Среда, 16 Октомври 2013   
Благодарница на Тодор Александров до Чаков за чување на коските на Гоце Делчев

makedonska-nacija-logo
Македонска нација

dokument-cakov
Документот е превземен од ФБ профилот на Јордан Петровски

Со својата револуционерна дејност Гоце Делчев го направил она што дотогаш никој друг не го направил за македонскиот народ. Тој му ги посочил патиштата за постигнување на високата цел, му ги открил неговите можности и му вдахнал вера во неговите сопствени сили, а македонскиот народ му остана засекогаш благодарен.

Почитта кон Гоцевата личност и неговото дело, македонскиот народ ја искажува со чувањето на неговите коски како најдрагоцена реликвија. Неговите свети мошти беа и се` уште се извор на божја енергија која го обединува македонски наред, каде и да е.

dokument-cakov-2

Најголема заслуга за зачувување на Гоцевите посмртни останки имале македонскиот деец Михаил Чаков и Илинденската организација.

По битката кај Баница, со дозвола на турските власти, Гоце Делчев бил погребан заедно со Димитар Гуштанов. Во 1906 година, Чаков и Таската Спасов Серски тајно го откопале гробот и посмртните останки ги предаваат на клисарот на црквата Св. Никола, Никола Мутафчиев. Тој изработува сандаче за коските и ги сместува под престолот во црквата. Сите биле заколнати да ја чуваат тајната на сандaчето.

Во текот на Првата Светска Војна настрадала Баница, а Чаков ги прибрал коските во Ксанти. Потоа ги пренел во Пловдив и Софија. Чаков ја чувал тајната се` до август 1923 година, кога на барање на Тодор Александров коските на Делчев биле изложени 10 дена на поклонение во црквата Св. Недела во Софија. Откако биле сместени на таванот на црквата, Илинденската организација ги превзема во нивниот дом во Софија. Посмртните останки на Делчев биле сместени во саркофаг, на кој на предната страна била испишана заклетвата на македонските генерации, коските на Гоце да бидат пренесени  во престолнината на Македонија.

По овој повод, на 2 август 1923 година, членот на Централниот комитет на ВМРО Тодор Александров, во името на организацијата и бројните борци за независна Македонија, преку својот секретар Иван (Ванчо) Михајлов, му испраќа писмо во кое му заблагодарува на Михаил Чаков за родољубивата идеја да ги најде и прибере светите коски на големиот учител Гоце Делчев, еден од основачите на ВМРО.

Опишувајќи го настанот, Михаил Чаков вели: „На пат кон гробиштата, точно на плоштадот Македонија, ме пристигна г-дин Иван (Ванчо) Михајлов и ми го предаде следното писмо од Тодор Александров, велејќи: „Бај Михаил, од името на г-дин Т. Александров, ве молам да го примите сега писмото за благодарност“.

Во ова писмо нумерирано од Организацијата со бр. 550, Александров пишува:

Пријатен долг ми е да Ви искажам голема благодарност од името на другарите – борци за независноста на Македонија и од мое име, за родољубивата идеја да ги најдете и приберете светите коски на нашиот предводник и голем учител – Гоце Делчев, еден од основачите на ВМРО и за вашата грижа да ги чувате како светии во вашиот дом, со што сте заслужиле признание на денешната воинствена и утрешна независна Македонија.

Меѓу другото, Чаков напоменува дека: „До 12 август коските стоеја во црквата Св. Недела на поклонение. После тоа ги кренаа и ги ставија на црковниот таван кај коските на Раковски“. После неколку месеци, сепак, како што вели македонскиот револуционер, „ги прибравме од црквата и до денес ги чуваме во канцеларијата на здружението „Илинден“ со следниот натпис: „Ги заколнуваме поколенијата да настојуваат светите мошти да бидат погребани во столицата на Независна Македонија“.

Времето на изложување коските на Делчев на поклонение во црквата Св. Недела во Софија, како и предавањето на чување на реликвиите во здружението „Илинден“, говори дека тоа било по повод дваесет години од Илинденското востание и дека со овој чин бил направен обид за зближување на приврзаниците на Македонското Револуционерно Движење. Тое е период кога се прават напори за запазување на славните традиции од Илинденското востание, следење на Гоцевите патишта за постигнување на целта – Независна Македонија, а за што пак било потребно единствена и силна Македонска Револуционерна Организација.

