|
|
| ВИСТИНАТА ЗА ХОМЕР МАКЕДОНЕЦОТ И ДРЕВНИОТ ЈАЗИК |
|
ХЕЛЕНСКИОТ ФАЛСИФИКАТ: ВИСТИНАТА ЗА ХОМЕР МАКЕДОНЕЦОТ И ДРЕВНИОТ ЈАЗИК Во 556 година пред нашата ера, атинскиот владетел и реформатор Пизистрат издал наредба делата на Хомер да бидат “преведени на атински јазик“ и да се запишат во официјална форма. Но, токму во таа одлука лежи едно од најголемите прашања на древната историја: Од кој јазик биле преведени делата на Хомер? Историчарите од античко време запишале дека оригиналните песни биле напишани на “варварски јазик“. Зборот варварин во хеленскиот контекст не означувал “дивјак“, туку оној кој зборува неразбирлив јазик, јазик различен од хеленскиот. Тоа значи дека делата на Хомер не биле напишани на грчки, туку на јазик кој хелените не го разбирале и неможеле да го читаат и толкуваат. Тука започнува фалсификатот на историјата. Со преведувањето на Илијада и Одисеја, хелените не само што го присвоиле авторството на делата, туку го присвоиле и целиот културен идентитет на народите што живееле пред нив: Пелазгите, Македонците и другите староседелски племиња на Балканот и Егејот. Древните историчари како Херодот, Тукидид и Страбон пишуваат дека Пелазгите биле најстар народ на Егејот, кој живеел таму многу пред доаѓањето на Хелените. Херодот вели дека “Пелазгите зборувале јазик различен од хеленскиот“, а подоцна некои нивни племиња биле “хеленизирани“. Тоа значи дека Хелените се појавиле подоцна и врз темелите на постара цивилизација ја изградиле својата митологија и култура. Токму од таа пелазгиско-македонска средина се издигнал и Омер (Хомер) Македонецот, авторот на најголемите епски спевови во човечката историја, “Илијада” и “Одисеја”. Во нив, не се чувствува дух на хеленска држава, туку дух на северниот, пелазгиски свет, на борбени племиња со силен култ кон сонцето, земјата и семејството, карактеристики типични за старите македонски и словенски народи. Овој “варварски” јазик, кој Пизистрат го превел на атински, не бил ништо друго освен древниот македонско-пелазгиски јазик, старословенскиот корен на кој подоцна ќе се надоврзат многу европски народи. Тој јазик бил богат со согласки, со сложени зборови и со карактеристична мелодика која била тешко разбирлива за Хелените. Затоа тие делата не можеле ниту да ги читаат, ниту да ги рецитираат, сè додека Пизистрат не наредил нивен превод и адаптација. Со тоа, Хелените ја преземале културната круна на едно туѓо наследство. Преку времето, ова “преведување” станало присвојување, а потоа и бришење на вистинските автори и јазик. Во вековите што следеле, античка Атина ја изградилa својата слика како “раѓалиште на цивилизацијата“, користејќи ги токму овие дела како темел на својата култура. Но вистината е поинаква: тие темели биле поставени од народи постари од Хелените, од Пелазгите и Македонците, чии потомци ќе го зачуваат тој дух и преку милениуми ќе го пренесат во современиот македонски народ. Затоа, кога денес ќе го спомнеме Хомер, треба да се сетиме дека тој не бил само поет, туку глас на древната Македонија, на времето кога јазикот, културата и духовноста на нашите предци биле носители на првите европски епопеи. Преводот на Пизистрат не бил само книжевен чин, тој бил почеток на една идеолошка и културна узурпација.
Но вистината, иако потисната, секогаш излегува на виделина. И денес, кога археологијата, јазикот и митологијата повторно се читаат со отворен ум, станува сè појасно дека корените на европската култура не се хеленски, туку македонско-пелазгиски. Или јада или бог на сонцето и ада земја Илијада = Сончева земја = Македонија
|

























