|
|
Овчеполска околија (9) |
Свети Николе1. Гаврил Арсов, одвлечен и убиен ио месноста „Велешки лозја” Во 1915 г., при повлвкувањето, српските војници одвлекле во комора повеќе мажи од Свети Николе и сите по патот биле испотепани. с. Неманци1. Серафим Шалев, бил тормозен во врска со учесниците од село Немашди во бунтот на Овче Поле. Тој бил кметски наместник во Немаици. По дигањето на бунтот на 1. IX 1914 г. бил одвлечен од четниците на Јован Бабунски надвор од селото, во меавоста „Правалија”, и фрлен во еден дол за да го раскинат диви ѕверови. Жена му Стојанка и синот Трајан трагајќи по него, го нашле трупот на Стефан, но телото му било исклукано од птици. Го зеле оголениот костур и го однеле во селото. Додека пак лицата: Салтир Стефанов, Трајчо Саздов, Кане Нанев, Сандо Бурзев, Јаким Михајлов, Лазо ПопЈавев и Тоое Петрушвв биле уапсени во затворот во Свети Николе. с. Богословец1. Виле Темелков Биле уапсени, одвлечени надвор од селото и миогу биле измачувани. Еден овчар, кој имал можност да ја гледа оваа крвава драма, во сведоштвата си спомнува и вели: „Не сакам да се потсетувам на тој настан. Беа шестмина, но Ладе Димимов успеа да им побегне. Другите ги јаваа и бодеа во задниот дел на телата. Кога едциот го колеа, другите ви принудуваат да играат и да пеат. Така им правеа се додека не остана само еден. На последниот му се нафрлија сите четници на Бабуноки и го избодеа со бајонетите. А пред да ги извлечат од селото, пред нив ги тепаа: Сута Стојанова (мајка на Симеон Стојанов), Петра Јанева и Санда Гацева. Тоа се случи само неколку дена по бекството на нашите регрути кај с. Криви Дол (бунтот во Овче Поле). с. Ерџелија1. Саздо Лубенчов, кметски наместник во селото. По бунтот на регрутите кај Криво Дол бил обвинет и многу тепан. Неговиот син Благој тогаш имал 10—12 години и, како очевидец на настанот, вели: „Го тепаа со дрва и бараа да признае двка и тој бил меѓу организатарите иашите да бегаат од кај Криви Дол. Јас не знаев што бараа тие од татко ми, но подоцна, кога закрепна, тој ни објасни зошто толку го измачувале. Не беше тукутака, синко, ни велеше: „и јас и сите други им порачавме на нашите: штом ќе можете, побегнете”. Тие послушаа, кренаа бунт кај Врсаково и побешаа во Бугарија. По една година заедно со бугарските војници удрија против Србите”. с. Кнежје1. Панзо Георлиев, ополченец. По II балканска војна се повлекол во Бугарија. Во 1914 г. добил порака преку свои блиски, ако се врати во селото српските власти ќе го поставиле и за кметоки намесник. Наседнал на измамата и се вратил. Бил повикан во ошптината во с. Иванковци, каде што, од страна на четниците на Јован — Кучката (родум од с. Рудник, Велешко), тој и Игно Георгиев од с. Гуземелци биле исечени на парчиња. Траги од телата не се пронајдени бидејќи се смета дека биле изедени од кучињата. с. Трстеник1. Миле Саздов, Сите тројца биле мобилизирани во српската војска. Мирчо Арсов побегнал штом чул дека Србите размислуваат за такво нешто и се приклучил во четите на ВМРО, додека другите двајца се одзвале на поканата без да дават отпор. Во 1915 г. кога српската војска почнала да бега преку албанските планини, Миле Саздов и Панзо Ефтимов бутале топови и како „бугараши” биле јавани од страна на изнемоштени и болни српски војници. По завршувањето на војната и двајцата биле прогласени за „солунци”. Сите други воени обврзници од селото, по бунтот во Овче