Среда, 11 Август 2021   
ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ - 131
1martin1
 
ЗА ДИЛЕТАНТИЗМОТ НА АКТУЕЛНАТА ВЛАСТ 
 
 
1. Актуелнава власт во Македонија не прекинува да носи диплетантски и над се штетни одлуки за самата земја и нејзиниот меѓународeн углед. Последен "бисер" во владиниот опус на гафови и погрешни одлуки секако е одлуката на Владата за разрешувањето на дури 17 почесни конзули во Австрија и Германија наводно заради незадоволство од нивниот учинок и ефектите од нивната работа!?
 
   Морам да признам дека поголем дел од разрешените почесни конзули лично не ги познавам, но ги знам оние од Австрија и затоа и реагирам на нивното разрешување. Особено сум револтиран бидејќи разрешувањето доаѓа на предлог на досегашниот амбасадор на РМ во Австрија чиј главен дострел е што и тој е родом од село Муртино, струмичко, како и Зоран Заев! Не ми е јасно врз основа на што споменатиот амбасадор упатил предлог за разрешување бидејки во текот на годинава и половина што измина и Австрија беше погодена и речиси парализирана од вирусот Корона 19 па никакви активности немаше можност да се организираат и реализираат. Дали нему (на мутринскиот амбасадор) и на некадарнава влада им пречеше што тие почесни конзули беа именувани на предлог на претходните Македонски амбасадори во Австрија, или пак интенцијата е: по секоја цена да се именуваат слепи и некритички подржувачи на актуелната власт дури и во странство, а не личности од авторитет и влијание во тие средини, секако политички и идеолошки неопределени и неоптеретени, што не исклучувам дека било третирано како нивен грев, гледано со диоптријата на Зоран Заев, можеби и на неговиот министер за "по вонка" (што био рекле струмичани) Бујар Османи.
 
   Ќе се осврнам само на еден пример, колкава е загубата за нас како држава со разрешувањето на една почесна конзулка во Виена. Станува збор за универзитетска професорка по медицина со чиј личен ангажман е постигнат договор за соработка помеѓу Клиничкиот центар во Скопје и АКХ клиничкиот центар во Виена. Нејзе и на другите разрешени почесни конзули муртинскиот амбасадор наводно им замерал што не обезбедувале финансиски средства (читај кеш) за Македонија. Лично сум сведок дека професорката од свој џеб ја плати салата (5.000 евра) за "Македонската вечер" и промоцијата на Даниел Кајмакоски за Евровизискиот фестивал што се одржа во Виена. Таа ја плати салата и за настапот на "Танец" во објектот на светски познатиот "Хор на Виенските деца", делумно ја спонзорираше и туристичката промоција на Охрид во Виена. Професорката дури го плати од свој џеб лекувањето на охридски бизнисмен кој од кога му заврши третманот во клиничкиот центар АКХ си ги собра парталите и избега без да ја плати сметката (ете тоа сме и такви сме ние македонците - се разбира не сите). На колкумина од Македонија споменатата професорка им има помогнато да бараат спас од разни болести и здравствени проблеми во АКХ клиничкиот центар, не треба ни да се спомене!
 
   Да не заборавиме да споменеме во оваа прилика дека пациенти на нашата досегашна почесна конзулка биле голем дел од австриската политичка елита - премиери, министри, пратеници...(и не само тие), но и актуелниве австриски политичари и општественици, и да не говориме!
 
   И наместо актуелнава влада да ја предложи досегашнава почесна конзулка за македонско државно одликување (орден за заслуги или нешто сл.) што секако го заслужува, тие ја разрешуваат туку така, од ракав, и тоа само врз основа ја предлогот на фрутстриран муртински амбасадор!? Ете на тоа дереџе е сведена македонската дипломатија и нашето претставување во светот. Каков дилетантизам!!! Невидено!!!
 
2. Судејки според пишувањето на лондонски Тајмс, Македонија живее (или  подобро речено: преживува), во средновековен/феудален мрак! Весникот се повикува на извештајот за работата на јавните обвинителства за 2020 година, според кој излегува дека македонските судии се побрутални од Талибанците во Авганистан и од некогашниот режим на Сталин во Русија!?  Во споменатиот извештај се укажува дека осудителните пресуди во Македонија по бруталност се исти како во шеријатскто право во исламот. Страшно!!!
   
