Коментари
Понеделник, 02 Јули 2018 20:51   
Опстанокот на Македонија е доведен во прашање

sotir kostovСОТИР КОСТОВ

Повеќе...
 
Среда, 27 Јуни 2018 02:05   
Ќе се роди еден нов Драган Богдановски и ќе ја продолжи борбата за Македонија

mane 5
Манојил (Мане) Јаковлески

Со прифаќањето на Тиранската платформа и Законот за употреба на јазиците, потоа со Договорот за добрососедство и ставањето потпис на договорот со Грција, со кој Македонија се преименува во Република „С“ Македонија за севкупна употреба, Зоран Заев како да му даде легитимитет на Букурешкиот договор од 1913 година, со кој Македонија беше поделена.

Повеќе...
 
Среда, 27 Јуни 2018 02:04   
Македонија го губи и името и Европската иднина

svekrva1Свекрва

Одложен е датумот за преговори со ЕУ, а Заев ќе продолжи да ги распродава државните интереси.

Македонија не добива датум за отпочнување на преговори со Европската Унија оваа година, иако тоа беше најавувано од страна на премиерот Зоран Заев.

Евроатланските интеграции на Македонија не треба и не смее да бидат поврзувани со договор кој предвидува бришење на македонската држава и народ. Уште помалку промената на уставното име треба да биде предмет на изјаснување на референдум.

Откако Македонија ја изгуби европската иднина Македонскиот народ се соочува со нови уцени.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенеберг изјави дека очекува лидерите на земјите членки на Алијансата на Самитот во јули да донесат одлука за официјално започнување на преговорите за полноправо членство на Македонија во НАТО, но приемот на земјата ќе зависи од епилогот на Договорот со Грција односно неговото прифаќање на референдум. Тој предупреди дека доколку Договорот за името не помине на референдум, тешко дека Македонија ќе добие покана за НАТО.

По потпишувањето на договорот со Грција, граѓаните на Македонија ќе треба на референдум кој ќе се одржи во септември или октомври да го прифатат или отфрлат новото договорено име Република Северна Македонија за севкупна употреба.

Тоа значи промена на Уставот и обезличување на Македонците, нешто што македонскиот народ тешко ќе го проголта.

Актуелната власт предводена од лидерот на СДСМ Зоран Заев и нивните поддржувачи ќе прават се, од уцени, заплашувања, па до разни ветувања, само за да можат да спроведат успешен референдум.

Во тој контекст е и уцената на Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенеберг дека Македонија нема да биде примена во Алијансата доколку македонскиот народ на референдум не го прифати новото име, спротивно на сите меѓународни норми и препораките на Маѓународниот суд на правдата.

Ако на Брисел му беше толку многу да го заокружи јужното крило на НАТО со Македонија, тогаш тој ќе не примеше под уставно име, многу одамна без Грција да може да се спротивстави, особено поради нејзиниот банкрот и неможноста да го отплаќа својот долг кон кредиторите.

Очигледно е дека, овде се работи за нешто друго, планови кои подразбираат со преименување на македонскиот народ да му се одземе неговото суверено право на територијата и тука да се населат бегалците и мигрантите кои европските земји не ги сакаат.

Меѓутоа, на ова им се спротивставува мнозинството од македонскиот народ и неговиот Претседател Ѓорги Иванов, зошто никој нема право на референдум да го менува уставното име.

Нашето име ниту сме го добиле на референдум, ниту смееме да го смениме на референдум. Тоа име припаѓа на генерации пред нас и на генерации после нас.

Од друга страна македонскиот народ има негативно искуство со референдумот од 2004 година кога граѓаните требаа да се изјаснат за Законот за територијална поделба на Република Македонија, со кој се направи етничка поделба на албански и македонски „територии“.

Тогаш македонски граѓани предводени од опозицијата беа против новата територијална поделба, но тој не беше успешен бидејќи владеачката коалиција на чело со СДСМ го опструира со закани и уцени, барајќи од граѓаните да не гласаат на референдумот, со паролата „Некои прашања не заслужуваат одговор“.

Исто така, тогаш и меѓународната заедница негативно се произнесе по референдумската иницијатива.

Најгласни во тоа барањето беа САД кои два дена пред референдумот ја признаа Република Македонија под уставното име.

Сето тоа резултираше, со неуспешен референдум, иако мнозинството се искажало против новата територијална поделба. Едноставно, спречени од СДСМ и залажани со ветувањата на САД, референдумот не бил успешен поради тоа што излезноста била 26,58%, односно не бил постигнат законски потребниот процент од 51% излезеност на вкупниот број избирачи.

Денес, четиринаесет години потоа, самото поставување на референдумско прашање кое би гласело на пример „Дали го прифаќате новото име Република Северна Македонија, само земјата да влезете во НАТО и ЕУ“?

Навистина како прашање не заслужува одговор.

Очигледно е дека на актуелната марионетска влада македонскиоте национални и државни интереси ништо не им значат. Таа е решена по секоја цена да спроведе успешен референдум за да го смени името. За да не им се случи истото поради кој пропадна референдумот во 2004 година и за да се изигра вољата на народот, актуелната власт размислува за намалување на цензусот за излезност од 50 отсто и измена на Законот за референдум.

Ако се има во предвид дека власта досега го прекрши Уставот и законите на земјата со склучување на меѓународниот договор од страна на Владата, сосема е веројатно и овојпат таа да го изигра и уставниот цензус.

