Среда, 15 Јануари 2020    PDF Печати Е-пошта
Д-р Коте Тасевски - специјалист за болести на забите (3)

Kote-Tasevski-1

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ЛИЧНОСТИ ОД МАКЕДОНИЈА ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ МЕРИДИЈАНИ“

Примариус д-р Коте Тасевски е личност која со исклучителна работливост и инвентивност го создаде „ЕНДОМАК“, еден од препознатливите брендови во Република Македонија. Тој е голем патриот, човекољубец и личност која ја краси несебичност, човечност и грижа за блиските, семејството, роднините, пријателите, сопартијците, за македонскиот народ и Македонија

Примариус д-р Коте Тасевски e специјалист по болести на забите и ендодонтот. Тој е особено познат со своите евидентни активности, перманентни успеси и творечки опус во сферата на развојот на здравството што укажува на еден творечки самопрегор за респект. Неговата стручна и научна преокупација датира уште од студентските денови, кога го уредуваше информативното гласило „Здравствен весник“ на Медицинскиот центар Струмица. Исто така, тој е автор на бројни текстови во дневните и периодичните  весници „Дневник“ и „Здравје“, во кои на популарен начин ги едуцира читателите во областа на здравството, ги пренесува новите методи и трендови во стоматологијата и ги популаризира најновите сознанија од областа на стоматолошката практика - од лекување до козметика на забите.

Примариус д-р Коте Тасевски, е роден на Свети Климент, 8 декември 1949 година во селото Босилово, Струмичко. Тој е еден од ретките здравствени ентузијасти во Република Македонија, кој повеќе од три децении постигнува евидентни успеси во непосредното спроведување и организирање на современото здравство на теренот, за што сведочи и неговиот исклучително плоден 20-годишен работен стаж во Медицинскиот центар во Струмица. Имено, како стоматолог се вработил во Стоматолошката служба на Медицинскиот центар во Струмица во 1976 година, и сè до 1997 година непрекинато работи во Босилово како добар стручњак, примерен работник и колега, а мошне активно учествувал и во општествениот, политичкиот и културниот живот на струмичкиот Медицински центар и пошироко.

drkote2 

Струмица

Семејните корени на Коте Тасевски се во Босилово, Струмичко, како шесто дете на родителите Фроза и Томе Тасевски. Тој е во брак со Василики, доктор по педијатрија, со која имаат два сина, Томе и Димитар. Денес неговото родно место е самостојна општина, која е сместена на патот Струмица - Ново Село. Босилово е чиста македонска христијанска населба со околу 1.700 жители. Според легендата Босилово го добило името од првиот човек кој се преселил и се викал Босилко. Има и друго предание за името дека некогаш старите босилјани „боси“ оделе на „лов“ на риби во Моноспитовското Блато, и нив на шега ги викале „босиловци“. Во селото е сместена административната зграда на Општина Босилово, а, исто така, во селото со успех работи и ОУ „Гоце Делчев“, а црковно-духовниот живот се изведува во црквата „Свети Атанасиј“.

Коте Тасевски со основно образование се здобил во родното место, со средното во Струмица, а потоа го завршил Стоматолошкиот факултет во Скопје и специјализација по болести на забите и ендодонција, за подоцна да стане доктор на стоматологија, специјалист и примариус.

Примариус д-р Коте Тасевски беше повеќегодишен шеф на специјалистичкиот оддел во Стоматолошката служба и агилен поборник за организирано ширење и спроведување на ефикасна здравствена заштита. Тој бил иницијатор за формирање на повеќе амбуланти и забоздравствени станици во Струмичкиот Регион и еден од поттикнувачите за формирање на специјалистички оддели во Стоматолошката служба, каде што на најрационален и високостручен начин се остварува забоздравствената заштита на населението од тој крај. Во неговата специјалистичка амбуланта повеќемина млади стоматолози го поминаа својот стажантски турнус, стекнувајќи се со практични и стручни знаења.

Примариус д-р Коте Тасевски е специјалист по болести на забите и ендодонцијата. Своите стручни сознанија ги збогатил со студиските престои на Институтот за стоматологија и максилофацијална хирургија „Питие – Салпетриер“ на Универзитетот „Пјер и Марија Кири“ во Париз (1984) и  на Стоматолошкиот институт при „Врије универзитетот“ во Брисел (1988).

 Интензивно користејќи, пред сè, странска стручна литература, индивидуално истражувајќи и практично применувајќи нови методи и средства во областа на стоматологијата, д-р Коте Тасевски ја подигна својата наобразба до степен на повеќестран ерудит и се стекна со звањето примариус ( 1989 година).

Автор е на повеќе од  200 стручни трудови од областа на стоматологијата, презентирани на симпозиуми и конгреси на стоматолозите во земјава и во странство и објавени во домашни и странски списанија. Објавил пет стручни книги: „Алтернативни техники во ендодонцијата“ (1994) и „Ендодонтска рендгенографија“ (1996); „Совршенството во стоматолошката естетика“ (2005); „Естетска реставративна стоматологија“(2006);  „Дизајнирање на „насмевката“(2006); , две едукативни брошури: „Можности во естетската стоматологија“ (2005); „Совршена естетика - бисерна насмевка“(2006); а забележани ќе останат и неговите впечатливи настапи во печатените и електронските медиуми.

Д-р Коте Тасевски е врвен стручњак, организатор и менаџер, кој и во најтешките моменти на транзицијата се потврди како реформски определен кадар. Сите свои знаења и способности ги насочува кон стручна едукација и менаџментско усовршување на личен план. Потоа, тој е поборник кон целосно вклучување на македонското здравство во светските здравствени трендови - првенствено преку темелно спроведување на демократските реформи и приватизацијата на оваа мошне комплексна и значајна област на државата и општеството. Тоа, пред сè,, подразбира коренито менување на односите и состојбите во примарната здравствена заштита, но и во целокупното здравство, се цел позитивните светски искуства да се применат и кај нас, а со длабоко уверување дека тие мошне брзо ќе дадат видливи и ефикасни резултати.