   Според пишувањето на Тајмс, во Македонија, кога нема докази за вина и кога доказите не се во согласност со Законот за кривична постапка, се создаваат аналогии со помош на улицата, a од гласини se создадavaaт впечатоци кои стануваат судско убедување. Овој метод постои  во шеријатското право и се вика Иџтихад (толкување на состојбата и појавите кои не се против законот дури ни според Куранот, но ако улицата бара крв и пресуда, судот им ја дава). Во демократскиот свет таква судска бруталност не е ни замислива, заклучува Тајмс.
 
   На извештајот за работата на Јавното обвинителство за 2020 година се осврнува и адвокатката Сузана Јошевска Анастасовска која констатира "традиционално неверојатна ефикасност на оваа институција - од сите судски постапки што ги водела во 2020 година дури 95% ги добива со осудителни пресуди, a oдбраната успева да обезбеди ослободителна пресуда во само 1,7% случаи"!

  "Не сум чула да се направи сериозна анализа за тоа како е можно да зборуваме за неефикасност и постојано да бараме реформа на обвинителството и полицијата, а тие да испорачуваат традиционално вакви неверојатни резултати и како е можно систем со толку недостатоци, корупција и недоследности во постапувањето да е подобар од развиени судско-обвинителски системи со силна традиција", коментира Јошевска?!

   Со други зборови, извештајот уште еднаш покажа дека граѓанинот треба да се плаши да не биде ставен “на лента”. Шансите за ослободителна пресуда му се 1,7%!, предопредува Јошевска.
 
3. Македонија гори! Републиката е во пламен! Ова лето, како никогаш до сега, Македонија се соочува со невидени пожари што нанес(оа)уваат огромни штети но отворија и бројни прашања за сите нас, а особено за оние кои ја водат државата.
 
    Прашање: Како е можно во исто време да букнат осум, или повеќе пожари на разни локации? Нели е тоа сигнал дека станува збор за диверзии, односно организирана акција за симултано подметнување пожари!? Во Преспа е уапсен Албански државјанин (32) со основан сомнеж дека подметнувал пожар. Нели е и тоа показател од каде можеби доаѓаат евентуалните подметнувачи и со која цел? Се надевам дека истрагата ќе го каже тоа.
 
    Но се поставува прашањето: што работат нашите подземни, што би рекол известителни, служби та не успејаа да фатат никаква комуникација за давење инструкции и координирање на подметнувачите на пожарите (или нашите прислушкувачи се зафатени со шпиунирање на активистите и опонентите на власта од опозицијата.
 
    За одговорните во службите за превенција и да не зборуваме. Стојанче Амгелов вежба вилици со бескрајни изјави и пресови за медиумите, а во меѓувреме нашите шуми горат. Дури се закани дека ако премногу го критикувале, ќе си одел, и дури ќе ја напуштел земјата. Бре што ме насекира, туф, туф, туф! Оди Стојанче, заминуј! Во Ирак такви како тебе чекаат со раширени раце! Заради тебе и таквите како тебе од власта на која и служиш заминаа од Македонија прекрасни млади луѓе со билет во еден правец, а опортунисти како тебе им ги окупираа работните места што со право им припаѓаат на тие млади луѓе, нашата надеж и иднина.

   Дали ви е познат поимот одговорност некадарници едни???
 
   Забелешка: Во меѓувреме З.З. го скрати одморот и ни се врати свеж и исунчан (очигледно некој го котлоса заради одсуството на eлементарен осет за мигот /трагедијата со пожарите/ со којшто се соочуваме! Се врати Заев и и соопшти на нацијата дека "бил задоволен што функционирал системот"!? Црни Зоране, кај ќе ни беше алот ако не дојдеа пожарникари од Австрија,Словенија, Романија, Бугарија и Србија со своја опрема, пожарникарски возила, хеликоптери и авиони за гнаснење пожари??? Ќе изгоревме Зоране!!! "Набавивме противпожарна опрема, ама не доволно...", ќе поентира Заев. Зоране, Словенците и целиот свет ни се смее од фотографијата од 50-години стара македонска цистерна а до неа потполно ново противпожарно возило. што набавивте до сега Зоране Заев? И лично си одговорен за оваа невоља што не снајде или можеби ни е подметната од само некому познати причини!? 
            
