|
|
ШТО ЌЕ СЕ СЛУЧИ АКО ДОЈДЕ НА ВЛАСТ СДСМ СО СВОИТЕ ИЗМЕЌАРИ? |
Ако дозволиме СДСМ и нивните измеќари (ВМРО-НП, Обединети за Македонија и уште некои) да дојдат на власт, во Република Македонија ќе сe случи систематско разнебитување на македонското национално ткиво. Според нивните досегашни активности, најави и предупредувања, еве само дел од она што ќе се случува: 1. Сите поставени споменици на Александар Македонски во неколкуте градови на Македонија ќе бидат отстранети или урнати. 2. Називот на аеродромот „Александар Велики“ ќе биде сменет, а истото ќе се случи и со спортската арена „Филип Втори“, како и со неколкуте улици кои носат називи поврзани со античка Македонија. 3. Ќе бидат стопирани сите археолошки ископувања ориентирани кон антиката, а новооткриените арте-факти, кои сведочат за античката култура во Македонија, ќе бидат криени или кришум продавани на Грција. 4. Среде Македонците муслимани ќе биде пропагирано и форсирано создавање на нова „торбешка националност“ со крајна цел да се намали бројот на етничките Македонци во Р. Македонија. Зад овој проект веќе заеднички работат Фијат Цаноски (зет на криминалецот Велија Рамковски) и Бранко Црвенковски кој на еден од своите митинзи веќе јасно ги издвои торбешите во однос на Македонците! 5. Ќе биде спроведена широка кампања за промена на македонскиот идентитет во полза на Грција за што ќе се ветуваат милионски суми. Дали се ова шпекулации? Има ли вистина во ваквите тврдења? Размислете малку. Кој е денес најмногу против истражувањата на нашата античка историја? Одговорот е дека тоа се прогрчките платеници (етнички Македонци финансирани од странство), како и делови од моќното финансиско прогрчко лоби. Еден од најгласните е извесен новинар Васко Ефтов кој води хистерична кампања против нашата античка историја. Од друга страна дезориентираниот БЦ, финансиски врзан (преку кредитот од банката на Хари Костов) и со т.н. „торбеши“ (преку валканите пари од Велија Рамковски). Тој практично им седи во скутот на овие двајца. Ако кон ова го додадеме и Љ. Георгиевски со неговата пробугарска ВМРО-НП, тогаш тешко на Македонците ако дојде на власт целата оваа анти-македонска банда! Тие практично ќе работат според теркот на грчката и на бугарската политика и тоа ќе значи разнебитување на македонскиот народ. Дали ќе дозволиме да се случи ваквиот хорор? Тоа зависи од самите нас. Препратете ја оваа порака на сите ваши познати и пријатели.
|