Култура и туризам
Среда, 20 Јуни 2012 03:02    PDF Печати Е-пошта
Свети Климент и Свети Наум Охридски

Agatangel-1

 

 

 

 

 

 

МИТРОПОЛИТ ПОВАРДАРСКИ
†АГАТАНГЕЛ

Мисионерската, учителска и просветителска дејност на св. Климент и на св. Наум во Охрид е само продолжение на големото мисионерско дело на Светите Браќа.

Св. Климент и св. Наум граделе врз духовните темели поставени и осветени од нивните учители св. Кирил и св. Методиј. Христијанството во Македонија со векови веќе било втемелено, а потоа зацврстено и развиено при Брегалничката мисија на Светите браќа и врз основа на христијанските доктрини учениците ја изградиле македонската писменост и просвета во својата татковина.

Свети Климент е најголемиот македонски духовник, учител и книжевник. Оваа негова дејност тесно била поврзана со христијанизирањето на паганизираните Македонци, како и со основањето и организирањето на првата македонска епископија во Охрид, во областа Кутмичевица. Свети Климент продолжил со преведувањето на светите книги на јазикот на Македонците и го основал познатиот Охридски универзитет, со што отишол чекор понапред од своите учители. Според официјалната историја тој извршил и корекција на некои букви од македонската азбука, која ја нарекол Кирилица, во чест на својот учител св. Кирил Солунски.

Во Светиклиментовиот Охридски универзитет (кој бил и прв универзитет во Европа) се школувале и завршиле со образование околу 3.500 ученици, од кои многумина биле ракоположени за свештеници, ѓакони и ипоѓакони, а голем број од нив биле испратени на свештенослужителска и проповедничко-мисионерска работа кај другите балкански и источноевропски народи - бугарите, србите, црногорците, чесите, словаците, русите, украинците и т.н.


Во 893 година свети Климент бил хиротонисан за епископ. Тој е првиот македонски епископ во новоформираната Дремвицко-величка епархија. Св. Климент Охридски, ученикот и соработникот на Македонските апостоли и просветители Кирил и Методиј, во историјата се памети како еден од најугледните и најзначјните книжевници и проповедници на Христовото Евангелие во IX и X век. Тој е основоположник на просветата и книжевноста во Македонија.

Св. Климент бил непосреден сведок на неповторливите подвизи на Светите браќа, тие, за време на целиот негов живот му биле урнек во проповедта и описменувањето на луѓето. Св. Климент покрај тоа што проповедал исто така познато е дека и составувал свои дела. Негово најзначајно дело секако се „Проповедите - обрасци за сите празници и недели во годината”, кои им биле од голема полза на тогашното свештенство, но и на богољубивиот македонски народ. Најверојатно тој е автор и на Панонските житија на свети Кирил и на свети Методиј. Негов е преводот на Цветниот триод - богослужбената книга, во која е содржан црковниот редослед на богослужбите од Велигден до Педесетницата.

Постои голема веројатност дека тој е автор на Службата и на Житието на Свети Климент, римскиот папа, како и на најстарата служба на Свети Кирил и Методиј. Св. Климент е особено важен за културното и цивилизациско издигнување на Македонците. Без неговото дело Македонците би биле поподложни на стагнација и асимилација од страна на културно поиздигнатите народи. Токму заради тоа со сигурност можеме да тврдиме дека св. Климент, св. Наум и останатите ученици на св. Кирил и Методиј се најважните личности во македонската историја.

 
Среда, 11 Април 2012 03:01    PDF Печати Е-пошта
Велики Четврток

veliki-cetvrtok-240Во четвртокот пред Пасха, односно Велики Четвртокн, Господ Исус Христос се враќа во Ерусалим каде ја востановува Новозаветната Пасхална жртва. Црквата на овој ден си споменува за светото миење на нозете, Тајната вечера, предавањето на страшните тајни, Првосвештеничката натприродна молитва, и самото предавство на Синот Божји, кое впрочем треба да се случи, за еврејската пасха (Јагнето Божје) следниот ден (Велики Петок) да може да биде жртвувана.

Повеќе...
 
