|
||||
| Музичка програма во чест на Водици во Охрид |
|
По повод големиот христијански празник Водици, на 19 јануари во Охрид се организира традиционалното фрлање на осветениот крст во водите на Охридското Езеро. Во музичкиот дел од програмата кој е во организација и под покровителство на продукцијата С НАЦИОНАЛЕ, со свои песни ќе настапат Сузана Спасовска, Мишко Талески, Јулија, Гоце Џуклески, група Елегија и Боби Анде и До Ре Ми. Православните христијани ќе можат да уживаат во празничните песни на реномираните македонски изведувачи, инспирирани од традиционалниот дух на македонскиот народ. |





























