Среда, 29 Јануари 2020    PDF Печати Е-пошта
ИЗРАЕЛ - ВЕТЕНАТА БИБЛИСКА ЗЕМЈА (27)

efes1

Нашето патување за Ефес беше  со цел  да ја посетиме  куќата света Богородица, мајката на Исус Христос. Посетата беше реализирана едно утро  во еден  топол и пријатен ден кога штотуку сонцето се појави од азискиот дел на Истанбул, а авионот се издигаше кон југ-кон Измир

Го продолживме нашето патување со железната птица (Боинг 747) на Турската авио компанија и по помалку од еден час стасавме во 4 милионскиот град Измир. Ова метропола е сместена во заливот што го носи нејзиното име и е распространета во низискиот дел и на околните ридишта.

Таму бевме пречекани и добродојде ни посака народниот пратеник во Големото народно собрание на Република Турција, г. Кемал Ватан, роден во селото Злеово, Радовишко, во Македонија,  лекарот Мехил Инан, директорот на аеродромот и други турски граѓани со потекло од Македонија.

Во Измир и околните места како да се преселиле долнореканскиот, велешкиот и другите региони  од Македонија. Нив ги има во голем број како турски граѓани, меѓу кои најбројни се Македонците-муслимани. Нив ги има повеќе во Турција одколку во Македонија. Така ни рекоја домакините, бидејќи според некои нивни неофицијални податоци, само во Измир и во околните градови живеат од 300-500.000 турски граѓани од Македонија. Ги има од Врановци и Оризари, Велешко, од Скудриње, од Жупа и Дебар, од Пехчево и Делчево, од Штипско и од други места од Македонија.

efes2

Ефес 

Сите овие добро живеат во демократска Tурција, во која се прифатени како добронамерници, добродушни и чесни луѓе. Многумина постанале познати и признати бизнисмени, интелектуалци, лекари, општественици, дуќанџии, лојални граѓана на нивната татковина - Турција. Во исто време овие турски граѓани на Турција се однесуваат со почит кон Турција, но и кон дедовската земја-Македонија, која ја носат во своите души и срца.

Домаќините од Министерството за труд и социјална заштита и градоначалникот на Борнова ни организаа посета на градот Селчук и на античкиот град Ефес. Во Селчук го посетивме Градскиот музеј во кој се изложени многубројни експонати од Ефес и од други локалитети на Анадолија и крајбрежниот регион. Музејот претставува неодминливо катче на овој дел од Турција.

Се упативме кон многупознатата стара ризница Ефес, што се наоѓа на помалку од 200 км јужно од Измир, а на дваесеттина киломретри северно од летовалиштето Кушадаси. Познатиот град на минатото и на сегашноста-Ефес е сместен во подножјето на планината Билбил, каде реката Кајсер се влева во Егејското Море на равничарскиот дел што е во непосредна близина на морето.

Овој значаен антички град се споменува од средината на 7 век п. н..е. Од своето формирање до денешни дни игра важна улога на тие анадолски простори. Затоа често бил напаѓан и освојуван. Бил под власта на Персија, на Спарта. И Александар Македонски во 334 година го освоил градот и стратешкото војно место околу градот Ефес. Ефес бил и под управа на Римската Империја и бил најважен град на тогашната азиска провинција.

Во меѓу време во почетокот на првиот милениум христијанството започнало многу брзо да се шири во градот. Меѓутоа, Римјаните биле против доктрините на Апопстол Павле кој прв дошол во Македонија. Тоа го потврдувале граѓаните на Ефес, кои под закани протестирале против ширењето на христијанството, притоа, собирајќи се во најголемиот театар на градот за да го изразат својот бес против „новата“ религија.

efes3

Меѓутоа, како што многумина велат, Ефес бил одбрано Господово место, каде света Богородица заедно со свети Јован ги поминале последните денови од животот. Имено, во непосредна близина на Ефес, на западната страна на планината Билбил, се наоѓа куќата на света Богородица. Во денешниот град се вишнее црквата на свети Јован, еден од составувачите на Библијата.Во исто време Ефес бил место на една од седумте цркви во Азија, во кои свети Јован ја добил својата инспирација кон религијата.

Во историјата на Ефес е забележано дека во 262 година од нашата ера Готите го уништиле градот, заедно со Храмот на Артемис. Оттогаш градот никогаш не се обновил каков што бил во минатото кога имал величествен растеж и напредок. Притоа, значајно за Ефес е тоа што во 431 година по Христа бил одржан Третиот екуменски совет, токму во куќата на света Богородица. Овој Совет, меѓу другото, ја прифатил света Богородица како мајка на Господ Исус Христос.

При нашата посета на Ефес се сретнавме со безброј објекти и предмети од еден долг период на постоење на оваа значајна античка локација. Така, ги посетивме остатоците од Храмот на Артемис, Фонтаната на Трајан, Мермерниот пат, Стадионот и други објекти. Меѓутоа, Големиот театар кај посетителот остава посебен впечаток и доживување. Тој е место во длабнатината на ридот од западната страна и, по својата големина, пространост и величественост човек има чувство и се пренесува во мислите како да се наоѓа многу векови подоцна од сегашноста.

Таму бевме информирани дека во последните години, пред десетици илјади посетители во Театарот своите уметнички вредности ги презентирале Лучијано Павароти, Хулио Иглесиас и многу други познати светски уметници.

Посетата на куќата на света Богородица, пак, кај нас предизвика посебно чувство на возбуда кое се преточи во спокојство. Во тој прекрасен објект, човек како да е некаде во Македонија, во некои од манастирите на Македонската православна црква.

Продолжува

 sksksk

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Мицкоски: Гласајте за нас нема да ве изневериме

Дел од обраќањето на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во Охрид

Историја

News image

Титовите слуги измислуваат македонски национализам

На 18 јули о. г. сите дневни весници од Југославија донесоа подолги извештаи од заседанието на Секре...

Култура и туризам

News image

Верувања од Разлошко

Градба на куќа Кога се започнува да се копа темел за градење нова куќа, обично, се почнува со работ...

Фељтон

News image

ВИСТИНАТА ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ВО САД И ВО КАНАДА – (ДЕЛ II) (28)

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ НА АТАНАС БЛИЗНАКОВ ВО МОНОГРАФИИТЕ НА СЛАВЕ КАТИН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.