|
||||
| Промовирана „Куќа на паркот" во месноста Трница, во општина Маврово-Ростуше |
Во месноста Трница, во општина Маврово-Ростуше минатата недела беше предаден во употреба нов сместувачки капцитет, наменет за туристите кои ќе престојуваат во националниот парк „Маврово“.
Реконстрираниот објект има капацитет од триесетина кревети и ќе функционира како планинарски дом. Инвестицијата е значајна за развој на туризмот во овој регион. Ова е потврда на заложбите да се промовираат природните убавни и да овозможат подолог престој на туристите на територијата на паркот. Наскоро во НП Маврово ќе биде промовиран и проектот „500 километри маркирани планинарски патеки“. Инвестицијата „Куќата на паркот“ е реализирана со средства на НП Маврово и италијанската влада. |





