Поле, побегнале во Бугарија. С. Сопот1. Козија Георгиева с. ПреодПореди дезертирање на војска, бегства во Бугарија и одржување врски со комитите ,од с. Преод биле унакажани од тепање следните лица: 1. Јана Тотвва, мајка на 50годишна возраст; Петмина биле тепани со држале од лопата, добиле длабоки рани и сите умреле од добиените повреди. с. ОрелВо ова населено место во периодот меѓу 1913—1915 г. од страна ва српските жандарми и четници, од чисто расни побуди, биле тероризирани неколкумина селани. Во врска со таа, еден современик во своите спомени, меѓу другото, забележал: „Го тепаа татко ми само поради тоа што брат ми беше ополченец. Но, татко ми му рече на Јован Бабунски: „Што и да правиш наше куче си, до вчера беше на страната на син ми”. с. Станевци1. Јана Наскова Освен Јана Костова сите биле арестувани. Меѓу заттворените и тепаните бил и младинецот Герас Стаменков, кој сведочи: „Тогаш беа арестувани и тепани голем број луѓе од селото. Причини имаше две. Едната се состоеше во тоа што, во исто време, во селото дојдоа српски четници и жандарми, и наши комити. Нашите беа дошле во куќата на Зафир Ролев, а српските во куќата на Гоше Монев. Еден деловодител од с. Горобинци, придружуван од еден српски жандарм случајно наишле во куќата каде што биле вашите комити. Настана пукотница. Деловодителот беше тешко ранет и умре, додека жандармот ја зграби Тала Наскова и се бранеше од комитите со неа. Но и тој беше опколен на брзина и го ранија во крстот и во вратот. Бидејќи брат ми Саздо беше кметски наместник во с. Павлешевци, жандармот се обрати за помош кон мене. Јас отидов во Павлешенци и му раскажав на брат ми се што се случи. Тој се исплаши и ми рече: „ама каква помош бара жандармот, и нашите глави ќе летаат”. Комитите убиле двајца Турци од Горобинци, а со себе ги повлекле Наско Јанин и Зафир Ролш. Бидејќи жандармите беа раниле еден комита, и тие беа исплашени и муабетеа дека најдобро за нив ќе биде да ги преместат што подалеку од овој „змијарник”. Во селото дојде војска и почнаа да не апсат и да не тепаат. Еден Циганин од Куманово го виде Стојан 3. Ролев и им рече на Србите „оној таму е дезертер”. Уште тоа ни требаше. Всушност, дезертерството на Стојан од војоката беше втограта причина за апсењето и тепањето. Тогаш Јана и Ѕика не претепаа, мене (Марко Пиров), Трајан Тасев, Серафим Димитров, Гоне Димев, Васил Давчев, Славчо Гошев, Саве Ролев, Стојан Ролев и Паладе Крстев не изврзаа и не поведоа во правец на Павлешенци. Таму беше дошол еден српски генерал од Штип. Циганинот и тука го прашаа, кој беше војник? Тој се заврте и со прстот покажа на Марко Пиров. Ги собраа сите селани од Павлешенци и ги тепаа. Брат ми Сане Саздов го скршшја от тепање и во затворот го однесоа со магаре. И Саве Ролев го скршија од тепање и го натоварија на магаре. Додека Ване Магдин го сплескаа како жаба на земјата, и умре човекот. И другите што ги затворија, останаа без здравје”. с. Долно Ѓуѓанци1. Панзо Насев Првиот е тепан и упатен на робје во окови, додека означените под број 2, 3 и 4 биле тепани исто така од четвиците на војводата Вирјанец, а потоа биле осудени и лежеле затвор во Куманово заедно со осудените од Штип и Штипско. Само Гива Манасова не била осудева, но затоа била измачувана во просториите на Околиската управа во Свети Николе и тоа лично од околискиот началник. с. ПавлешенциОва село се смета за едно од најтероризираните