Среда, 27 Февруари 2013    PDF Печати Е-пошта
Свети Ѓорѓи Кратовски, 24/11.II

sv-gorgi-kratovskiНа 24/11 февруари Светата православна црква го празнува денот на Свети Ѓорѓи Кратовски кој на овој ден 1515 година во Софија бил мачен, а потоа спален, на 18 годишна возраст. По занает бил кујунџија и останал како заштитник на златарите и кујунџиите.

Житието вели дека Свети Ѓорѓи Кратовски е роден во Кратово од родители Димитрија и Сара. По желба на родителите по завршувањето на училиштето пошол на кујунџиски занает кој во Кратово во тоа време бил популарен и поради рудниците. Набргу станал познат мајстор. Во тоа време турските власти собирале т.н. данок во крв, за пополнување на војската која напредувала кон Европа, правејќи војници-јаничари. За таа цел барале млади и способни деца. Знаејќи дека во Кратово нема да остане долго незабележан решил да замине во Софија, надевајќи се дека поголемиот град нуди повеќе можности да остане незабележан. Така преку Ќустендил, Радомир и Перник пристигнал во Софија. И тука поради способностите набргу се стекнал со углед и бил забележан и од Турците. Му биле понудени благодетите на царските власти под услов да ја смени верата и да го прифати исламот. Но Ѓорѓи Кратовски без размислување го одбил предлогот поради што бил ставен во затвор. Ја бранел верата Христова поради што бил мачен, а потоа и спален на 24/11 февруари 1515 година. На 8 јуни (нов стил) моштите на Св. Ѓорѓи Кратовски биле пренесени во црквата и овој ден светата православна црква го празнува како втор празник поврзан со името на овој светец.

На иконите Св. Ѓорѓи Кратовски е претставен како голобрадо момче во кошула со крст во десната рака и маслинова гранка во левата. Над ореолот има напис: „Свети Ѓорѓи кој настрада од Селим“. Неговиот лик бил насликан во црквата „Св. Ѓорѓи“ во с. Патралица-кривопаланечко во манастирот „Студеница“ и други места. Во црквата „Света Богородица“ во Скопје бил претставен со крст во десната и книга во левата рака. Од 17 век е сликан во национална носија. Култот на Св. Ѓорѓи Кратовски од Македонија се проширил и во Србија, Бугарија и Русија.

Тропар

Свети маченик Георгиј Кратовски

Од рана возраст со света желба на Господа си му се предал, со сета душа Христа Единиот си Го засакал, и Него, Кој е вистинскиот Бог во Троица почитуван, пред нечестивите Турци си Го проповедал. Со венец маченички си се украсил, славни, и кон небесните жители си се придружил, премудри Георгиј, моли Го Христа Бога да ја чува татковината твоја, и да ги спаси православните и градот, кои секогаш ги прославуваат твоите подвизи.

Свети Власиј, 24/11.II

Бил епископ севастиски. За време на царот Диоклецијан кога бил извршен жесток прогон на христијаните, Светиот маченик Власиј се криел во пустина, живеејќи испоснички. На Св. Власиј му е судено по што е изведен на губилиште во Севастија, каде што му е отсечена главата на 11 февруари 316 година. Овој ден црквата го празнува во спомен на неговото име.

К. Шапкарев забележал дека Св. Власиј го почитувале „како претседател и покровител на воловите и воопшто сиот рогат и крупен добиток, та прават над него и некои обреди“. Во Охрид како што сведочи и Е. Спространов, Власите го празнувале Свети Власија „за здравје и за бериќет на стоката“. Е. Спространов бележи како бил казнет некој што не го почитувал празникот. „На Свети Власија стариот од Јаневци ошол на дуќан да шијат-бил кондураџија. Му рекле: Шо шијаш, ами денеска је Свети Власија. Ех, рекол, нишчо тој је влашки празник. Ошол, заработал и си го ископал окото со шилото. Да т’рнит конецот, како шо си шијал, прау в око, та му истекло - бес око одеше“.

Во некои места во Пиринска Македонија како Неврокопско на овој ден на воловите им давале обреден леб при што мукале (оттука овој ден го викале и Муковден), а тоа било придружено и со магиско дејствие да „секат влас“ на говедата со секира.

Подготви: Марко Китевски

 

На прво место

News image

МАКЕДОНСКА ДИЈАСПОРА : НЕ ЗА ДОГОВОРОТ СО БУГАРИЈА

Придонесот на  Македонците кои го напуштиле дедовскиот праг во етничка Македонија и поради ек...

Иселеници

News image

МАСЛИНОВАТА ГОРА И ЕРУСАЛИМ (9)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ИЗРАЕЛ И МАКЕДОНИЈА“ НА СЛАВЕ КАТИ...

Култура и туризам

News image

СИЛЈАН МИЦЕВСКИ - ИЗБРАН ЗА ПРВ ГРАДОНАЧАЛНИКНА БИТОЛА ВО 1996 ГОДИНА (10)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СИЛЈАН МИЦЕВСКИ“ ОД АВТОРИТЕ СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ - КАТИН И ЃОРЃИ ЛУМБУРОВС...

Фељтон

News image

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА И СУДБИНАТА НА МАКЕДОНСКОТО НАСЕЛЕНИЕ ВО ПИРИНСКА МАКЕДОНИЈА (4)

ДЕЛ ОД ПУБЛИКАЦИЈАТА „МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ“ НА СЛАВЕ КАТИН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.