Среда, 04 Мај 2022    PDF Печати Е-пошта
МОНОГРАФИЈАТА „ГОГА ПЕЧЕНКОВСКИ“ Е ДЕЛО ЗА ГОГА ОД ПЕРОВО КОЈ ЖИВЕЕШЕ ВО РЕСЕН (4)

1go12

Монографијата „Гога Печенковски“ е дело на Славе Николовски-Катин, а издавач е „Македонска искра“ од Скопје во 2004 година, на 154 страници, на македонски јазик. Во ова дело е претставена историјата на семејството  Пе­чен­ковски која е тесно повр­за­на со настаните во Ма­ке­донија, со неј­зината историја. Нив­на­та не­ве­ројатна приказна е ма­ке­донски ле­топис за оп­сто­ју­ва­ње­то на Ма­ке­донците, за кои теш­ко можат да се најдат слични примери во ис­торијата на кој било народ.

Животната историја на Гога Печенковски е, истовремено, историја на Преспа, а преку неа и на Македонија. Зошто она што се случило од најраните времиња на Александар Велики, преку незаборавните битки на цар Самуил, до оние на Гоце Делчев, Стив Наумов и Мите Богоевски, во регионот на Преспа, ја одразува целата историска голгота низ која минувала Македонија, од нејзиното прогласување до независна и суверена држава. Со оваа книга е проектирана најновата фаза од македонската историја за неговиот животен пат, на највкусните одлики и на најсублимираниот начин.

Инаку, Гога Печенковски е роден во Долно Перово, село кое  се наоѓа на средишниот дел од територијата на Општината Ресен, а непо­сред­но до северниот брег на Прес­пан­ското Езеро. Селото е рам­ни­чар­­ско, на надморска височина од 854 метри, како и езерото. Од Ре­сен населбата е оддалечена око­лу десет километри.

Тоа е типично езерска населба и е поделено на Долно и Горно Перово. Таму се наоѓаат најплодните овоштарски насади во Преспа. На овој простор, Господ како обилно да дарил богатство во земјоделството. Затоа, овошните производи од тој северен дел на Преспанското Езеро се познати и барани на пазарите во Македонија и пошироко.

Интересно е да се спомене дека во 1996 година, во непосредна близина на селото Езерени, кое како да се споило со Перово, е легализиран првиот резерват за птици во Македонија. За овој резерват е карактеристичен далматинскиот пеликан, птица која ретко може да се најде во овие краишта и птица која пристигнува во илјадници парови,  при што резерватот станува птичји дом. Тие во Езерени и во Преспа се хранат претежно со риби и поради поволностите што ги нуди регионот остануваат два-три месеци, а потоа го продолжуваат своето патешествие кон Европа и Азија.

Перово се наоѓа на речиси иста надморска височина како и Преспанското Езеро. Според легендата селото го добило своето име по некој човек по име Перо, кој како рибар нашол засолниште на брегот на Преспанското Езеро и се населил на местото каде се наоѓа неговата денешна местоположба.

Родното место на Гога Печенковски, Долно Перово има педесетина куќи кои се речиси на самиот брег на Езерото, а Горно Перово со дваесетина современи градски куќи е нова населба на двете страни на патот Битола - Отешево. Перово со своите 180 жители, кои претежно се занимаваат со овоштарство, а и со рибарство, е стара македонска населба во која отсекогаш живеат само православни Македонци.

Во  непосредна близина постојат неколку стари локалитети на копно и во Преспанското Езеро. Во него има една црква, „Свети Атанасије Велики“ блиску до Дрменска Река,  која  е изградена во 1867 година а  реновирана во 1993 година. Но, се чини како Перово да е дел од туристичкиот комплекс Отешево. Тоа произлегува од фактот што Долно Перово се наоѓа на крајбрежната линија на Преспанското Езеро, една од најблиските населби до Сир Хан, а со тоа и до Отешево и Царина. Во овој туристички простор и во минатото и денес, нашле вработување и луѓе од Долно и Горно Перово и од други места на Преспа.

Често се вели дека убаво е во цела Преспа во есен кога разновидните бои се пре­пле­тени како пајажина, кога ми­ри­сот на зрелите јаболка се раз­не­сува низ чистиот воздух. Пре­крас­но е во зима кога планините над­виснале над Езерото, а лето­вите и звукот од пеликаните се пре­несуваат по езерската шир. Но, Преспан­ското Езеро е нају­баво во пролет кога јагликата ги пробива последните остатоци на снегот на Галичица и Пелистер и во лето кога свежината од Езе­рото го исполнува треперливиот воздух и е преполно со мно­гу­број­ни капачи и риболовци.

Треба да се нагласи дека Ресен, каде Гога Печенковски помина голем дел од животот и цела етничка Преспа се богати со Преспанското Езеро, националните паркови Галичица и Пелистер, кои на регионот му даваат посебна убавина. Преспанското Езеро е второ по големина езеро во Република Македонија.

Културата во Преспа датира уште од времето на неолитот.  Патот Виа Игнација поминувал низ котлината за време на Римската Империја. На овој питом дел на Македонија, постојат голем број споменици на уметноста во регионот. Грнчарството е развиено во Преспа, особено во Ресен уште во минатото и сѐ уште е присутно, благодарение на Ресенската керамичка колонија. Таа е сместена во „Сарајот“ - Културен дом изграден од Нијази бег  и претставува дом за многу светски познати грнчари од земјата и светот.

Јаболкото е препознатливиот белег на Ресен, но уште едно обележје го прави Ресен посебен. Тоа е сарајот на Ахмед Нијази Бег. Ова е приказна за еден неостварен сон, за еден обид во малото гратче на југот од Македонија да се донесе дел од Париз, колку и да звучи тоа неверојатно.

Ресен во минатото се наоѓал покрај патот Виа Игнација и поради тоа имал богата чаршија и дури 15 анови, а Ресенчани пак се горди на своите архитектонски и историски знаменитости, но и на своите сограѓани. Кога ќе пристигнете во Ресен, ресенчани ќе ви посочат неколку работи кои не смеете да не ги посетите: чаршијата, керамичката колонија, но и сарајот на Нијази Бег.

Продолжува

1Dusan Ristevski ДУШАН РИСТЕВСКИ – МАКЕДОН

 

На прво место

News image

МАКЕДОНСКА ДИЈАСПОРА : НЕ ЗА ДОГОВОРОТ СО БУГАРИЈА

Придонесот на  Македонците кои го напуштиле дедовскиот праг во етничка Македонија и поради ек...

Иселеници

News image

МАСЛИНОВАТА ГОРА И ЕРУСАЛИМ (9)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ИЗРАЕЛ И МАКЕДОНИЈА“ НА СЛАВЕ КАТИ...

Култура и туризам

News image

СИЛЈАН МИЦЕВСКИ - ИЗБРАН ЗА ПРВ ГРАДОНАЧАЛНИКНА БИТОЛА ВО 1996 ГОДИНА (10)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СИЛЈАН МИЦЕВСКИ“ ОД АВТОРИТЕ СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ - КАТИН И ЃОРЃИ ЛУМБУРОВС...

Фељтон

News image

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА И СУДБИНАТА НА МАКЕДОНСКОТО НАСЕЛЕНИЕ ВО ПИРИНСКА МАКЕДОНИЈА (4)

ДЕЛ ОД ПУБЛИКАЦИЈАТА „МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ“ НА СЛАВЕ КАТИН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.