Михајло Маневски
Простаци и арамии, Бесрамно се китите со туѓи реализирани проекти
Бидејќи СДСМ и Зоран Заев не ги бива за ништо и ништо не можат да направат, затоа што се безидејни, прости и неспособни, ги бива да крадат туѓ труд и да се китат со туѓи перја. Тоа досега им е единствено што направиле.
Освен фалбите и празните ветувања на Зоран Заев, досега за десет месеци не ставиле ниту едно камче и не почнале ништо да градат. Само рушат, самоволно го рушат и еднострано го запираат тоа што веќе е во изградба или почнало да се реализира.
Со едностраното раскинување на склучени договори нанесуваат непроценливи штети. Уште одсега сами си ги пишуваат кривичните пријави за злоупотреба на положбата и нанесувањето на огромни штети на државата за кои ќе одговараат.
Како што тргнале, ниту еден цел државен буџет нема да стигне да ги надоместат штетите што и ги причинуваат на државата која ја водат во колапс.
Знае ли Зоран Заев каква е постапката пред меѓународните судови и арбитражи, знае ли колкави се трошоците, знае ли колкави се каматите, а знае ли дека едностраното раскинување на договор однапред значи изгубен процес?. Има ли барем некој “експерт” од плејадата правници да го советува дека ова што го прави е погубно за државата и дека со тие постапки до гуша се влезени во криминал.
Бидејки ништо не направиле, лажно се китат со реализирани проекти од предходната Влада. Бесрамно на веќе изградени објекти сечат црвени ленти!!. Тоа се случува со патишта и автопатишта и многу други овјекти. Се китат со туѓ труд и макотрпна работа што вложиле многу предходни министри и раководни лица и државни органи од предходната Влада на ВМРО-ДПМНЕ. Ама на лагите им се куси нозете и ќе им дојде крајот кога за тие лаги и штети ќе платат висока цена.
Изградба на новата зграда на Кривичниот суд И денес кога се отвора новата зграда на Кривичниот суд, лажат и се фалат што тие направиле. А што направиле? Ништо. Сакаат да ја скријат вистината дека Кривичниот суд го изгради Министерството за правда и предходната Влада. Тоа го премолчи претеседателот на Кривичниот суд Иван Џолев и оној така наречен заменик министер за правда Оливер Ристовски, безгранично прост и изгубен, не го ни спомна периодот на почетокот и изградбата на зградата. Се заблагодари само на Светската банка и Амбасадата на САД, и толку!. Да не беше толку завеан од простотилак и безобразлук, ај што не беше поканет никој при пуштањето на зградата во употреба, барем со половина уста да изразеше благодарност и на тие што ја почнаа и изградија ова зграда, што вложија многу труд да се изгради тој многу значаен објект.
Сите подготовки за изградба на зградата, прибавување на техничка документација, дозвола за градба и други потребни документи и обезбедување на потребни материјални средства за тоа, ги изврши Министерството за правда и подписникот на овие редови како тогашен министер за правда и Владата на Република Македонија. Од кредитот од Светската банка во Програмата за реализација на кредитот донесена од предходната Влада, за изградба на судска зграда беа прдвидени само 1,8 милиони евра и со тие пари неможе да се изгради судска зграда.
Како министер за правда, ги реализирав сите проекти предвидени во Програмата и заштедените средства од нереално предвидените во договор со преставниците од Светската банка ги усмерував за иаградба на судската зграда и така за изградбата на судската зграда се обезбедија 5 милиони евра. Од буџетот на РМ за изградба на зградата се обезбедија 3,5 милиони евра. На тој начин се обезбедија средства за изграднба на зградата во износ од 8,5 милиони евра.
Камен темелник е поставен на 25.05.2010 година од претседателот на Владата Никола Груевски и јас како министер за правда. Редовно ја следев изградбата на зградата и го посетував градилиштето.
При крајот на мојот мандат, кога привршуваа градежите работи на карабината на зградата и одпочнуваа занатските работи, на 25.07.2011 година во Министерството за правда заедно со стручни лица извршивме избор на материјали, на мермери за фасада, подови, врати, санитарии и многу други работи, што јасно може да се види од фотографијата. Мојот мандат заврши во август 2011 година.
Колку и да лажете, колку и да сте безобразни и без елементарна култура на однесување, вистината неможете да ја скриете. Тоа што немате доблест да се соочите со вистината и немате еленментарна култура во однесувањето дури и да изразите благодарност, ги покажува арамиските цели и да се китите со туѓи перја. Власт која руши, а не гради, неспособноста да ја маскира со арамилак.
