Вторник, 30 Ноември 2021   
Ламбе Арнаудов: Заминувањето на грешникот кривоклетник

1 Lambe

Ламбе Арнаудов

Зоране! Ти си убедливо најлошиот човек во државава. Ама, не си најлош во партијата твоја. Таму има и полоши од тебе. Не сите. Само оние кои помеѓу тебе и државата се избраа себе си.

Сега гледај. Ти сигурно заминуваш засекогаш, на радост на народот и татковината. Многу се огреши кон народот и Македонија, ти се насобраа гревови што сите душмани на Македонија заедно досега толку многу не направиле. И, што е најлошо сите кога ти укажуваат на гревовите што им ги нанесуваш на луѓето, ти се колнеше во сé најмило и најсвето што еден човек може да поседува и безобзирно ЛАЖЕШЕ. Вистинско олицетворение на КРИВОКЛЕТНИК.

Во деновиве што следат судбинската поврзаност помеѓу тебе и твоите нарцисоидни себични “новороденчиња“ ќе биде раскината.

Таквите типчиња, кога е во прашање изборот меѓу тебе и себе, повторно без срам и намус ќе се изберат себеси.

- Ти сигурно ќе одговараш за своите злодела, тие ќе се оградуваат од тебе.

- Ти ќе тврдиш дека не си само ти крив, тие ќе се правдаат дека не те познавале или дека ти си ги наведувал на криминални дејствија.

-  Истите тие кои те фалеа дека одлично се справуваш со ковид кризата ќе те обвинуваат за смртта на нивните блиски и пријатели.

-  Кога на површина ќе излезат многу незаконски дејствија што си ги правел, први тие ќе те осудат и ќе кажат како не му е срам.

-  Градовите во Македонија се мали, улиците се тесни, ќе се сретнеш со нив. Ќе погледнат во затворениот мобилен или ќе застанат пред некој излог и ќе речат во себе: “Кај излезе ова ѓубре пред мене?“.

- До крај те подржуваа кога и ги нанесе најголемите зла на Македонија, менувајќи го името, бришејќи го идентитетот, јазикот македонски го стави во изумрени, сопствената историја ја замени за непријателска, туѓа, од нашата најмлада генерација, нашите деца направи АЗИЛАНТИ во сопствената татковина. ТИЕ, “твоите деца кои ти се родиле и мораше да ги гледаш“ сега ТЕБЕ ќе те посочат како предавник од прва категорија, а себеси ќе се воздигнуваат како патриоти кои ти си ги довел во заблуда.

Кога некојси чесен човек ќе ги укори дека не се во право што така те казнуваат бидејќи виделе арно од тебе, ќе одговорат: “Кој знае од која причина и со која намера ми помагаше. Сигурно имал некоја голема корист, а со нас се покриваше.“

-  Тие се орбитални луѓе, добро го познаваат законот за грешниците. Центрипеталната сила твоја е мала, веднаш ќе преминат кај другите и ќе тврдат дека секогаш таму припаѓале, а дека ти си грешка на природата со ниска, краткотрајна и помалку заслепувачка вредност кој сите си ги излажал и од нив си направил несвесни твои соучесници и за тоа ти се многу лути и ќе бараат секаква одговорност од тебе.

- Ако те прогласат за виновен, што искрено не ти посакувам, ако не си, тие твои Зоранчиња никогаш нема да се задоволат од било која висина на казната. Обесете го! Ќе зборуваат.

Но, да знаеш, тие не се виновни, ти ги направи такви, со што посеа зла маја и го затру  македонското општество.

Во една прилика лично в очи ти кажав Зоране, те познавав многу одамна и ти реков дека можеби си добар човек но времено те нападнал нечистивиот нате ма го. Сега гледам многу долго те држеше, по се изгледа ти е вродено. Многу гревови направи.

Еве ти прилика, одважи се. Излези храбро и достоинствено пред народот барај прошка и сега во Божиќните пости заколни се дека се каеш и дека никогаш повеќе тоа нема да им го правиш на народот и на Македонија и онака друга прилика никогаш повеќе нема да имаш.

Зошто грешките, гревовите и кривоклетвата се лични и само твои, а страдањата нé погодуваат сите нас во Македонија. Живи луѓе гореа во болници, во автобуси, невини дечиња, грижни мајки и млади луѓе, умираат од ковид и тие кои не требеше, донесе беда, сиромаштија, енергетска и економска криза. Дословно не остави без правото на здравствена заштита и осигурување и квалитетно школство што со Устав и Закон ни припаѓа, од сите граѓани на Македонија направи социјални, правни и економски робови.

Ај сиктер таму со се тие што сакаш да ги поставиш, кои се длабоко инфицирани од чумата што со себе ни ја донесе на сите нас и преку нив можеби полошите од тебе да го толчиш македонскиот народ и да ја разнебитуваш Македонија.

МАКЕДОНИЈА НЕ ТЕ САКА!

МАКЕДОНИЈА СЕ РАДУВА!

МАКЕДОНИЈА  НИКОГАШ ПОВЕЌЕ НЕМА ДА ДОЗВОЛИ ДА ЈА ГАЗИ политичко џуџе задоено со длабока омраза и гнев кон својот народ и татковина, што сите јасно ја видовме во тебе!

 

Историја

News image

Водици или Богојавление

Именден празнуваат: Богдан, (значи даден од Бога) Богдана, Бојан, Богомил (значи мил на Бога) , Јо...

Иселеници

News image

„НАГРАДАТА ЗА ЖИВОТНО ДОСТИГНУВАЊЕ ЗА 2022 ГОДИНА“ НА ОМД ОД ВАШИНГТОН ЗА СЛАВЕ КАТИН

На предлог на претседателот на организацијата „Обединета...

Култура и туризам

News image

ПОЕТСКИ МОЗАИК од поетесата Гордана Димовска како мост за спојување на далечините просторни и бележење на времињата

Поетесата Гордана Димовска својата видлива линија на заинтересирано премостување на далечните прос...

Фељтон

News image

ДЕЛ ОД ПОБЕДИТЕ НА АЛЕКСАНДАР III МАКЕДОНСКИ (ВЕЛИКИ) ВО ИНДИЈА (18)

Стрелците, кои јавале на коњи, први нападнале и речиси веднаш ги онеспособиле бојн...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.