Среда, 28 Декември 2011   
Грчкиот терор против власите во Епир и Македонија (1)

vlasite-vo-epir-240Во јавноста во Македонија е малку познато дека големогрчкиот национализам и шовинизам во поблиската историја не бил насочен само кон етничките Македонци, туку и кон другите народи кои се нашле под удар на нивната пропаганда. Ова пред се се однесува на припадниците на влашкиот народ, кои исто како и Македонците биле жестоко тероризирани од страна на грчките шовинисти уште во времето на Отоманската држава, а секако и потоа - во времето кога значителен дел од Власите кои живееле во Епир и во Македонија, се нашле во границите на Грција.

За грчкиот терор против Власите во минатото постојат автентични сведоштва, од кои, некои се преведени и на македонски, па сметаме дека нашата (но и меѓународната јавност) треба што повеќе да биде запозната со овие податоци.

Во оваа прилика искажувам благодарност до влашкиот национален деец Димо Наун Димчев, кој преведе некои од овие дела на македонски и истите ми ги стави на располагање.

Во продолжение ќе пренесеме податоци од книгата „Дневникот на Арматолот“. Всушност се работи за дневник на влашкиот револуционер и национален деец арматолот Кола Нича, кој бил запишан од страна на поетот Кола Каратана (кој всушност е вистинскиот автор на овој текст). Во овие записи е опфатен периодот од 1902 до 1907 година, а тоа е токму времето на засилената дејност на грчките андартски чети во Македонија.

Во продолжение ќе наведеме извадоци од оваа интересна книга со кратки коментари.

На стр. 5 од „Дневникот“ авторот Кола Нича дава осврт за состојбата на Власите (Ароманците) во Македонија и воопшто на Балканот од почетокот на 20 век. Овде читаме:

„Ароманците ја имаа најтешката состојба. На толку пати и во толкуте векови тие ја загубија врската со дако-романизмот. Нивната национална свест беше отрпната. Чувството дека не се Грци провеваше само во потсвеста. Насекаде, надвор од границите на Македонија, тие беа сметани за Грци... Само тие кои во емиграција се настануваа на романски територии или во соседство со Романците, си го пронаоѓаа повикот на крвта... И така од нивните редови или од редовите на нивните потомци ќе произлезат некои фигури  кои ги осветлија романската историја и култура.“

На стр. 6, авторот уште во тоа време (последните години од владеењето на Отоманската империја со поголем дел од Балканот) согледал дека Грците биле противници на идејата за создавање независна македонска држава, поради што почнале со тероризирање на локалното негрчко (ароманско) население:

„Грците поради тоа што беа малцинство во Македонија немаа за цел создавање на македонска држава. Создавањето на една таква држава би ѝ нанел удар на таа т.н. Мегали идеја, која имаше за цел обнова на Визатинското царство под грчко туторство. Грците беа принудени најпрво да  ги погрчат хетерофоните народи.

Така во 1903 година грчки андартски банди организирани на територијата на Грција, под командата на офицери на регуларната војска, ја поминаа границата во согласност со турските власти и почнаа да ги напаѓаат ароманските села кои не негуваа грчки чувства.

Андарстките водачи почнаа преку писма да им се закануваат на челниците на ароманските села кои го поддржуваа работењето на романските училишта и на црквите, а дотичното село било напаѓано и уништувано. Вистина е, поголемиот дел од ароманското население одби да капитулира.“

Во продолжение читаме за организираниот отпор што Ароманците го пружиле против големогрчките активности:

„Ароманците верни на националната идеја почнаа да се спротивставуваат на тие напади на андартите, организирајќи се од своја страна во арматолски чети (...).

Летото 1904 една андартска банда на чело со офицерите Савас и Теодосис убија двајца Власи, Челеа и Туџару, двајцата од Граматикова, Овие им се закнуваа на луѓето од Граматикова дека доколку не го затворат романското училиште и црквата, ќе го запалат селото“. (Исто, стр. 7 и 8)

Потоа читаме дека  во одбрана на селото дошле ароманските чети и во вооружениот судир со андартите, биле убиени 11 Грци.

На неколку места во книгата читаме дека влашките и македонските чети заедно дејствувале против грчките чети и турската војска.

Потоа читаме за нападите на грчките андарти врз влашките села Граматикова и Патичина, кои биле одбиени заради успешно организираната одбрана, по што Грците го запалиле влашкото село Горна Сеља (Исто, стр. 11).

