|
||||
| Кога сме обединети, никој неможе да не победи! |
|
Ние сме народ кој преживеал сè, војни, поделби, сиромаштија, лаги и неправди. Ни ја одзедоа иднината, но не и достоинството. Нè изневерија со ветувања, но не успеаја да ни ја одземат љубовта кон Македонија. Ние сме генерации кои ја наследиле светата обврска да ја чуваме татковината исправена, горда и непокорна. Нашите предци се бореле со оружје, а ние денес се бориме со пенкало – нашиот најсилен куршум во демократијата. Тоа е нашето оружје за вистината, правдата и иднината. Македонија не е ничија приватна фирма. Оваа земја му припаѓа на народот кој знае, гледа и не заборава. На 2 ноември да излеземе масовно и да покажеме дека кога сме обединети, никој не може да нè победи. Со заокружување на бројот 9, кажуваме гласно: „Да живее Македонија!“ Тој ден, да се исправиме гордо и достоинствено, со верба во себе и во силата на народот. Да покажеме дека знаеме да казниме, но и да наградиме. Да докажеме дека го почитуваме трудот, чесноста и љубовта кон оваа земја. На 2 ноември, нека се слушне повторно гласот на народот, глас кој не го скршија ниту лаги, ниту притисоци, ниту понижувања. Да покажеме дека Македонија припаѓа на оние кои ја сакаат, а не на корумпираните елити кои ја потценуваат. Секој глас за број 9 е глас за иднина, за ред, закон и правда! Да живее Македонија! |




