Инаку,, ако нема промени во Законот за најавениот референдум, на него ќе треба да излезат повеќе од 900,000 граѓани, што е половина од околу 1,800,000 гласачи, колку што беа регистрирани на последните избори. А за договорот да добие поддршка, ќе треба да има повеќе од 450,000 гласа „За“.

Затоа, доколку дојде до референдум, Јас ќе ги повикам сите мои роднини, пријатели и сите кои ме почитуваат, да го бојкотираме референдумот.

Исто така, ќе ја повикам дијаспората која има историската должност исто како 1990-та година, да апелираат кај своите роднини и пријатели во Македонија да го бојкотираат референдумот.

За Македонија се работи!

 
Среда, 27 Јуни 2018 02:02   
Ципрас, детево наденето на бајонет од грчки андарт е ваша гордост, наша тага

aleksandar-dzepovski
Александар Џеповски

Повеќе...
 
Среда, 27 Јуни 2018 02:01   
Грчко-романскиот конфликт ја дескридитира Грција пред светот!

Tihomir Karanfilov-001

Подготвил: Т.Каранфилов

На почетокот на XX век, Романија влегува во конфликт со Грцаија, поради нападите на грчката вооружена пропаганда врз македонските Власи. Сепак Романија е против автономијата на Македонија, бидејќи таа би ја спречила веројатноста за поделбата на земјата, а со тоа и возможноста за територијални остапки во Добруџа кои Букурешт ги бара од Бугарија. Имајќи ги во предвид само сопствените интереси, а не и на македонските Власи, Македонија за Романците била само монета за поткусурување. По освојувањето на бугарска Добруџа, интересот на Романија за своите Влашки браќа во Македонија, кои беше поделена меѓу Грција, Бугарија и Србија се намали, речиси исчезна.

Повеќе...
 
Среда, 20 Јуни 2018 05:41   
За помали нешта избувнуваат сенародни протести, сеопшта граѓанска непослушност и тотално блокирање
КОЛУМНА НА ОТЕЦ ИВИЦА ТОДОРОВ: Казнениот експериментален протекторат со работно име „Република Северна Македонија“ во акција

КОЛУМНА НА ОТЕЦ ИВИЦА ТОДОРОВ

Казнениот експериментален протекторат со работно име „Република Северна Македонија“ во акција

Повеќе...
 
Среда, 20 Јуни 2018 02:05   
Без праведно решение за македонското прашање нема да има мир ни во Македонија, ни на Балканот!

svekrva-nova
Свекрва

Вечерта, по потпишувањето на договорот меѓу Зоран Заев и Алексис Ципрас на пристаништето на Нивици - Псарадес, од грчката страна на Преспа, со кој Македонија капитулира во спорот околу името со Грција и се согласи да се преименува во Република Северна Македонија за севкупна употреба, македонскиот народ масовно протестираше, при што дојде до судир со полицијата.

Повеќе...
 
Среда, 20 Јуни 2018 02:03   
Заев го уништи сонот на генерации Македонци

makedonska-nacija-logo
Македонска нација

Со еден потпис Заев го уништи сонот на генерации Македонци, кои под знамето на МРО гинеа за создавање на независна и слободна држава на македонскиот народ. Тој со еден потпис ги сосече корените на Македонецот, кои потекнуваат од древнина.

Повеќе...
 
Среда, 20 Јуни 2018 02:02   
Договорот Заев Ципрас не вреди ни за тоалетна хартија

aleksandar-dzepovski
Александар Џеповски

Асимилација осудена на неуспех последниве 2000 години е за гинисова книга на рекорди. Покрај сите маки и страдања сепак опстојуваме и не се даваме, а сето тоа како да не го гледаат нашите гробари жедни за крв. 

Но да не се лажеме, најголем проблем сите овие векови се златниците и алчоста по нив и желба за власт на Македонците.

Повеќе...
 
Среда, 20 Јуни 2018 02:01   
Грчко-романскиот конфликт во Македонија на почетокот на XX век!?

Tihomir Karanfilov-001

Подготвил: Т.Каранфилов

На почетокот на XX век Романија застана во редот на државите, како Србија, Бугарија, Грција и други кои се противеа на воведувањето на автономно управување во Македонија. Според изјавите на романскиот крал Карол во 1904 година, автономијата на Македонија била спротивно на романските интереси. Автономијата би ја спречила веројатноста за поделбата на Македонија, а заедно со тоа и возможноста за територијални компензации на романското Кралство која вршела притисок врз Бугарија за територијални остапки во Добруџа. Имајќи ги во предвид само интересите на Романија, а не и на македонските Власи, за кралот Карол Македонија била само монета за поткусурување.

Повеќе...
 


JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL

На прво место

News image

Источен Петок – Балаклија: Празник на водата, верата и надежта

Источниот Петок, познат меѓу народот како Балаклија, е еден од најзначајните празници што се одбел...

Иселеници

Култура и туризам

News image

Источен Петок – Балаклија

Првиот петок по Велигден се вика Источен Петок Балаклија. Тој спаѓа во Светлата недела поради што не...

Фељтон

News image

УНГАРИЈА - ВТОРАТА ТАТКОВИНА НА ЛЕФТЕР МАНЧЕ (11)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.