И на крајот, колку да знаете, зградата на Кривичниот суд не ми е прва судска зграда изградена во мојот мандатен период како министер за правда. Функцијата министер за правда ја вршев 10 години. Во мојот прв мандатен периот на Министер за правда од 1986 до 1991 година, во ноември 1989 година го поставив камен темелникот за изградба на заградата на Врховниот суд на Македонија и на зградата на Основниот суд Скопје 2. Од 5 судски згради во Скопје во кој се сместени судовите, на 3 судски згради и тоа на Врховниот суд на Македонија, на Основниот суд Скопје 2 и на Кривичниот суд сум ставил камен темелник и тие згради се започнати со изградба во мојот мандатен период.
Сета неспособност и сиот простотилак го покажавте. Ништо веќе не можете да скриете од народот. Народот го излагавте и за тоа ќе платите. Народотт нема никогаш да го заборави овој простотилак и арамилак на ова ненародна Влада.
Превземено од Република |
|
Пишува за свест.мк: Слободан Томиќ
|
|
| Среда, 28 Март 2018 02:05 |
|
| Доста со лигавење
|
|  Свекрва
При неодамнешната посета на Република Македонија, шефот на грчката дипломатија Никос Коѕиас донесе непристојни предлози за нашето име, како на пример слеано име на македонски јазик и без превод и барање да се промени македонскиот Устав бидејќи според праксата на европските уставни судови националните устави се над европското и меѓународното право. Речиси истовремено грчкиот премиер Алексис Ципрас на прашањето на дописникот на МИА од Брисел, рекол дека посакува следниот пат таа да се претстави како новинарка од Горна Македонија. Неразумни притисоци и уцени од страна на Грција!
|
|
|  Македонска нација
„ ... Ние не бараме ни кралство, ни кнежевство, ние не сакаме Албанија и Македонија да паднат под власта на Бугарија или Србија или Грција. Но ние сакаме на Македонија и на Албанија да им се даде автономија, дури и во тој случај ако останат тие под власта на Султанот. Со еден збор, ние сакаме да имаме сопствен суд и сопствена управа. Во Албанија нека наредуваат Албанците, во Македонија Македонците, макар што при тоа ќе се зачува врховната власт на Султанот. Од името на „Клетвата за верност на Албанија" ви се колнеме во точноста на се што е изложено во овој документ.“ – се вели во дел од Апелот на „Албанско-македонската револуционерна лига“ од 1887 година.
|
|
|  Александар Џеповски
До 1990 зборот Македонија тие не го ни изговараа.
Кога не прашуваа од каде сте и што сте, па кога така ќефлиски ќе ги распукавме со Македонец од Македонија, тие упорно велеа - Ааааа, Југославос. Сите Грци низ цел свет не го изговараа името и се колнеа дека таква земја со такво име и таков народ никогаш не постоеле.
|
|
|  Проф. Др.Игор Јанев
Рез. 817. препорака на Советот за Безбедност НЕ е предмет на поништување или дерогирање! За ова види во AJIL. Повеке види во МСП Советодавната јурисдикција.
СБ нема примарно место во одлуките за членство и статусот во ОН, туку Генералното собрание, така да ние не ја менуваме препорака на СБ 817, туку продолжуваме членството.
|
|
| 
Александар Македонски
Грците на македонскиот народ му го оспоруваат македонското име, идентитетот и историјата. Сметаат дека македонскиот народ нема право да се повикува и да се идентификува со античките Македонци. Бараат од македонскиот народ да се откажеме од Филип и Александар Македонски бидејќи наводно античките Македонци биле Грци, иако Демостен во своите „Филипики" јасно и недвоспимслено ја изразува разликата со зборовите: „Филип", тој.човек не само што не е Грк, туку по ништо ие им е сличен на Ѓрците. Факт е дека ни Филип, ни неговиот син Александар ни античките Македонци не биле Грци. Тоа може да се види од јазичните разлики бидејќи античките Грци не го разбирале јазикот иа старите Македонци.
|
|
Тони Јаревски
|
|
|  Свекрва
Заев ја погази гаранцијата која му ја даде на претседателот!?
Претседателот Ѓорге Иванов во мај минатата година му го врачи мандатот за состав на Влада на лидерот на СДС Зоран Заев, откато тој ја прочита изјавата во форма на гаранција во која меѓу другото се вели дека „ќе ја гарантира „заштита на унитарноста, независноста, заштита на уставниот поредок и територијалната целина и заштита на државните интереси“. Исто така во изјавата Заев тврдише дека „процесот на носење на одлуките ќе биде во согласност со основните демократски принципи и владеење на правото“.
