Среда, 03 Октомври 2012   
Константин Брегалнички и неговата Хронолошка таблица

08_zb1Со Моравската мисија на солунските браќа Кирил и Методиј започна новата епоха во историјата на славјанскиот народ. Откако ги поставија темелите на славјанската писменост, на јазикот на Македонците од околината на Солун никнуваат првите дела на славјанската литература, кои биле воглавно превод од византиската литература. Делото на солунските браќа го продолжува Климент Охридски во чии преводи и оргинални дела покажува книжевно-поетски квалитети. Веднаш до него, со своите квалитети се издвојува и ученикот на Методиј, средновековниот поет и писател Константин Брегалнички.

Во делата кои му се препишуваат на Константин Брегалнички, познат уште како Константин Презвитер, спаѓа неговиот состав Поучително евангелие. Ова квалитетно дело  е составено од пет делови: Азбучна молитва (поетски состав), Пролог, Беседи, Црковно сказание и Хронолошка таблица (Историкии). Според годините кои се дадени во Хронолошката таблица се смета дека Поучителното евангелие е составено во 894 година.

Хронолошка таблица (Историкии) на Константин Брегалнички припаѓа кон краткиот тип византиски хроники. Авторот изготвил список што ги содржи имињата и годините на владеење на разни библиски лица и световни владетели, започнувајќи од Адам и завршувајќи со времето во кое живее авторот, односно до владеењето на византискиот василевс – Лев VI Филозоф (886-912). Хрониката била составена според кратката хронографија на цариградскиот патријарх Никифор, а се забележуваат дополненија земени од други извори или пак внесени од самиот Константин, како резултат на негови проучувања.

Со Историкиите Константин Брегалнички се јавува како автар на првиот славјански летописен труд, во кој е запишано следново:

ИСТОРИКИИ ЗА БОГА, ШТО ГИ СОДРЖАТ НАКУСО ГОДИНИТЕ ОД АДАМ ДО ПРИШЕСТВИЕТО ХРИСТОВО И ПАК ОД ХРИСТОС ДО СЕГАШНИОТ 12-ти ИНДИКТ

Од Адам до потопот години 2262.

Од потопот до раѓањето на Аврам 1070.

Сите собрани години 3332.

Од раѓањето на Аврам до излегувањето на синовите Израилеви од египетеката земја има 505 години.

Се од Адам ,до излегувањето (на Евраите од египетската земја) 3837

-          По излегувањето на Мојсеј 40 години, кои (биле поминати) во пустината.

Исус (Навин) 27.

На судиите по ред и мачителите, кои владееја во Ерусалим:

Хусарсад 8 години,  Готониил 40, Еглом 18, Аот 80, Јавин и Сисара 20, Девора Варак 40, Мадиам 7, Гедеон 40, Авиме(ле)х 3,  Тола 23, Иаир 22,

Во рацете на синовите амунски и филистински поминаа 18 години.

Јефтае 6, Авеса Витлеемеки 7, Еалом Завулонит 10, Андон Фара(то)нит 8, Во рацете филистински 40, Самсон 40, Безвластие 20, Илија 20, Самуил 30.

Од излегувањето на синовите Израелови до Саул, првиот израелски цар 574 години. Собрани сите од Адам се 4384 години.

Саул 40, Давид 40,  Соломон 40,  Ровоам 17,  Авија 3, Аса 40, Јосафат 25, Јорам 8, Охозиј 1, Готолија 7, Јоас 40, Амасиј 29, Озија 52, Јо(а)там 16, Ахаз 16.

До пленувањето самариско има 15 цареви, а години 385.

Езекиј 29. Манасиј 55. Амос 2. Јосиј 34. Јохаз 3. Елиаким 11. Јоаким 3. Седекиј  11. До Јудовиот плен 148 години. На(в)уходоносор 25. Мародах 12. Валтасар 4. Дазириј  17. Кир 32. Камбиз 8. Матимин (?) 47. Дариј 36. Ксеркс 20. Артаван 7 месеци. Артаксеркс 40. Ксеркс 40. Су(г)диан 42. Дариј  19. Ксеркс 41. Артаксеркс 42. Ароис 4. Дариј 16.