Во тој контекс, со цел да се надминат недоразбирањата и убиствата меѓу разните струи во македонското револуционерно движење, во втората половина на 1923 година, Александров водел разговори со претставниците на Советскиот сојуз, кои биле заинтересирани за создавање на единствено Македонско Револуционерно Ослободително Движење, по што Александров подготвил и потпишал Проект за разбирање помеѓу ВМРО и Советската влада.

Ваквиот чекор ќе доведе до интензивна активност за поврзување и обединување на разните струи и групи во македонската емиграција и револуционерно движење. Димитар Влахов стапил во преговори со Петар Чаулев, Тодор Александров и Александар Протогеров, по што доаѓа до спогодба за обединување на ВМРО со Македонската федеративна организација потпишана на 24 април 1924 година (Протокол за обединување на македонското револуционерно движење). Преговорите во Виена завршија со т.н. Платформна декларација, а на 15 мај 1924 година беше издаден од ЦК на ВМРО Мајскиот манифест, со потписи на Александров, Протогеров и Чаулев. Под притисок на бугарската влада, првите двајца на 1 август 1924 година јавно се откажаа од Декларацијата, а набргу потоа, на 31 август 1924 година, Александров бил убиен.

Сепак, и покрај сите напори македонскиот народ и неговата емиграција да се држи разединето, тој цели 43 години ги чувал коските на Гоце Делчев како скапа реликвија, пред да се исполни заклетвата и тие да бидат донесени во столицата на независна Македонија.

По ослободувањето на Македонија, аманетот конечно бил исполнет во 1946 година.

Тогашните македонски власти бараат од Националниот комитет на Сојузот на македонските братства во Бугарија согласност посмртните останки на Гоце Делчев да се пренесат во престолнината на Македонија. Откако било прифатено барањето, македонскиот уметник Нестор Алексиев изработил посебен саркофаг во резба на кој на предната страна бил ликот на Гоце, на задната страна знамето на ВМРО, а на страничните грбовите на Македонија и Југославија

По поклонението од македонскиот и бугарскиот народ на 4 октомври 1946 година, Гоцевите останки со посебна делегација и почесен одред, предводен од генералот Кирил Михајловски – Груица биле испратени од Софија. Околу 2.000 Македонци присуствувале на церемонијата на испраќање на посмртните останки на Делчев. Поминувајќи низ Пиринска Македонија, народот насекаде масовно му оддава последна почит на саркофагот на Делчев. Тоа била трогателна манифестација, во која народот ја покажа својата верност кон идеалите на Делчев.

Свеченото пренесување на коските на Гоце Делчев од Софија во главниот град на НР Македонија, Скопје, претставуваше историско симболичен акт. По тој повод беа одржани бројни манифестации. На свечената академија во Скопје, одржана на 7 октомври 1946 година,  за значењето на испраќањето на посмртните останки на Гоце Делчев во Скопје, како и за неговото животно дело, говореше регентот на Царството Бугарија (1944 - 1946) академик Тодор Павлов. Во својот говор Павлов, кој има македонско потекло, меѓу другото вели:

„Овој акт, актот на пренесувањето на коските на Гоце Делчев од новата слободна отечественофронтовска Софија во новиот слободен главен град на македонската слободна држава има, ќе кажам смело, големо историско симболично значење, уште повеќе што на својата предвидена маршрута тие ќе минат и низ Пиринска Македонија ...Македонија може да биде, треба да биде и ќе биде, најпосле, обединета во своите природни истoриски граници. А така обединета, силна, слободна, суверена и во секој однос напредна, таа навистина ќе стане силна соединувачка алка меѓу балканските словенски и другите демократски народи - славна историска улога која и` беше предназначена уште од времето на нејзиниот бесмртен син Гоце...“

Чествувањата ја достигнале својата кулминација на 10 октомври 1946 година, кога Гоцевите посмртни останки по неколкудневно патување, со највисоки државни и воени почести пристигнале во столицата на македонската држава. Тие биле однесени во црква Св. Спас во Скопје, а потоа биле положени во монументален мермерен саркофаг - темелот на македонската независна држава.

 

На прво место

News image

Источен Петок – Балаклија: Празник на водата, верата и надежта

Источниот Петок, познат меѓу народот како Балаклија, е еден од најзначајните празници што се одбел...

Иселеници

Култура и туризам

News image

Источен Петок – Балаклија

Првиот петок по Велигден се вика Источен Петок Балаклија. Тој спаѓа во Светлата недела поради што не...

Фељтон

News image

УНГАРИЈА - ВТОРАТА ТАТКОВИНА НА ЛЕФТЕР МАНЧЕ (11)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.