Среда, 14 Март 2012   
Печатот на историјата втиснат во македонското име

 

Македонците отсекогаш имале чувство за етничка припадност

makedonija

„Македонското име е едно од најгордите, најголемите, најхрабрите, но и најстрадалнички имиња низ историјата. (Тоа е) име... од еден од најзаслужните народи кој својата судбина ја идентификувале со почвата на која се раѓале и умирале. Тој народ опстојувал со назначено етничко чуство низ вековите: и во епохата на неговите звездени мигови, кога своето кралство со силата на сопствената крв и со меч го проширил се до Индија и Северна Африка, но и во миговите кога таа огромна империја била сведена на зависна римска провинција и тема.“ -  пишува Анте Поповски за македонското име во „Македонија на старите мапи“ (Скопје, 1992).

Македонците горди на своето име и потекло, отсекогаш имале изразено чувство за етничка  припадност. Потврда за тоа наоѓаме уште кај античките Македонци. При археолошките ископувања во близина на Серез била пронајдена надгробна плоча на која е врежано:

„Јас, Десни Комин, и подарив на мајката на боговите дете по име Калокерон, на возраст од 12 години, родум Македонец“.

Оваа надгробна плоча потекнува од 252 година по Христа кога одамна бил угасен сјајот на некогашната славна Македонска империја.

Покрај личните имиња и етничката припадност, во многу случаеви било нагласено и името на градот, како на пример: Македонец од Воден, Македонец од Егеј, Македонец од Орестида. Чуството за етничка припадност било толку нагласено што барале нивните водачи да го носат називот Македонијархиси.

Многу векови подоцна, од синодалните акти на Охридската архиепископија може да се види како Иван Иеракар на почетокот на XIII век, се изјаснува дека по род е Македонец и дека потекнувал од с. Власто, сегашното Велесто, во Охридско. Именувањето на жителите според етничката и територијалната припадност се сретнува и во наредниот век. Ова може да се види и од записот во црквата „Св. Ѓорѓи“ во Горен Козјак, во кое лицето Братан во средината на XIV се потпишал дека е од Македонија.

Повторно прескокнувајќи неколку векови ќе видиме од записот на Ѓорѓи Македонски од 1846 години дека чуството за етничка припадност никогаш не го напуштила Македонецот. Во записот на учителот Ѓ. Македонски, по повод стапувањето на учителска должност во родното село на Ден Голема Богородица, почнувајќи со фразата „Да се знае“ вообичаена за тоа време ќе напише:

„Да се знае кога селаните од моето родно село Радибуш, Криворечка Паланка, ме главија за учител во нашето селско училиште и за Ранковце и за Криви Камен, за 1800 гроша годишно. Роден сум од татко ми свјаштеник Димитрија и мајка Варскија како седмо дете од дванаесетте деца, пет машки и седум женски. Славјанското писмо го изучив од татко ми Димитрија Маќедонски, кој така се вика зашто сме Маќедонци, а не Грци, а неговиот татко се викал Јосиф, свјаштеник, а неговиот дедо Стоимен, свјаштеник. И ја прекарот си го зедов Маќедонски, а не по татко ми и по дедо ми, за да се знае оти сме ... од Маќедонија“.

Од неколку одбрани записи меѓу бројните, може да се види дека без разлика дали со Македонија владеел Рим, Византија, Србија, Грција, Бугарија или Отоманската Империја, чуството за етничка припадност кај населението од Македонија е високо изразено, и тоа континуирано низ вековите се изјаснува како Македонци по род. Истовремено овие записи го даваат континуитетот на името Македонија.

Печатот на историјата втиснат во македонското име се пренесува со векови и никој неможе така лесно да го збрише од историската сцена. Самото име преставува штит, сигурна одбрана од исчезнување на родот вековен. Името се пренесува со генерации и во него се претставени сите порази и победи на еден народ.
 

На прво место

News image

Политиката на свиткана кичма на сиамскиот близнак на Венко, Заев донесе затруени плодови

Политиката на свиткана кичма на сиамскиот близнак на Венко, Заев донесе затруени плодови и штетни ...

Историја

News image

Христијанската црква во Македонија до појавата на светите Кирил и Методиј

Христијанството во Македонија почнало да се проповеда уште во апостолско време. По своето обраќање в...

Иселеници

News image

ДЕЛ ОД БАЛКАНСКИОТ ФОЛКЛОР НА ЏОРЏ (ГЕОРГИ) ТОМОВ (34)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ТОМОВ“  НА СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

News image

За празниците во Велес

Од книгата „Така се зборува во Велес“, приредила Снежана Петрова – Џамбазова, Скопје 2007. За праз...

Фељтон

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.