Постојано исполнет со истражувачки дух и нови идеи, д-р Коте Тасевски уште на почетокот од транзицискиот период во Македонија, го понесе ризикот на приватниот бизнис и како основач и сопственик на специјализираната фирма ЕНДОМАК, чијашто основна концепција е прогресивно ширење и брз развој на современата стоматолошка доктрина, стана еден од најуспешните менаџери во оваа област кај нас, со тенденција не само да ги применува директно во практиката, туку и пошироко да ги имплементира богатите светски стоматолошки и медицински искуства.

Тој е основач на приватната стоматолошка поликлиника ЕНДОМАК (1997), која  оваа година одбележува 20 години од  постоењето и стана центар за изведување на врвна естетска и реставративна стоматологија. Практично, применувајќи нови методи и средства во областа на стоматологијата, во неговите три стоматолошки поликлиники во Скопје, Струмица и Гевгелија во кои има 70 вработени. Таму тој ги анимира позитивните искуства и светските здравствени трендови кај нас, овозможувајќи им на пациентите да ја вратат убавата насмевка, самодовербата и здравјето. Денес ЕНДОМАК  со 30-тината вработени доктори е една од најмодерните, најопремените и најлуксузните поликлиники во земјата. Неодамна го доби и највисокото меѓународно признание „Европски квалитет“ за висок квалитет на услуги и изработки според европските стандарди.

drkote3 

Исто така, примариус д-р Коте Тасевски е иницијатор за основање на Академија за естетска и напредна стоматологија за Југоисточна Европа (во фаза на акредитација) прва од таков вид во Република Македонија и пошироко, чијашто основна концепција е прогресивно ширење и брз развој на современата  стоматолошка доктрина, со тенденција не само да се применува директно во практиката туку и пошироко да ги имплементира богатите светски стоматолошки и медицински искуства.

За своите долгогодишни активности во научното, стручното и општественото живеење, примариус д-р Коте Тасевски е добитник на голем број признанија, допломи и награди, меѓу кои на: Интернационалната награда „European Quality Award“ – за висок квалитет на услуги и изработки според европските стандарди (The Oxford Summit Of Leaders, European Busineess Assembly, Oxford, Great Britany); Интернационална награда „United Europe“, за особен личен придонес во развојот на европската интеграција (The Oxford Summit Of Leaders, European Busineess Assembly, Oxford, Great Britany); Државната награда „Свети Климент Охридски“,  како највисоко општествено признание за долгогодишни остварувања во областа на здравството од интерес на Република Македонија; Државната награда „Мајка Тереза“ (2006) за особено значајни остварувања од интерес на Република Македонија во областа на хуманоста и човечката солидарност; Годишната награда и признание на Општина Струмица „Свети Петнаесет Тиверополски маченици“‘ како највисоко општинско признание за посебен придонес  во областа на хуманоста и стоматологијата; Диплома и награда од Советот на Град Скопје; Тој четири пати е добитник на  скулптурата „Мединова“‘ (1994/95/96/99), на златна плакета на Скопскиот саем и на повеќе дипломи, сертификати и други признанија за учество на симпозиуми и конгреси од областа на стоматологијата.

Примариус д-р Коте Тасевски е претседател на Советот на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица. Тој пристапил во редовите на оваа партија во почетокот на септември 1990 година и никогаш не се откажал од неговата идеологија и програма. Тој во тоа време беше еден од ретките интелектуалци кој се вклучи во редовите на оваа нова политичка партија, официјално формирана на 19 јуни 1990 година.

Инаку, Советот на ветерани на Струмица е составен од исклучителни личности кои на многу начини го докажале својот патриотизам и кои се почитувани во сопствената средина. Со примариусот д-р Коте Тасевски како претседател Советот е пример на единство, позитивна енергија и достоинствено претставување на партијата ВМРО-ДПМНЕ и на Совет кој е  водечка сила во решавањето на бројните прашања и проблеми на Општина Струмица.

Примариус д-р Коте Тасевски течно зборува француски, а добро се служи со англиски и грчки јазик. Од 2015 година е пензионер, но во исто време е раководител на ПЗО „Ендомак“ во Скопје и директор на „Ендомак“ ДООЕЛ од Струмица.

Продолжува

 G6

Пишува: СЛАВЕ  КАТИН

 

На прво место

News image

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои победничките листи за парламентарните избори

  Муцунски: Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои победничките листи за парламентарните...

Историја

News image

Гоце Делчев неприкосновен лидер на македонската револуционерна борба

Општонародниот водач на македонската ослободителна борба Гоце Делчев е роден на 4 февруари 1872 годи...

Иселеници

News image

НАЈГОЛЕМО ПРИЗНАНИЕ ЗА АНСАМБЛОТ „Томов“ И ЗА ГЕОРГИ (ЏОРЏ) ТОМОВ (19)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ТОМОВ“  НА СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

News image

Велигденски пост

Првичната цел на предвелигденскиот пост била насочена кон огласените, кои се припремале да бидат крс...

Фељтон

News image

АКТИВНОСТИ НА ФОНДАЦИЈАТА ПО СМРТТА НА АТАНАС БЛИЗНАКОВ – (ДЕЛ II) (25)

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ НА АТАНАС БЛИЗНАЈОВ ВО МОНОГРАФИИТЕ НА СЛАВЕ КАТИН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.