Во продолжение читаме дека една грчка чета паднала во заседа поставена од влашка чета при што бил заробен лично андартскиот водач Телос Аргас, кој во тоа време бил главен командант на андартските сили во Турција. Во Дневникот на Кола Нича пишува дека на андартскиот водач Аргас, од страна на влашката чета му било организирано судење, од кое се пренесени делови. Од изјавите на Аргас за време на ова судење се гледаат и плановите на грчката кауза во врска со  Македонија  на почетокот од 20 век, т.е. неколку години пред почетокот на Балканските војни. На прашањето од влашкиот водач Мучитани (кој на ова судење бил во улогата на иследник) со каква цел андартите се дојдени во Македонија и кој ги ангажирал, Телос Аргас одговорил:

„Панхеленикос Силогос е организација од иредентистички карактер со седиште во Атина. Таа се занимава со образување на андартски кадри, борци за насилно погрчување на негркофонското население во Македонија. Како офицер, воспитуиван во духот на една Голема Грција, сакав да учествувам во оваа организација и се вклучив како доброволец... Грчкиот елемент е во загрижувачко малцинство... При едно евентуално паѓање на отоманското царство, не би можеле да ја присвоиме Македонија се додека сме во малцинство. Големите сили нема да ни ја дозволат таа работа и покрај сите нивни симпатии кон нас.“

Потоа продолжил да зборува за нивната цел да го погрчат целото негрчко население во Македонија, на што влашкиот водач Мучитани му одговорил:

„Не верувам дека ќе успеете. Во градите на овие народи се разбуди националното чувство. Тие се борат за автономија на Македонија во која сите националности ќе живеат заедно... Автономијата претставува единствено праведно решение. Само Грците, кои се шовинисти, арогантни снобови, дури и утописти, се спротивставуваат. Лишени од кавалеризам. Зимата 1906 – 1907 година, кај Ениџевардарското Езеро, додека не напаѓаа Турците, не напаѓавте и вие, разбојнички од зад грб.“

На ова Аргас одговорил:

„Така е. Ние сакаме да уништиме се што не е грчко и не негува грчки чувства, како што сте вие, на пример, Ароманците“.

Потоа почнал да го велича грцизмот, по што се развила историска полемика во која Мучитани рекол:

„Националната свест почна да се формира. Многу не има и нема да успеете сите да не убиете. Ние сакаме да го отфрлиме турскиот јарем и да формираме една многунационална држава во која и самиот грчки народ ќе зема учество. Вие доаѓате од Крит, од територија која е потчинета од Турците и наместо да се борите за ослободување на вашата татковина,  сакате да ни наметнете еден нов грчки јарем. Со кое право? Кога некогаш Македонија и припаѓала на Грција? Напротив. Македонија била освојувач на Грција... Ние (Власите, з.м.) се сметаме за наследници на Трачаните помешани со Римјаните... Инаку и самите денешни Грци имат многу малку заедничко со старите Грци. Во поголемиот дел тие се погрчени Ароманци, Словени и Албанци...“

Потоа на Аргас му била прочитана пресудата и во неа било посочено на сите убиства врз Власи и уништување на нивниот имот за кои тој бил одговорен. Овде читаме:

„... Во Албанија, Епир и Тесалија беа убиени толку Ароманци затоа што се спротивставија на политиката на погрчување. Беа посочени како примери убиствата во Самарина, Периволи, Авдела, Јанина, Катерина и други...

На челникот Хаџигогу најпрво му убија осум овчари. Кога видоа дека челникот не ги повлече децата од романското училиште, една година подоцна, му убија други петмина овчари, му масакрираа три илјади овци, а ергелата му ја однесоа во Грција.

На челникот Мушу Каприни му масакрираа 1500 овци и кози.

На челникот Туша  Букувала му масакритраа 2000 овци и кози.

На челникот Стерју Дума од селото Ливади му масакрираа 1000 овци.

Им ги запалија куќите на ароманските водачи во селата Долна Сеља и Ксироливади, како и романските училишта од истите села.

Во селото Хума, Мегленија, убија десет ученици од романското училиште, додека се наоѓаа на излет во полето, со учителот.

Ги запалија селата Граматикова и Горна Сеља.

Ги убија ароманските свештеници Папатанасе, Ѓ. Репшидони, Папанаце и Баламачи.“

Зарaди сето ова Телос Аргас и еден од неговите придружници биле осудени на смрт и по неколку дена погубени. Нивните тела биле оставени крај некој главен пат за да бидат видени од што поголем број патници, т.е. за да не може грчката пропаганда да лаже дека заминале во Грција.

Aleksandar_Donski_copy

 

 

 

 

 

 

 

Александар Донски

Продолжува наредна среда

 

На прво место

News image

Македонија до 2020 ќе влезе во Православна Европа

Македонија до 2020 ќе влезе во Православна Европа

Историја

News image

Во есента на 1943 година се формира Иницијативен одбор за свикување на Првото заседание на АСНОМ

Воените и политичките успеси во 1943 година го забрзаа развитокот на органите на народната власт, та...

Иселеници

News image

НОВ ПАТ КОН АФИРМАЦИЈА НА МАКЕДОНСКАТА ЛИТЕРАТУРА

“МОЈАТА ОМИЛЕНА ПРИКАЗНА” И ОД “БУКВА ДО БУКВА АЗБУКА” Н...

Култура и туризам

News image

Манастирот „Св. Мала Богородица“ во Сливница – Преспа (20)

Манастирот „Св. Мала Богородица“ во Сливница – Преспа (20) МОЛИТВЕНИ ТЕКСТОВИ – МОЛИТВА КОН СВЕТА...

Фељтон

News image

Александар Македонски (61)

Александар Македонски (61) КОВАНИТЕ ПАРИ НА АЛЕКСАНДАР ВО АНТИЧКАТА МАКЕДОНСКА ИМПЕ...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.