Среда, 21 Октомври 2020    PDF Печати Е-пошта
ПЕЧОВСКО МААЛО

Доколку се наоѓате во село Пожаране и за миг посакате да видите безброј убавини на едно мало и исто место, тогаш воопшто не размислувајте туку веднаш тргнете по патот кој води кон срцето на селото , таму каде што се наоѓа  „Печовско Маало“

Во основа, до ова маало водат повеќе патни правци од кои еден е главен- оној од кај „Волчевци Маало“ и три други -споредни пешачки патеки од „Долно Маало“, и „Јанковции“ и оној од „Бучковци Маало“.
Последниов за мене, авторот на овој текст, е најомилениот бидејќи тоа беше патеката по која секое утро поминував за да стигнам до селското училиште кое се наоѓа токму во ова маало.Оваа патека беше наречена „Ѓуроско Патче“ која денес исцело е природно затворена и непроодна  бидејќи по неа подолго време наназад скоро никој не поминал.

ВЛЕЗ ВО „Печовско Маало“
 
И денес, после толку долго поминато време, мошне свежи ми се сечавањата на секој камен и секоја педа од овој пат.
Скоро секое утро, кога заедно со своите другарчиња од „Бучковци Маало“, ќе поминевме по оваа патека одејќи или врачајќи се од училиште, тука во „Печовско Маало“ – седнат на дрвен стол во својата овошната градина, ќе не пречекаше најстариот и своевремено најобразованиот жител на маалото- Павле Петроски, и откако ќе не отпоздравеше на нашиот поздрав, ќе ни посакаше убав школски ден. При тоа на неговото лице секогаш можеше да се забележи ведра и топла насмевка.

Во историските записи се споменува дека родот кој е основач на ова маало потекнува од Пеќ, кој се наоѓа во околината на Пешкопеја-соседна Албанија, додека нивните кумови живееле во Г.Боновци –Атанасковци. Подоцна, две семејства од овој род ќе се исселат од Печовци, едно семејство ќе замине да живее во Тетово а другото во Белград. Тука, низ овие записи во повеќе наврати се споменува името на учителот Тодор, кој бил оснивач и член на овој род.Во основа, „Печовско Маало“ брои околу пет до шест претежно стари куќи, три викендички и една новоиздрадена куќа. Семејни домаќинства на ова маало се : Ристоски и Петроски.
Порано ова маало со вода за пиење се снабдувало од чешмата „Пикеец“ од чии чебурки сеуште блика чиста изворска вода, додека денес сите овие домаќинства се поврзани во мрежата на селскиот водовод. 

ЧЕШМА „ПИКЕЕЦ“
 
И во овие домови е присутна житчаната телефонија, додека пристапниот пат до ова маало преку целата негова должина е осветлен со улични светилки.
За разлика од порано, кога во ова маало се живееше во сите домови , денес активно се живее само во четири од нив, а во останатите само повремено, претежно во летниот и есенскиот период.
И во ова маало, иако куќите се оставени на забот на времето, може да се види и осети колку биле убави и вешто изгрдени овие чардаклиски куќи своевремено.
 
 
СТАРИ КУЌИ ВО МААЛОТО
 
Тука во ова маало, прошетката низ пространите огради навистина претставува своевидно доживување, одмор за очите и рај за душата.

ПАНОРАМА ОД ПЕЧОВЦИ
 

Маалото по својот инфраструктурен изглед и распоред на куќите е од збиен тип, со пространи дворови и уште поголеми градини и ниви веднаш до самите домови. 

 
 
 
ВИКЕНД  КУЌИ
 
Само по некоја крошна од високостеблести дрвја: јаболкница, орев , багрем, црница, бор или врба ги задоволува потребите од дебела сенка за разладување и рекреација на мештаните во летниот период. Во дворот на некои од овие куќи можете да забележите и високо подигната лозница или  плантажа на јагодарник.
Порано, основна дејност на печовчани било земјоделството и сточарството а денес се позастапено е градинарството, пчеларството. Тука до неодамна постоеше и живинарска фарма за одгледување на живина-тов на бројлели.
Најпознати сточари од ова маало е семејството Ристоски со одгледувањето на ситен добиток – овци и произвоство на чисто овчо сирење како нивен семеен бизнис, како и живинарството на семејството Петроски.