Среда, 11 Април 2012 03:00    PDF Печати Е-пошта
Велигденски пост

veligdenski-post-240Првичната цел на предвелигденскиот пост била насочена кон огласените, кои се припремале да бидат крстени токму на Пасха; оваа првична цел и значење била проширена уште во првите векови, со што и христијаните земале учество во овој пост, со цел да се подготват за Христовото Воскресение. Овој пост е символ на човечковиот живот, кој својата полнота ја доживува во воскресението од мртвите преку Христа и во Христа. Во овој пост Црквата ги повикува своите чеда на засилено покајание и молитва, очистување на умот, срцата, душите и телата и творење на добри дела во подвигот на љубовта, Христа ради.

Повеќе...
 
Недела, 08 Април 2012 05:11    PDF Печати Е-пошта
Цветници- празник на последното влегување на Исус во Ерусалим

Maslinova_gora-fotografii_3Празникот Цветници познат уште и како Цветоносна недела и Врбица    секогаш е една недела пред Велигден и се празнува во спомен на влегувањето на Исус Христос во Ерусалим, кога неговите ученици и симпатизери со цвеќе и  врбови гранки, како и со својата облека му го го постилале патот.

Повеќе...
 
Сабота, 07 Април 2012 07:59    PDF Печати Е-пошта
Свето Благовештение - Благовец, 7.IV./25.III

blagovecПразник на радостната вест и на пролетната убавина

Празникот Свето Благовештение, меѓу народот познат како Благовец, Благоец, Блошчојне и сл. се смета за тежок празник. некои дури го сметаат за голем празник како Велигден поради што се вели: „Благовец, прв Велигден”.

Именден празнуваат: Благоја, Благојка, Блаже, Благица итн.

Повеќе...
 
Вторник, 31 Јануари 2012 01:50    PDF Печати Е-пошта
Свети Атанасиј Велики

mpcГолем борец за вистинското православие


(Именден празнуваат: Атанас, (доаѓа од грчкото Атанасиос и значи бесмртен), Танас, Тане, Танаска, Насе, Насте...)

Повеќе...
 
Понеделник, 09 Јануари 2012 02:05    PDF Печати Е-пошта
Свети Архиѓакон и првомаченик Стефан

stefanСвети Архиѓакон и првомаченик Стефан 9.I./27.XII.

(Именден празнуваат: Стефан, Стефанка, Стефанија, Фанија, Фанка, Стојан, Стојанка, Стојмен, Стоичко...)

Повеќе...
 
Среда, 20 Април 2011 04:04    PDF Печати Е-пошта
Велики Четврток

VelikiCetvrtok1-240Во четвртокот пред Пасха, односно Велики Четврток, Господ Исус Христос се враќа во Ерусалим каде ја востановува Новозаветната Пасхална жртва.

Повеќе...
 
Сабота, 16 Април 2011 00:28    PDF Печати Е-пошта
Лазарева сабота - Цветници

-1_copy_copy_copyПразник на последното  влегување на Исус во Ерусалим

Повеќе...
 
Четврток, 07 Април 2011 00:43    PDF Печати Е-пошта
Свето Благовештение – Благовец

blagovec-1_copyПразник на радосната вест и на пролетната убавина.

Именден празнуваат: Благоја, Благојка, Блаже, Благица итн.

Повеќе...
 


JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL

На прво место

News image

СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ – ЧУДОТВОРЕЦ - 8 XII/25 XI

СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ – ЧУДОТВОРЕЦ - 8 XII/25 XI

Историја

News image

Автономна Македонија (белградски весник)

АвтономнаМакедониjа (La Macédoine autonome). "Балканотнабалканскитенароди - МакедонијанаМакедонците"...

Иселеници

News image

ПРОМОЦИЈА НА ДЕЛА НА ДУШАН РИСТЕВСКИ - МАКЕДОН ВО ТОРОНТО

Во организација на Литературното друштво „Браќа Миладиновц...

Култура и туризам

News image

Легенди и верувања: Од минатото на селото Арвати

Легендите и митолошките верувања се често застапени сред луѓето кои се интересираат и сакат да знаат...

Фељтон

News image

БИТКАТА КАЈ СУСА И ИДНИТЕ ОСВОЈУВАЊА НА АЛЕКСАНДАР III МАКЕДОНСКИ (ВЕЛИКИ) – ГОСПОДАРОТ НА АЗИЈА (12)

Александар пристигнал во градот Суса на 15 декември 331 година пред Христа и бил п...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.