  (Нешто од внатре во душава ми говори за можноста пожарите сепак да се домашна работа, т.е. дело на домашни подземни структири!? Можен мотив? Па на пример:  да се забошоти скрнавењето на најсветиот ден на нас Македонците - двојниот Илинден, што го направи сегашнава тоталитарна, криминална и пред се предавничка власт)!
 
4. И додека Зоран Заев не убедува дека набавувал опрема за гасење пожари,  (небаре сме слепи та не гледаме, или групи та не разбираме) и во својот занес неколку пати рече дека обезбедил пет илјади тони вода за хеликоптерите(!?) пратеникот Змаго Јелинчиќ, лидер од Словенечката национална алијанса и пратеник во Собранието на Словенија го нарече преку твитер "крал на марихуаната", "најголем криминалец на Балканот" и "домашен предавник што ја продаваше Македонија на странци, кој ужива огромно богатство, а македонските пожарникари хасат со возила од втората светска војна!"
 
   Засега нема никаква реакција од Зоран Заев, ниту од неговиот кабинет на оваа изјава на пратеникот Јелинчич.
 
5. Членката на најголемиот воен сојуз НАТО - Република Македонија, остана сиромашката само со два употребливи хеликоптера (мислам дека во АРМ вкупно, на список, имаме осум) и три авиони за гаснење пожар "Канадери", неупотребливи - за жал, бидејки не поминале тендерите за нивно сервисирање.
 
   А зошто спаднавме на ова дереџе? Заради немање на пари или пред се заради негрижа и неодговорност на тие што треба водат сметка и примаат плата за овие работи кои, како се чини, се преоптоварени со тендерите и прибирање во кеш пари за сопствениот џеб, или за поткуп на престојните локални, а ќе даде Бог и парламентарни избори?
 
   Пари не ќе да нема! Па како најдоа 210 милиони долари за да купат некаква железарија (оклопни возила) од САД за "потребите на армијата на Македонија"? Со тие пари можеа да купат најмалку 10-15 хеликоптери (зависно од опремата) или stotina противпожарни возила и многу побргу и поефикасно да се справат со огнената стихија во нашата земја! Впрочем, многу пооправдано ќе беше парите од македонските даночни обврзници да се инвестираат во хеликоптери и заради конфигурацијата на теренот (65% од територијата на Македонија се ридови и планини). Ќе ни се најдеа и зимно време (а не да ни смрзнуваат луѓе во изолираните планински села заради немање превоз и пристап во зимски услови), но и за брза помош, регулирање на сообраќајот, поплави и слични драматични ситуации и елементарни непогоди!
 
   На министерката за одбрана Шекеринска не и се лутам заради проблемот со хеликоптерите! Жената едноставно не знае и таа проблематика не и е специјалност. Но не исклучувам Радмила евентуaлно да си пројавила апетит да си мазне дел од провизијата од 20% што вообичаено се дава при купување на оружје и воена опрема. Впрочем, тоа нејзе и не и е страно бидејки не еднаш, така барем други тврдат, дека и таа пројавила апетит кон таквите, како што милува да ги нарекува, "бонбона бизниси".
 
М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадо
 

На прво место

Историја

News image

Христо Узунов

Роден е во Охрид, на 22 февруари 1878 година во Охрид. Уште како ученик на Солунската егзархиска гим...

Иселеници

News image

Зошто изумираат јазиците

Историскиот развој на светските јазици е приказна за себе ...

Култура и туризам

News image

Легенди од Кратово и Кратовско

Гаѓан камен На 24 километри западно од Кратово, во непосредна близина на познатиот археолошки локал...

Фељтон

News image

ПОЧЕТОЦИТЕ НА ОСВОЈУВАЊАТА НА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ (ВЕЛИКИ) (4)

Александар пресметал дека со една изненадувачка демонстрација на сила, би можел да...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.