До Александар (Велики) 301 година. Се од Адам до Александар 5029.

Александар 12. Птолемеј Лагос 40. Птолемеј Филаделф 27. Птолемеј Евергет 24. Птолемеј Филопатор 32. Птолемеј Епифан 22. Птолемеј Филомитор 32. Птолемеј Евергет 29. Птолемеј Сотир 15. Птолемај Александар 12. Птолемеј Филип (Фускон) 8. Птолемеј Дионисиј 31.

Клеопатра 22. - Ја убива Август во триесет и седмата година од своето царување и потоа царува 4 години. Се од Адам до отелотворувањето на Христос има 5555 години. По отелотворувањето на Христос:

Август 15 години.

Од Тибериј 18 години до спасителските маки на господ наш Исус Христос. - Христијаните треба да знаат добро кога ќе ги прашаат за еврејската пасха, да ги наоѓаат деновите од сончевиот круг точно - што христијаните треба да го знаат и умеат. Го наоѓаме сончевиот круг 23, а месечевиот - 10, во спасителската мака и еврејската пасха, во сабота, според Евангелието.

Воскреснувањето на спасителот наш Исус Христос синот божји е на 25 март месец по црковното предание, што добро ја посочува по име вистинската пасха. По воокреснувањето на господ наш Исус Христос:

Тибериј 5 години. Гај 3 години, а .месеци 4. Клавдиј 13, а месеци 8. Нерон 13, а месеци 8. Весп(ас)иан 19, а месеци 11. Тит 12, а месеци 2. Домитијан (Домицијан) 15, а месеци 5. Нврва 4, а меоеци 4. Трајан 19, а месеци 6. Адријан 23, а месеци 3. Антонин 22, а месеци 3. Марк 7 години. Лјукиј (Луциј) 9. Комод 13. Септимиј 17. Макрин 1. Антомин Вгори 14. Александар 13. Максимин 3. Гордиан 6. Филип 7. Декиј (Дециј) 4. Гал 2. Валериан 12. Клавдиј 1. Аврелиан 5, а меееци 6. Проб 6, а мееаци 6. Диоклетијан 20.

Максимијан 18. - Од Август цар до Макси(ми)ан 30 цареви, а .години 343; собрани пак од Адам до свети Константин (благо)верниот цар има 5843. Царувал (благо)верниот цар Константин 33. години.

Константиновци 23 Јулијан 2. Јувијан 1. Валенти(ни)јан 12. Валент аријанин (?) 13. Теодосиј Велики 17. Аркадиј 13. Теодосиј Мал 42. Маркијан 6. Лев Велики 7. Лев Мал 1. Зинон 17. Анастасиј 17. Јустин 9. Јустинијан 19. Јустин Втори 13. Тибериј 4. Маврикиј 20. Фока 8. Ираклиј 30. Константин 1. Константин Втори 27. Константин 17. Јусти(ни)јан 10. Лев 7. Тибериј 7 и Јустинијан и синовите негови 6. Вардан 2. Артемиј 2. Теодоеиј 1. Лев 24. Константин и синот негов 52. Лев и синот негов 30. Константин сам 16. Ирина, мајка му 5. Никифор 8, а месеци 9 - Него го убија ... Бугарите на 27 јуни. Ставрикиј 2 месеци. Михаил, зет му, 1 година, а месеци 9. Лев Арменец 7 гадиви, а месеци 5. Михаил II 8, а месеци 9. Теофил и син му 12, а месеци 3. Теодора, жена му, со синот си Михаил 14 години, а месеци 1, денови 2.

Михаил сам 11 години, а месеци 1, дни 9. Василиј 20 години. Лев, син му, 7 години.

Сите години од распнувањето на Христа до Лев, сегашниот цар, деветстотини и осумнаесет, а од Адам до сегашниот 12-ти индикт има 6406 тодини.

