Среда, 14 Мај 2014   
Загинувањето на Гоце Делчев теории и вистина

vasko-gicevski
Васко Гичевски

Нашиот голем идеолог апостол на македонското револуционерно движење пред сто и четири години на 4 мај 1903 година беше убиен во заседа кај селото Баница.За неговата смрт постојат неколку теориии и безброј небулозни мистификации но за да добиеме барем малку појасна слика за целиот настан треба да кажеме накратко што се случило пред тој да загине.

*”Додека дејствувал за самостојност и независност на Македонската револуционерна организација, надворешните и инфилтрираните внатрешни орудија со Иван Гарванов, по инструкции од Владата и од Кнезот на Бугарија, подготвиле кревање предвремено востание во Македонија. Делчев го отфрлил решението на Солунскиот конгрес (15–17. I 1903) за кревање востание и со чета заминал во внатрешноста на Македонија ,со раководните кадри да издејствува повлекување на решението. На 19-20 април истата година Гоце Делчев пристигнува во Солун, каде има неколку среќавања со Даме Груев, кој штотуку се вратил од заточение. Со него го разгледува прашањето за подигање на востанието, но не успева да го разубеди. Од Солун се упатил на конгресот на Серскиот револуционерен округ закажан за 6 мај. Пристигнал во с. Баница, Серско на 3 мај. На целиот пат од Софија до Солун и потоа, бил следен и бил предаден. Во зорите на 4 мај 1903 год. Гоце Делчев и неговата придружба се известени од јатаците дека се опсадени од турската војска (аскер). Гоце наредува да излезат од куќата каде биле сместени и да се повлечат за да го спасат селото од зулум Тоа кобно утро за македонскиот народ, во борбата со турската војска, загина Гоце Делчев.”

И токму од овие моменти потекнуваат скоро сите неоправдани и можеме слободно да ги наречеме небулозни тврдења.

Коренот на тоа се наоѓа во фактот што користејќи се со мемоарска литература која е  пишувана многу подоцна од времето кога се случиле самите настани се изведуваат заклучоци кои во голема мера штетно влијаат на современата историографија а ваквите заклучоци се провлекуваат од времето на минатиот режим кога македонската историја беше поделена на леви и десни и дека секогаш левите беа во право а десните во криво.Тргнувајќи од фактот дека тој бил против востанието е една од почетните грешки кои подоцна влијаат на целата слика за неговото загинување.Делчев за востание во своите дописки со Сарафов зборувал уште во почетокот на октомври 1902 кога бил испратен во Женева и од таму Сарафов му кажува на Делчев”Брат Гоце најдов еден чуден експлозив кој се активира од далечина колку би бил полезен за кревање на мостови во воздух .....”од ова се гледа дека тој уште тогаш размислувал за вооружени акции против османлиите и како може подоцна истито овој човек да е против востание.

Ако подетално ги проучиме настаните ќе сфатиме дека Делчев бил против начинот на изведување на востанието тој сметал дека тоа треба да биде од партизански односно герилски карактер и дека ненадејно треба да се организираа вооружени манифестации против османлиите што било спротивно на мислењето на Централниот комитети токму по ова прашање се разишле на конгресот.

Последен негов напор да го смени правец на востанието беше средбата со неговиот верен пријател и долгодишен соработник Даме Груев кој штотуку се вратил од робија во Мала Азија.Тука Делчев не успеал да го убеди Груев дека насоката кој ја дава ЦК на чело со Гарванов и заминал крајно разочаран а за овој настан во спомените на Ѓорче Петров накратко се вели “и тука Делчев го доби последниот удар”.Реченица која поттикнува кај некои историчари и трагачи по сензации теза дека токму Даме Груев го предал Делчев и со ова се фрла кал и на ликот на Груев занемарувајќи го фактот дека Делчев и Груев биле големи другари и долги години заедно соработувале а и најглавното за сето тоа тврдење дека Груев го предал нема ни еден доказ така да ова тврдење паѓа во вода.

