| Среда, 14 Септември 2016 02:05 |
|
| Нема потреба од паника
|
|  Свекрва
Веќе два дена, по неделниот земјотрес со јачина од 5,3 степени по Рихтер, последователни замјотреси го тресат Скопје. По серијата од десетина помали земјотреси во понеделникот вечерта уште еден силен земјотрес со магнитуда од 4 стапени по Рихтер го потресе Скопје. Сепак, тоа не се силни земјотреси и се работи за т.н. афтершокови. Искуството, според експертите покажува, дека во скопскиот регион земјотреси со магнитуда од 4 степени се случуваат на десетина години, оние со магнитуда од 5 степени на сто години, додека оние со магнитуда од 6 степени по Рихтер на 500 години.
|
|
|  Македонска нација
Светилникот во Александрија, едно од седумте светски чуда, беше изграден меѓу 280 и 247 година пред нашата ера на островот Фар(ос), во близина на Александрија, Египет, од страна на македонската династија на Птоломеидите. Овој светилник беше една од највисоките градби на античкиот свет висок меѓу 393 и 450 стапки (120 и 137 метри), како доказ на македонската величина, чија светлост можеше да се забележи на 60 км од брегот на Александрија. Неколку земјотреси меѓу 956 и 1323 година, сериозно ќе го оштетат за да при последниот биде срушен.
|
|
|  Александар Џеповски
Што да помисли човек, ќе згреши. Дали ова земјотресите и поплавите и секоја непогода или несреќа ќе ја препишуваме на Горниот, нашата инертност или некаков адекватен научен доказ за теорија на релевантноста ? Ајде биди после паметен и речи што ви реков порано, се сеќавате ?
|
|
| 
Тихомир Каранфилов
По обилните дождови кои паднаа во летото 1929 година во цела Македонија и во добар дел на северна Србија, од надојдените води најмногу настрада Скопје. Налетот на водата вечерта на 23 август 1929 година бил катастрофален за Скопје, при што биле уништени или оштетени од 800 до 1000 куќи, а штетата во Скопје првично се проценила на 50 милиони динари. Меѓутоа, од надојдените води дошло до излевање на реките повеќе места, при што делумно бил поплавен и пазарот во Велес.
|
|
|  Костадин Керпичоски
Да, актуелна е оваа тема, главен муабет е низ град, непогоди го зафатија главниот град на Македонија Скопје и околината.
|
|
|  Свекрва
На 8 септември 2016 година одбележуваме 25 години од независна Македонија. Тоа е ден кога Македонскиот народ и граѓаните на Македонија со апсолутно мнозинство на референдум гласаа за суверена и самостојна држава Македонија. Денот на независноста на Македонија е празник кој означува сувереност, независност и самостојност на Македонија и македонскиот народ. Тоа е денот кога е исполент вековниот сон за слободна и независна македонска држава, ден кој го праславува достојно секој Македонец каде и да е, во земјата или во странство.
|
|
|  Александар Џеповски
Дали Македонија и Македонците воопшто заслужуваат ваква брука и мизерија, да дојдат на ова дереџе, каде оние што се поим за изрод и дегенерација, да ти бидат во Влада, па одозгора и да те управува. малтретира и намерно упропастува ? Што е многу, многу е па дури и една минута. Беа тие 3 месеци, направија каша попара и еве ти ги пак сега. Замислете си дури сакаат, се надеваат и со помош на Америка дури и да владеат ???!!!???
|
|
| 
Тихомир Каранфилов
Поглаварот на Римокатоличката црква, Папата Франциск на церемонија која се одржа на 4 септември 2016 година на плоштадот „Св. Петар“ ја прогласи скопјанката Мајка Тереза за Светица. По тој повод посебно место на свеченоста имаа Република Македонија, заедно со Република Албанија и Република Индија, како земји на нејзиното раѓање, потекло и мисија.
|
|
| 
Македонското патриотското здружение -Тодор Александров
МПЗ ТОДР АЛЕКСАНДРОВ,ОДГОВОРПО ПОВОД НАПАДИТЕОДВЛАДИМИР МИЛЧИН И НЕГОВОТО ОБЕЗЛИЧУВАЊЕ НА ЛИКОТ НА ТОДОР АЛЕКСАНДРОВ ОБЈАВЕН НА ПОРТАЛОТ - „Плус инфо“
Македонското патриотското здружение Тодор Александров и неговите членови реагираат во врска со текстот објавен во порталот „Плус инфо“ од господинот Владимир Милчин насловен како “Против заборвот-Тестамен на Алексндров”.
|
|
| Среда, 07 Септември 2016 02:02 |
|
| СЛЕПЦИТЕ НА БРОЈГЕЛ
|
|  Д-р Мери Георгиевска
Седев на трева. Дента имаше помрачување на сонцето. За да не гледам во помрачувањето, си кинев тревки од тревата и наместо да си фантазирам како кога бев мала- ме сака, не ме сака, ме сака, не ме сака, кинејќи ливче по ливче, јас си велев – ќе има избори, нема да има избори, ќе има избори, нема да има избори...и така пред мене одеднаш застана една голема, темна сенка од човек. Сенката ме заштити од силните зраци на сонцето. Го прашав со страв: Да не знаете случајно дали ќе има избори? А сенката од човек ми одговори сосем ладнокрвно: „Еднаш измамен Вмровец, не сакаш да знаеш што му се врти во глава. Два пати измамен Вмровец, два пати не сакаш да знаеш што му минува низ глава. Три пати измамен Вмровец, три пати не сакаш да знаеш што може да му се шета низ глава“. Јас се потресов и го замолив љубезно да поседи до мене, но тој си замина. Од силниот фокус на сончева енергија која директно ми влезе во окото, се разбудив.
|
|
|
|