Среда, 23 Јуни 2021    PDF Печати Е-пошта
СУРОВАТА СУДБИНА НА ПОДЕЛЕНА ЕТНИЧКА МАКЕДОНИЈА (8)

1kar1

На 18 декември 1936 година, диктаторската влада на Метаксас обjавила еден законски акт “За активноста против безбедноста на државата”, врз чиjа важност илjадници Македонци биле уапсени, затворени, протерани или прогонети (exoria) на суви грчки земjишта, сурови за живот, каде многумина исчезнале. Кој е нивниот злочин? Затоа што се Македонци по paѓaњe.

На 7 септември 1938 година, бил обjавен законскиот акт бр. 2366 со кој се забранува користењето на македонскиот jазик. Сите македонски реони биле преплавени со постери: “Зборуваjте грчки”. Биле отворени вечерни училишта во кои возрасните Македонци учеле грчки jазик.

Ниту едно единствено македонско училиште во тоа време не работело.” (Стр. 8, Што Европа има заборавено: Борбата на егеjските Македонци, Извештаj од Здружението на Македонците во Полска /What Europe has Forgotten: The Struggle of the Аеgеаn Macedonians, А Report bу the Association of the Macedonians in Poland/).

Многу Македонци биле парично казнети, претепани или фрлени во затвор бидејќи зборувале македонски. И возрасни и деца, подеднакво, биле дополнително понижувани, така што биле приморани да пиjат рицинус ако биле фатени да зборуваат македонски.

Во Вардарска Македониjа, jугословенската влада се справила со проблемот на денационализациjа и асимилациjа со донесување на закони, како што е “Резолуциjата за населување на новите jужни региони”, од 24 септември 1920 година, наменета ефективно да ги исклучи Македонците oд поседување било каков имот. Македонскиот jазик бил забранет, заедно со културните институции, преку еден еднообразен пропис познат како Едикт од 30 декември 1920 година, усмерен кон прогонување на сите политики и синдикални здружениjа и друштва.

Наjголемиот дел и наjплодното македонско земjиште им било дадено како награда на српските воени офицери кои го преживеале Солунскиот фронт од Првата светска војна. Земjа, исто така, им била дадена на српските администратори на Македониjа, вклучуваjќи јa владината бирократиjа, судии и полициjата. Мерките за денационалнизациjа биле придружени со агресивни програми за повторно образование, продуцираjќи “мали Српчиња” од македонските деца. Штo се однесува до возрасните кои се противеле, им биле дадени две опции - “да живеат како Срби” или “да умрат како Македонци”!

1kar12

Во Пиринска Македониjа, бугарската влада применила задолжителна промена на имињата, а преку репресивни политички и економски средства го засилила процесот на асимилација. На почетокот, земјишните реформи биле во корист на сиромашните, вклучувајќи ги и македонските селани. Но, подоцна, и тоа се променило, исто така, и Македонците биле изложени на слична судбина како Македонците во Егеjска и Вардарска Македониjа.

Македонците во Албаниjа претставувале мала закана по албанската власт и поминале релативно подобро од нивните роднини во Грциjа, Бугариjа и Србиjа. Селаните не биле ниту прогонувани ниту подложени на било какаи сеопфатни денационализаторски програми. Како резултат на тоа, македонската култура напредувала, оригиналните имиња останале и луѓето непречено зборувале на македонски.

Како што претходно е спомнато, многу од регионалните водачи на ВМРО, измамени од пропагандата на Балканската лига, доброволно им се придружиле на воjските на Лигата во 1912 година за да и’ помогнат да ги истераат Турците и да јa ослободат Македониjа. Кога тоа се завршило, и кога таканареченото “ослободување” се претворило во “окупирање”, тие се нашле како затвореници на воjниците на Лигата.

Оние кои биле доволно среќни да се спасат, побегнале во пиринскиот регион и и се придружиле на четата на Јанe Сандански, која се уште била активна во тоа време. Но, по убиството на Сандански во 1915 година, многу од неговите следбеници преминале во илегала, а потоа повторно се поjавиле во Серес за да го формираат Серскиот револуционерен совет.