Една исто така поголема теорија е дека поручникот Тефиков торбеш кој бил другар од военото училиште на Делчев го предал на османлиските власти теорија која што сеуште не е поткрепена со некои посилни докази.Исто така можеме да кажеме и дека Врховниот Македонски Комитет извршил предавство врз Делчев бидејќи тој и бил еден од неговите најголеми непријатели,но сепак и за ова сеуште немаме пронајдено доволно докази за да докажеме дека е така.

Една од поновите теории е дека предавството е извршено од страна на гркомански кодоши во селото,теорија која се заснова на еден грчки весник кој беше неодамна пронајден и во кој се вели дека”наши луѓе го предадоа Делчев” но сепак и ова не е доволно разјаснето за да се прифати за конечна солуциија на Делчевото убиство.

Ова се само дел од теориите за кои би се рекло дека имаат најголема веројатност а има купишта народни кажувања од типот на тоа дека Делчев го предал сопругот со чија жена тој бил во тајна врска,дека бил врзан во куќата и ред други работи кои не  вреди да се спомнуваат воопшто затоа што само малку ако ги прочитаме спомените и на Михаил Чаков човекот кој ги сочувал моштите на Делчев веднаш овие народни кажувања можат да се отфрлат и да се побијат.

Смртта на Гоце не била случајна. Неговото исчезнување било посакувано од бројни фактори. Но кој е предавникот или предавниците? Правиот одговор може да го даде само досега непозната архивска документација, ако е сочувана.

Злорадоста напоила нечии срца, како оние на врховистите: Цончев, Јанков,Стојанов , Протогеров, на кои им се препишува следново коментирање: Најпосле се куртуливме од тоа куче.

Гоцевата смрт била регистрирана во повеќе османлиски телеграми. Борбата кај Баница најпрво била регистрирана во шифрираната телеграм од управата на Серскиот санџак од 4 мај 1903 година, а Гоцевата смрт во шифрираната телеграма на Солунската окружна управа од 5 мај 1903 година.Османското задоволство било големо.Високата порта издала официјално соопштение со што ставила посебен акцент на настанот. Во тој контекст, Хусеин Тефиков  бил унапреден во аскерски полковник. Ненадејната смрт на Гоце, нашла место во дипломатските извештаи.

Трагичната судбина на Гоце ја завила Македонија во траур. Неговата смрт претставува ненадомеслива загуба за македонскиот народ. Овај настан особено ги погодил смилевските конгресисти.

Неговото име стана легенда вткаена во свеста на македонските народни маси. Неговото име ги возбудуваше македонските поколенија, со тоа име македонските прогресивни сили ја водеа во сосема нова општествено-политичка ситуација борбата на македонскиот народ за национално и социјално ослободување.

Неговите посмртни останки прво се чуваат во Баница до 1917 година, кога се пренесени во Ксанти, а потоа во Софија. До 1923 година, ковчежето со коските се чува во домот на Михаил Чаков, а на него пишувало:

„Ги заколнуваме поколенијата што доаѓаат светите коски да бидат погребани во главниот град на независна Македонија.

Август 1923, Илинден“.

Заветот е исполнет и на 11 октомври 1946 година се пренесени во Скопје, во црквата Свети Спас.

* цитирана е општо прифатената верзија на настаните пред Делчевата смрт која во главно е останата од добата на комунистичкиот режим
 

На прво место

News image

Источен Петок – Балаклија: Празник на водата, верата и надежта

Источниот Петок, познат меѓу народот како Балаклија, е еден од најзначајните празници што се одбел...

Иселеници

Култура и туризам

News image

Источен Петок – Балаклија

Првиот петок по Велигден се вика Источен Петок Балаклија. Тој спаѓа во Светлата недела поради што не...

Фељтон

News image

УНГАРИЈА - ВТОРАТА ТАТКОВИНА НА ЛЕФТЕР МАНЧЕ (11)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.