|  Бранко Сотировски
Македонската ѕвезда на пролетта заедно со седмокракиот свеќник претставуваат симболи на македонската вера уште од почетокот на создавањето на науката и уметноста, јазикот и писмото. Македонскиот свеќник, до ден денес е во употреба во македонските храмови. Води потекло од камениот период и претставува симбол на светлината ИЛ и симбол на седумте планети Сонцето, Венера, Меркур, Месечина, Сатурн, Јупитер, Марс. Македонскиот свеќник е во форма на триаголник кој го симболизира светлото тројство.
|
|
|  Костадин Керпичоски
Затоа што сте патриот, војвода, Македончиште!
Затоа што заедно со фамилијата Мијалкови секогаш сте први на браникот на татковината!
Затоа што членството го почитува претседателот на партијата!
Затоа што народот Македонски стои позади вас, пред вас, ве чува и ве брани !
Затоа што жив штит ве чува вас претседателе!
Никој, ниту внатрешни предавници ниту пак надворешни сили, НИКОЈ и НИШТО не ви може!
|
|
|  Свекрва
Македонија одамна е подготвена за интеграција во ЕУ и НАТО, а и народот го посакуваше тоа. Земјата повеќе пати покажа и докажа дека има капацитет да ги превземе обврските и одговорностите за да придонесе кон стабилноста на Балканот и сигурноста во Евроатланската зона. Македонските војници долги години учествуваат во мировните мисии, а покажаа умешност и во справувањето со бегалската криза. Но, македонскиот народ уште еднаш беше разочаран. На Самитот на НАТО во Полска беше повторена одлуката од Букурешт 2008, за покана на Македонија за членство во НАТО, штом ќе се изнајде решение на спорот за името.
|
|
|  Александар Џеповски
Уште колку будали има што веруваат дека ЕУ и НАТО ќе постојат долго? Подобро прашање е кои будали сакаат да влеземе во ЕУ и НАТО?
|
|
| 
Подготвил: Тихомир Каранфилов
Охрид е свет град за Македонците. Во него треба да се оди на поклонение како што се оди во Света Гора и Ерусалим. И има на што Македонците да се поклонат во Охрид. Тука се поклонува на една славна епоха, на епохата на Св. Климент, кој многу значи во историјата. Тука се поклонува на правот на Св. Климент, на Св. Наум, на гробниците кои се зачувани и после толку години. Се поклонува на толку скапи историски споменици, останати од славната епоха на светите следбеници, се поклонува на седиштето на Охридските патриарси, кои ако не друго, тогаш барем ја пренесуваа од век на век една света за македонскиот народ традиција, која во новото време беше храна и го покажа своето огромно значење. Праведно е кажано дека во Охрид секој камен е свет и дека тој ни раскажува историски и непроценливи нешта. Некои стари цркви во Охрид и многуте манастири и цркви на македонскиот народ во Охридско, со своите историски древности, му даваат за право тој да го држи приматот меѓу сите градови на Балканскиот Полуостров. А. Шопов, кој го посетил тој крај во 1891 г., вели дека правдата бара да се каже дека во тој однос Трново треба да отстапи и да се поклони пред Охрид.
|
|
|  Александар ДОНСКИ
(Повод: неодамнешната изјава на Претседателот на Р. Грција според која Писмата на светиот апостол Павле биле доказ за „грчкиот карактер“ на Македонија)
 Македонецот му се појавува на Св. Павле
Неодамнешната изјава на Претседателот на Р. Грција Прокопис Павлопулос според која Македонија во антиката била грчка и дека еден од доказите за тоа биле и Писмата на светиот апостол Павле спомнати во Библијата, е само уште еден доказ дека основа на спорот за името Македонија што Грција ни го наметна и ни прави проблеми пред светот е историјата! Грчката страна постојано повторува дека во антиката Македонија отсекогаш била „грчка“, па поради тоа никој, освен денешните Грци, нема право да го користи ова „грчко“ име. Македонската страна воглавно молчи, препуштајќи им го полето на историјата на Грците, кои и тоа како умешно го користат тоа пред меѓународната заедница.
|
|
|  Александар Трајковски
ВМРО-ДПМНЕ е партија која ја живее 26-тата година од своето постоење. Никола Груевски е на чело на партијата од 2003 година, веднаш по катастрофалниот изборен резултат на партијата на парламентраните избори на 15-ти Септември 2002 година.
|
|
| Среда, 13 Јули 2016 02:01 |
|
| „Порше револуција“
|
|  Костадин Керпичоски
Сведоци сме ние на мирни но и на насилни протести во и надвор од Македонија.
|
|
|  Свекрва
Меѓународната заедница поради своите геопилитички интереси на Балканот долго време го игнорира меѓународното право и пресудата на Меѓународниот суд на правдата во Хаг кога е во прашање Македонија. И покрај сите исполнети услови, таа неоправдано ја држи Македонија надвор од ЕУ и НАТО, а со тоа ги зголемува безбедносните ризици во регионот. Освен шарената револуција и мигрантската криза, одредени настани укажуваат дека Балканот се наоѓа пред нови турбуленции во кои земјата може повторно да биде монета за поткусурување.
|
|
|  Александар Џеповски
Мора да ги прашам шарените вака интимно, дали се нормални и дали знаат што зборат и како е во другите земји ?
|
|
|
|