По кажување на постарите жители, во дамнешно време тука постоело старо училиште кое подоцна се преместило во пожаранскиот задружен дом, а во седумдесетите години од минатиот век на темелите на старото ќе биде изградено ново училиште.
Сместено во срцето на ова маало, новоизграденото од темел селско училиште бликаше со целиот свој сјај. Нова училишна зграда, со неколку пространи училници, нови дрвени клупи поставени во четири реда , со  две  огромни табли. По зидовите од училниците, поставени во низи нагледни стрества за природата, човекот, околината што не опкружува, за бројките и буквите.
Во тесниот и долг ходник, веднаш до  наставничката канцеларија дрвена маса на која оддалеку можеше лесно да се забележат училишниот: глобус, лејнир, агломер и шестар, како и тешкото метално звоно со кое се означуваше почетокот и крајот на секој училишен час и ден.
Влезот во училиштето го красеа две огромни дрвени врати, пред кои се издигаа пространи бетонски степеници , над нив огромна табла со натпис „Основно училиште „ЧЕДЕ ФИЛИПОСКИ“ с.Врапчиште – Подрачно училиште с.Пожаране“,  а веднаш до степеништето простран училишен двор. На самиот влез во дворот дрвена капија, над која од двете страни се  издигнуваа високи борови, а од источната страна на училиштето овошна градина со повеќе стебла од јаболкници, круши, сливи, ореви-дело на самите ученици. Авторот на овој текст беше еден од многуте пожарански ученици кои се школуваа во ова училиште.
Денес за жал, ова училиште поради човечка негрижа, целосно е во рушевини, иако даваше реална основа и можност своевремено да се пренамени за друга, за селото мошне корисна употреба.

СЕЛСКОТО УЧИЛИШТЕ ВО РАСПАЃАЊЕ
 

Во таа смисла, првите зачетоци на просветителската дејност во ова маало тесно се поврзува со работата и името на тогашниот свештеник Петровиќ Захарије, а подцна со текот на времето ќе се појават и други имиња на просветители како што се :
-универзитетските професори: Петроски Бранко, Тодор, Радe, Благуња, Виолета и Елена
-Петроски Милисав, Софија, Предраг, Анѓа;
Во оваа пригода би сакал да ги споменам имињата на Петроски Виде и Лазе, а од помладата генерација: Слободан-Боде, Боге, Јане, Славе кои како фудбалери на ФК „Шар“ од село Пожаране ќе дадат своевиден допринос во развојот на фудбалскиот спор во ова село. Секако тука нема да го испуштам и името на Ристоски Љубе, кој исто така ги бранеше боите на фудбалскиот клуб од ова село и беше долгогодишен претседател на Месната заедница на село Пожаране.

 
ДОМОТ И ГРАДИНАТА НА СЕМЕЈСТВОТО РИСТОСКИ

Во моментов, најстар жител на ова маало е Петроска Антина.
ПЕТРОСКА АНТИНА - НАЈСТАР  ЖИТЕЛ НА  МААЛОТО

Сето погре наведено е само еден мал и скромен дел од богатата историја на ова маало, за која верувам дека во некое идно време, тука на интернет страниците оваа историја ќе биде нашироко елаборирана и достапна за читање на секој оној кој го сака и респектира ова маало и селото Пожаране - воопшто.....

______________________________________
Авори: Боге В и Слободан Т

 

На прво место

News image

Митева: Силјановска Давкова ќе биде идниот претседател на државата

Митева: Јасно е дека работите се тргнати во насока дека на Македонија ќе и се случат промени, Силј...

Историја

News image

Научно патување на етнографот А. Стоилов во Драмско, Кавалско и Правишко

По влегувањето на Бугарија во Првата светска војна, етнографот на Втората бугарска армија Антон Поп ...

Иселеници

News image

ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ априлскиот БР. 66 НА СПИСАНИЕТО „ПОВОД“ ОД СИДНЕЈ

Сисанието „Повод“ е едно од најзначајните иселенички инф...

Култура и туризам

News image

Велики петок, освен Велипеток уште се вика и Распет петок

Велики петок, освен Велипеток уште се вика и Распет петок, зашто на тој ден е распнат Исус Христос. ...

Фељтон

News image

НАГРАДИ И ПРИЗНАНИЈА ЗА АТАНАС БЛИЗНАКОВ (30)

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ НА АТАНАС БЛИЗНАКОВ ВО МОНОГРАФИИТЕ НА СЛАВЕ КАТИН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.