|
|
| Димитар Благоев |
|
Изјави на Димитар Благоев во Бугарскиот парламент по повод учеството на Бугарија во Балканските војни и во Првата светска војна (Орде Иваноски: “Искажување на Димитар Благоев за народността на Македонците пред Бугарскиот парламент во 1917“. Современост, Скопје, јануари 1967): Димитар Николов Благоев бил основоположник и предводник на социјалдемократското движење во Бугарија (1891–1923). Роден е во 1856 година во селото Загоричане, Костурско, починал на 7 мај, 1924 Софија, Бугарија. Димитар Николов Благоев се чувствува Македонец и учествува во македонското револуционерно движење. Како револуционер, учител и писател, Димитар се појавува под псевдонимите Дедото, Братанов или Сенекс. За време на Првата светска војна како шеф на Социјалдемократската Парламентарна група, Димитар Благоев учествува во работата во Бугарскиот парламент. Во дебатата во бугарското Народно собрание во 1917 година, посветена на воениот буџет на Бугарија, во својата реч овој голем македонски трибун јавно ќе ја одрече „ослободителната“ улога на Бугарија во Македонија и како Македонец ќе побара Македонија да се самоопредели и конституира во самостојна држава. Во стенографските белешки од расправата водена на 10 декември 1917 година во Народното собрание на Бугарија {Документи, Том I, Скопје, 1981- Д. Благоев, Социалдемокрациата против воината, (Реч в Народното собрание, от 10. XII 1917), Диевници (стенографски) на ХVI-ХVII-то обикновенно Народно Собрание. Четвтрта редовна сесиа, Кн. 1, Софии, 1930, од кои ќе ви презентираме дел, кога зборува за потчинетоста на Македонците низ вековите тој вели: „Потчинети, но независни во својот внатрешен живот“. Меѓутоа, кога некој од левицата ќе му напомне да не ја заборава историјата, Димитар Благоев во својот остар одговор кулминира со своето обвинување:
„Која историја? Таа ли вие што ја фалсификувате? Таква историја ние не признаваме. Ние гледаме како е во стварноста. Факт е, г.народни претставници, дека имало голема борба меѓу бугарските и племињата на Балканскиот Полуостров. И тој процес, за кој ни говори г. Сак'зов и којшто го поддржуваат и други, не е за обединување на бугарското племе туку за завладување на .. Балканскиот Полуостров...“ Во продолжение на расправата меѓу Благоев и бугарските парламентарци меѓу другото ќе каже:
„Г. Данаилов: Ама вие сте родум од Загоричани.
Д. Благоев: Јас сум родум од Загоричани, меѓутоа, јас не сум Бугарин.. И како таков, ако сакате да знаете, јас сум за Македонија како земја која ќе си има своја сопствена управа.
Некој од десницата: Што бараш тогаш во Бугарија?
Д. Благоев: Така што процесот за кој ни се зборува е процес за завладување, а не за обединување на бугарското племе ...
Министерот X. И. Попов: Како се викаат во Загоричани Бугарите?
Д. Благоев: Ако ги прашате, тие се викаат христјани.
Министерот X. И. Попов: Тие се викаат Бугари
Д. Благоев: Јас не сакам да навлегувам во таа сфера, но сакам да истакнам какви опасни од ваша гледна точка теории се развиваат во нашата историја, односно за процесот на обединувањето на бугарското племе...
Министерот X. И. Попов: Борбите за независноста на бугарската црква најмногу се развија во Вашето село и затоа го изгорија.
Д. Благоев: Тоа воопшто не е така, а зборот е за завојување на племињата на Балканскиот Полуостров од Бугарите. И ако говориме за историски процес, тогаш тој процес и денеска постои, имено бугарското племе настојува да ги завладее местата што му се неопходни за да може тоа да излезе на море, за да може да излезе на големите водени патишта и Егејското Море. Ете ја смислата на историскиот процес.. Јас мислам дека од вас послабо информирани по тие прашања и позбркани глави нема. Особено вие учителите, коишто секогаш врз тие фалшиви теории сте се воспитувале, вие воопшто не можете да ги разберете тие работи.
С. Костурков: (негодува).
Претседавачот д-р И. Момчилов: Г. Костурков! Ве молам не го прекинувајте говорникот.
Д. Благоев: Меѓутоа, поважно прашање не е тоа за националните територии поважно е прашањето како се однесуваат нашите сојузници кон нашата хегемонија на Балканот или, попросто да го кажам, кон обединувањето на бугарското племе? Тоа е едно прашање кое исто така не се зафати во врска со војната.
Д. Благоев: Ако сте вие убедени дека во Добруџа се Бугари, дека во Моравско, дека во Македонија се Бугари, дека во Серес, Драма и Кавала се Бугари, зошто вие се плашите од таа формула на рускиот мир? Ако сте убедени дека некаде има Бугари, нека се направи референдум и да видиме што ќе кажат. Зошто врескате? Значи несигурни сте, значи има не-што што ве тревожи, има некои области завладеани од вас кои ако се подложат на референдум... Од овој извод од стенографските белешки водени за време на собраниската расправа во Народносто собрание на Бугарија, може да се види дека за време на Првата светска војна не само што светот беше запознат со основниот стремеж на македонскиот народ туку и во бугарскиот Парламент отворено Македонците по род, бараат Македонија да се оформи како држава. Изјави на Димитар Благоев во Бугарскиот парламент по повод учеството на Бугарија во Балканските војни и во Првата светска војна (Орде Иваноски: “Искажување на Димитар Благоев за народността на Македонците пред Бугарскиот парламент во 1917“. Современост, Скопје, јануари 1967): Димитар Благоев е основач на бугарската работничка социјалдемократска партија (БРСДП). Во 1903 приврзаниците на Благоев предизвикаа расцеп во партијата и ја преименуваа партијата во БРСДП (тесни социјалисти). Во текот на Првата Светска војна БРСДП (т.с.) ја напушти Втората интернационала. Во 1919 БРСДП (т.с.) се преименува во Бугарска комунистичка партија (тесни социјалисти). |
Димитар Благоев за Македонија и Македонците, потчинети, но независни во својот внатрешен живот.
