и злоставуваните населени места од територијата на југоисточна Македоиија во периодот меѓу 1913—1915 година. Според белешките, на баба Лефтера Божинова, населението на Павлешанци имало крајно мизерен опстанок во првите две години по балканските војни. Во врска со тоа, баба Лефтера, позната како Итрица и крајно добронамерна и смирена старица, во спомените за тоа тешко време забележала: „Она што ќе го кажам нека се памти и да не се заборави. Во 1914—1915 г. жандардште и какви ли не други ни зедоа од селото 60мина мажи, ги одвлекоа во војска и ниту еден од нив не се врати здрав. Едни беа испотепани, друпи беа премрзнати, соблекувани голи во снегот, а трети беа разболени од лошата болест тифус, која сите ги покоси. Од таква смрт умре вашиот стар вујко Стојче Панзов. Беше здрав, убав и силен, а се врати блед со оќелавена глава и со виснати кожи на коските. Тој умре. И подобро беше што умре, одошто да се измачува. Иста смрт како брат ми ги зема и Нане Пашемалев, Томе Трипков, Темелко Банев, Русе Кралев, Гаврил Цонвв. Гаврил Мирчев, Поцко Гичев, Цане Попов и други, додека Стојче Миленков, Арсен Трајков, Стојан Кромидов, Томе Трипков, Стојче Данилов, Димитрија Манев, Коле Манев, Ване Ризов, Коне Ризов и Саве Јованчвв Баничаноки имале уште поголеми теглила. За нив ми раскажа мојот човек Арсен: „кога започна да врне снег, на сите ни беше студено. Српската војска не можвше да ги издржи ударите на АвстроУнгарците. Српската аримија западна во уште потешка состојба, кога во војната се вмеша и Бугарија, беше пригмечена од двете страни. Нашата единица во тоа време се повлекуваше преку Црна Гора во Албанија. Бидејќи бевме слабо облечени, сите се тресевме од студ. Можете ли да си замислите кога за време на виулицата, која го натрупуваше патот со снег, падна заповед: нашите од Македонија да бидат расоблечвни, а облеката да ја предадат на српски и црногорски војници. Место за било какво противење немаше. Со свои очи гледав и срцето ми пукаше од јад и болка, гледајќи тие луѓе како ги протолтуваше снегот и смртта: 1. Стојче Милвнков Од слабите тела започна да им паѓаат меса. Тоа беше ужасно да се гледа, ужасен изглед на телото, тоа беше илјадапати пострашно од смртта и од се друго што го сметаме за страшно. На Стојанче Данаишов „Димитрија Манев, Коле Манев (брат на Димитрија), Ване Ризав и на Коне Ризов им окапаа прстите на рацете и на нозете. Нивните слаби раце и нозе прво поцрнеа, а (потоа ги снема). Од ова населевно место во тој период од страна на српските жандарми и војниците бил убиен Ване Магдин, а учителот Наце Калеов бил осуден со казна затвор. И двајцата биле обвинети за одржување на врски со четите на ВМРО. Поради исто обвинување, селаните биле тепани со стапови во центарот на селото. с. Амзабегово1. Шериф Мустафов, убиен с. Коселери1. Алија Батлиманов, многу бил тепан с. Комарино (Велешко) с. Гуземелци1. Игно Георгиев, како ополченец, српските власти го подмамиле да се врати од Бугарија во родното место и му ветиле дака ќе то постават за претсадател на општината во Иванковци. Штом се вратил, бил повикан во Општината во Иванконци заедно со Панзо Четкав од с. Кнежје, па и двајцата биле искасапени од страна иа четниците на Јован Кучката од с. Рудник, Велешко. Oд двотомното издание на авторот Димитар Галев, Белиот Терор во Југоисточна Македонија 1910-1941, Друштво за наука и уметност, Штип 1991. Продолжува |