Хронолошката таблица (Историкиите) ги содржат имињата и годините на владеењото на разновидните библиски лица, источни, македонски, римски, византиски владетели, се до седмата година на владеењето на мудриот византиски император од македонската династија Лев VI Филозоф (886—912). Таа започнува со раѓањето на Адам, доаѓа до раѓањето на Исус Христос, па се до Лев VI Филозоф. Во Хронолошката таблица ја сретнуваме и целата македонска династија на Птолемеите, која владее со Египет, по Александар Македонски.

Последната реченица од Историкии ја определува датата на составувањето на Хронолошката таблица. При пресметувањето на годините, доколку од 6406 се минусираат 5508 ја дава 898 –тата година која не паѓа во 12-от индикт, што на прв поглед изгледа нелогично.

Во Историкиите јасно се гледаат периодите на владеењето на одделните владетели. При набројувањето на годините од Адам до раѓањето на Исус Христос излегуваат 5555 години. Извршени се извесни корекции на местата каде што постоеле неточности, така да 894 година се зема кога делото е завршено.

При споредувањето на Хронолошката таблица со слични византиски творби се дошло до сознание дека Константин не бил рамнодушен препишувач, бидејќи ги комбинирал податоците од изворите. Тој не случајно ја зел бројката 5505 за годините од Адама до Христа. Таа била бројка влезена во основата на цариградската ера. Во прилогот на евангелието се истакнува дека на потик на Наум тој го преведува трудот. Како што вели: „.. убеден во тоа од твоите молби, брате Науме“, и споменатите погоре заповеди, се преклонив кон твоето смирение.“

Се смета дека бил византиски воспитаник кој покрај мајчиниот („јазикот на солуњаните“) одлично го знаел и грчкиот јазик. Постојат различни толкувања околу местото каде Константин како презвитер и епископ работел и живеел. Сепак теориите дека работел во Плиска, а потоа во Преслав (стара и нова бугарска престолнина), немаат цврсти докази, додека  поизвесна е торијата дека работел во Брегалничката област.

Како Константин Брегалнички за првпат се сретнува кај Харалампије Поленаковиќ кој во далечната 1951 година ќе истакне дека: „Најпознати меѓу нив (ученици на Кирил и Методиј) биле Климент Охридски, Наум Охридски и Константин Брегалнички. Ваквиот став ќе го прифатат и други истражувачи.

Константиновата хронолошка таблица која ги содржи имињата и годините на владеење на разни библиски лица и световни владетели, презентирана сред народните маси, им овозможила на Македонците не само да се стекнат со историски сознанија туку да ги сочуваат и спомените за македонските цареви кои ја одбележале историската сцена. Така од оваа хронолошка таблица Македонците имале можност да се потсетат не само на Александар Македонски туку и да разберат за династијата на Птоломеите, како и за византиските императори со потекло од Македонија, а со тоа да ги сочуваат и духовните вредности на нацијата.

(извор: В.Антиќ, Од средновековната книжевност, Скопје, 1976, стр. 43 – 49)

 

На прво место

News image

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои победничките листи за парламентарните избори

  Муцунски: Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои победничките листи за парламентарните...

Историја

News image

Гоце Делчев неприкосновен лидер на македонската револуционерна борба

Општонародниот водач на македонската ослободителна борба Гоце Делчев е роден на 4 февруари 1872 годи...

Иселеници

News image

НАЈГОЛЕМО ПРИЗНАНИЕ ЗА АНСАМБЛОТ „Томов“ И ЗА ГЕОРГИ (ЏОРЏ) ТОМОВ (19)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ТОМОВ“  НА СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

News image

Велигденски пост

Првичната цел на предвелигденскиот пост била насочена кон огласените, кои се припремале да бидат крс...

Фељтон

News image

АКТИВНОСТИ НА ФОНДАЦИЈАТА ПО СМРТТА НА АТАНАС БЛИЗНАКОВ – (ДЕЛ II) (25)

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ НА АТАНАС БЛИЗНАЈОВ ВО МОНОГРАФИИТЕ НА СЛАВЕ КАТИН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.