Од тогаш до денес Владата предводена Зоран Заев, заедно со коалициониот партнер во неколку наврати ја погази изјавата дадена пред претседателот на државата. Во Собранието беше донесен Законот за употребата на јазиците, со кој албанскиот јазик е изедначен со македонскиот, со што е загрозена унитарноста на земјата. И покрај тоа што овој Закон не беше во првиот обид потпишан од претседателот, кој укажа на неговите недостатоци, тој надвор од сите процедури, без да се разгледаат амандманите предложени од опозицијата, без Бадинтер и насила по вторпат беше изгласан со учество на пратениците од СДС и нивните коалициони партнери.
Начинот на кој по втор пат беше изгласан овој закон претставува институционално насилие и удар врз демократијата. Последиците и штетите од овој преседан по правото и правната држава можат да бидат огромни. При донесувањето на Законот меѓудругото беше извршена злоупотреба со европското знаме на овој закон, потоа сите правни процедури, постапки и рокови во начинот на неговото носење.
За време на собраниската седница, единствено кој се спротивстави беше поранешниот премиер и лидер на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски, при што беше избегнат и поголем инцидент. Никола Груевски во минатото ги бранеше и продолжува да ги брани интересите на државата и не ја витка кичмата како Заев кој ја продава држава заради лични интереси.
Денес револтот на народот е оправдан. Сега тие протестираат пред домовите на пратениците на СДС кои не го испочитуваа правото и гласаа за Законот, а нив ги чува полиција и војска која исто така е платена од народот и која се има заколнато да го чува Уставот и законите во земјата!? Чудни работи се случуваат во земјата, а недумицата е голема кај безбедносните сили!
Во овој момент единствен кој има обврска и го штити Уставот е претседателот Ѓорѓе Иванов.
Претседателот на државата нема правна основа да му го одземе мандатот на Зоран Заев кој ја погази изјавата или да го распушти Собранието чиј исто така со сила избран претседател Талат Џафери на мускули го донесе Законот за јазиците и ја загрози унитарноста на државата. Но никој не му го ускратува правото на претседателот овој Закон да го стави во фиока и да заборави на него. Големи се шансите законот за јазиците да остане во кабинетот на Претседателот Иванов и никогаш да не се појави во Службен весник. Впрочем, тој најави дека и покрај обврската нема да го потпише указот за прогласување на законот бидејќи бил донесен во постапка спротивно на Уставот.
Меѓутоа, иако овој Закон, според изјавата на претседателот Иванов, нема да биде потпишан, преставниците на албанските партии најавуваат дека тој ќе се применува, што уште повеќе ги затегнува меѓуетнучките односи. Сето ова се случува во пресрет кога се водат разговори со Грците околу името. Тие веќе подготвија понижувачки предлог за името, што тешко кој нормален македонски политичар би можел да го прифати.
Но тоа не значи и за Владата на Зоран Заев, која по со сила донесениот неуставен закон за јазиците изгледа е спремен за секаков дил како што ќе му наредат неговите спонзори, само за да остане на власт и наводно за да земјата стане членка на НАТО.
Меѓутоа, познавјќи колку вреди неговиот збор, политиката која ја води Грција, како и судирот на големите сили кои се одигрува на Балканот, Македонија дури и да го смени името, може да помине како и во Букурешт 2008 година!
Имено, Русија е се поприсутна на Балканот и јасно му стави на знаење на Западот дека според џентламенскиот договор со САД од деведесетите години овој дел му припаѓа на руската интересна сфера. Турција и Грција се повеќе се свртуваат кон Москва, а согласно оваа политика, Грција и покрај сите притисоци од Брисел ќе направи се за да се спречи било каков договор со Македонија, за да таа стане членка на НАТО.
Во едни вакви услови, кога во светот се повеќе земји го повлекуваат своето злато и кога се повеќе се зборува за можен нов светски воен конфликт, Македонија која е на „линија на огнот“ не смее да дозволи таа да биде земјата која ќе ја запали искрата.
Затоа ние Македонците мора да кренеме глава гордо високо, да бидеме храбри, паметни и разумни, но во исто време патриотски расположени и да ги дочекаме спремни нашите пет миниту, да си ја сакаме Македонија, бидејќи друга татковина немаме!
Наместо владата на Зоран Заев да ги затегнува односите на политичката сцена дома, сега треба да води мудра политика, а таква политика секако нема да придонесе со Законот за јазиците и промена на името. |
|
|  Македонска нација
|
|
|
|