Левото крило на ВМРО повторно се поjавило пред Париската мировна конференциjа во 1919 година, со големи надежи за решавање на македонското прашање, лобираjќи кај мировните делегати. Откако сфатиле дека нивните напори биле залудни, се откажале и се споиле со Привремената мисиjа на западна Македониjа да јa формираат ВМРО (обединета). Македониjа е жива, “обединета”, во душата, ако не во телото.

За жал, поради поделбата на Македониjа и поради подигнатите непробоjни бариери (затворени граници), градењето на еден обединет национален фронт било тешко, ако не и невозможно.Иако имало голема желба да се оствари една “обединета автономна Македониjа”, ниедна форма за мобилизациjа не била практична. Тогаш, како ВМРО ќе ги постигне своите цели?

Дел од водачите верувале дека со интернационализациjа на македонското прашање и со заедничко деjствување со поддржувачките политички елементи од сите балкански држави, денационализаторскиот процес би можел да се забави, дури и да ги смени правецот и климата за да може да се направи повторното обединување. ВМРО верувала дека со примена на една нова, револуционерна и ненационалистичка тактика, бариерите подигнати во Македониjа би можеле да се пробиjат.

Придружуваjќи и се на “меѓународната класна борба против еден заеднички угнетувач”, ВМРО верувала дека може да се постигне самоопределување. Единствените политички елементи што ги симпатизирале целите на ВМРО, во тоа време, биле комунистичките партии на односните балкански држави. ВМРО го повикала македонскиот народ да и’ се придружи на класната борба и да ги поддржи оние кои имаат сочувство кон Македонската кауза. Многу Македонци навистина се издигнале над задачата, но нашле премалку заедничко со експлоатираната работничка класа во нивните нови држави. Македонците чувствувале дека се експлоатирани, прво, поради тоа што биле Македонци и, второ, поради тоа штo биле работничка класа.

За да ги придобие, Комунистичката интернационала (Коминтерна) била принудена да земе предвид концесии, како, на пример, да и понудат на Македониjа автономиjа и право на самоопределување, или барем да jа признаат македонската нациjа со сите права и привилегии. Коминтерната гледала на Македонците како потенциjално силен соjузник што може да биде убеден да се придружи на неjзината кауза.

За жал, имало проблеми, многу проблеми. Прво, имало несогласувања помеѓу комунистичките партии на балканските држави во однос на степенот на концесиите што би биле дадени. Имало стравувања од губење на макодонската териториjа ако се разгледува автономиjа. Москва, водечката фигура на Коминтерната, претпочитала балканска федерациjа со цела Македонија како една од неjзините републики. За жал, Бугариjа, се уште сонувајќи го Санстефанскиот сон, јa поништила спогодбата.

1kar13Немаjќи начин да се провалат “вештачките непробоjни бариери” наметнати на Македониjа од балканските држави, ВМРО никогаш повторно не била способна да се издигне до славните денови на Илинденското востание. Како последица, неjзината улога постепено се намалувала и таа изумрела по германската окупациjа на Балканот, во 1941 година.

По Големата војна имало мир во Европа. За жал, Македонците продолжиле да трпат денационализациjа, присилна асимилациjа, присилно емигрирање и економско занемарување во рацете на новите господари. Како што ќе покаже времето, Европа нема да има траен мир. Искрснувала нова закана со поголема жестокост која ќе го проголта целиот свет. Уште еднаш нечиjа туѓа војна ќe биде водена на македонска почва и уште еднаш таа ќе се покаже дури и поопустошувачка од било која претходна војна, речиси фатална по македонската нациjа.

Продолжува

Пишуваат:

1slave5РИСТО СТЕФОВ  И

1slave 5СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

Историја

News image

Повик за Илинденското востание

Повик за Илинденското востание

Иселеници

News image

ИСТОРИСКИОТ РАЗВОЈ НА „ИЛИНДЕНСКИТЕ ИСЕЛЕНИЧКИ СРЕДБИ“ ВО ЉУБОЈНО (18)

Илинден е најголемиот ден на слободарскиот дух од сите ден...

Култура и туризам

Фељтон

News image

ОДНОСОТ НА АТИЊАНИТЕ, ТРАКИЈЦИТЕ И ДРУГИТЕ АНТИЧКИ НАРОДИ КОН МАКЕДОНЦИТЕ (21)

Она што започнало како интереси на Атина во егејското крајбрежје за да се заштити Ба...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.