ноктите и им ставаат над појасот срп за да се пресече болеста и да не ги фаќа другите од домашните. Кога ќе го кренат мртовецот од куќата на леглото му забиваат шајка, за да не стане вампир и ставаат секира за да се пресече смртта. Пред закопувањето му ги одврзуваат сите јазли и петлици и во џебот му стават некоја мала стара пара. По закопувањето се става трпеза на која јадат сите што биле на погребот. Пред да јадат на свештеникот му подаваат запалена восочна свеќа над која тој со десната рака прави знак на благослов и вели: „Вечна му памет, Бог да го прости“,  по што свеќата минува по ред кај секого од селаните, кои исто така му посакуваат вечна памет и проштевање на мртовецот.

Жените – роднини, пријателки и сосетки многу искрено го оплакуваат својот мртовец; тие викаат на глас, тажат и споменуваат се убаво, дури и последните активности на мртовецот. По него тие праќаат известување за себеси и децата на своите во задгробниот живот -  и предизвикани од тоа тие им кажуваат на тие што одамна спокојно спијат под гробните плочи. Тажењето продолжува над гробот секој ден до деветте или до 40 дена по што тоа се обновува на задушниците. Гробиштата во сите села во Тетовско се кај црквите.

С. Дух – на околу 3 часа на север од с. Маврово. Се состои од следните пет одделни села:

- Полјани,  најдалечното во групата, расположено е на високо место

2. Брезовец – и тоа е на високо место, има една црква Св. Параскева и двајца свештеници.

3. Чајани – располежено е во долина, покрај р. Мелца.

4. Балабан – е покрај реката Мелца и има една црква – Св. Богордица, 1 училиште и 1 свештеник.

5. Јарчевица – и тоа е покрај р. Мелца.

Во училиштето во Балабан во зима се собираат деца од сите делови на Дух и месниот свештеник ги учи според црковните книги. Христијаните во Дух зборуваат арнаутски, и само повозрасните знаат македонски. По црквите читаат словенски, ја признаваат Св. Бугарска Егзархија, имаат исти обичаи со православните од околните села од каде што земаат моми за своите синови.

Едно време селаните на Дух биле заможни сточари. Земја погодна за орање тие имаат сосема малку и од неколку години наваму тие бараат опстанок на туѓина – едни одат во Цариград, каде што се занимаваат со разнесување леб и разни други нешта за јадење.

Дух е во среде Шар Планина, ридовите на север од него се многу голи а јужните се покриени со величествени букови шуми. Околу 20 минути  над с. Чајани извира реката Мелца, која има сива вода, зашто ги мие бреговите на кои земјата на многу места е белузлава. Во околината на Мелца копаат гипс. Нејзиното име треба да е добиено од зборот мел. Мелца е првата притока на р. Вардар на која таа и дава повеќе вода отколку што има до мешањето со неа.

Дух е најкрајното тетовско село на запад од Тетово и е 10 часа далеку од градот.

Македонците во Дух ја носат следнава облека:

1. Кмиш или кошула, направена од асе, полите и се широки и се направени од многу рабови широки околу 4 прста.

2. Долама, направена од сукно и шиена по пазувите, грбот и ракавите со златни конци од 7 до 8 вида бои. Полите на доламата се шиени со тесни рабови, по број од 32 до 40, меѓу кои има по 3-4 реда црвен гајтан.

3, Минтан, направен од копринено платно и шиен со златни разнобојни копринени конци по пазувата и ракавите.

4. Џубел – тој е минтан без ракави.

5. Пришелка -  таа се опашува напред над доламата.

6. Пештемал и крпа кои исто се опашуваат над доламата најчесто на празниците. Пештемалот е копринен, а крпата  од она што се носи на главата.

7. Појас кој се вика брес, ако е волнен и паш ако е копринен. Појасот е многу голем и се опашува на широко над доламата.

8. Тозлуци, направени од сукно и шиени со златни и копринени конци. Се носат на нозете од чорапите до колената.

9. Калчини или чорапи, плетени од разнобојна волнена преѓа и златни конци.

10. Фјутор – фес со редици златни пари.

11. Тас – направен од сребро со слики на светци и херувими и по краиштата нанижан со сребрени пари закачени на многу синџири. Тас се носи над фјуторот така да се гледаат златните пари. Над фјуторот и тасот носат шарена крпа, која ја забрадуваат под брадата, косите ги плетат на четири плетенки и ги оставаат да им висат над градите по две на секое рамо. Обетки не носат и затоа не ги дупат ушите.

Спомената облека ја носат и во селата Леуново, Ничворово, Маврово, Вруток, Печково,  Горно Еловци и некои други села на запад од Тетово. Кпшулата и појасот имаат арнаутски имиња само во С. Дух, а во другите села имаат македонски имиња.

Од патописот „Белешки по моето патување во Тетовско“ од А. Стојанов, печатен во цариградскиот весник „Новини„ од 16 мај 1891 до 3 јануари 1892 г.

 

На прво место

News image

Македонија до 2020 ќе влезе во Православна Европа

Македонија до 2020 ќе влезе во Православна Европа

Историја

News image

Во есента на 1943 година се формира Иницијативен одбор за свикување на Првото заседание на АСНОМ

Воените и политичките успеси во 1943 година го забрзаа развитокот на органите на народната власт, та...

Иселеници

News image

НОВ ПАТ КОН АФИРМАЦИЈА НА МАКЕДОНСКАТА ЛИТЕРАТУРА

“МОЈАТА ОМИЛЕНА ПРИКАЗНА” И ОД “БУКВА ДО БУКВА АЗБУКА” Н...

Култура и туризам

News image

Манастирот „Св. Мала Богородица“ во Сливница – Преспа (20)

Манастирот „Св. Мала Богородица“ во Сливница – Преспа (20) МОЛИТВЕНИ ТЕКСТОВИ – МОЛИТВА КОН СВЕТА...

Фељтон

News image

Александар Македонски (61)

Александар Македонски (61) КОВАНИТЕ ПАРИ НА АЛЕКСАНДАР ВО АНТИЧКАТА МАКЕДОНСКА ИМПЕ...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.