Сабота, 07 Август 2021   
ЗА НЕКОИ СТРУЧЊАЦИ ДЕКАНИ И ЗА ФИКТИВНАТА БОРБА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

1Djordji Ilievski

ЗА  НЕКОИ СТРУЧЊАЦИ ДЕКАНИ И ЗА ФИКТИВНАТА БОРБА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Законот за високото образование позицијата на Деканот на факултетот ја пропишува во член 114, каде јасно стои дека: (1) Деканот на факултетот, е раководен орган. (2) Деканот го претставува факултетот, во земјата и странство во согласност со статутот на универзитетот и статутот на факултетот. (3) Вршењето на должноста декан и продекан, е неспојливо со вршење на друга јавна функција или функција во политичка партија

Деканот е должен најмалку еднаш во годината до наставно-научниот совет, и до ректорот на универзитетот да поднесе извештај за својата работа. Доколку наставнонаучниот совет не го прифати извештајот за работата на деканот, се смета дека деканот е разрешен и се известува ректорот да именува вршител на должноста декан. Истиот ден кога наставно-научниот совет нема да го прифати извештајот за работа на деканот отпочнува постапка за избор на нов декан. Деканот е одговорен за законитоста и статутарноста на работата на органите на факултетот и има право и должност да запре од извршување општ акт и одлука на овие органи за кој смета дека не е во согласност со закон, статутот на универзитетот и статутот на факултетот, и за тоа го известува ректорот кој донесува одлука по спорното прашање.

Секој декан кога стапува на должност се очекува да дејствува во рамките на овие одредби. Огромна е надлежноста и моќта во рацете на деканите. Но, дали во практиката е така? Се додека спијат моите поранешни колеги од Државниот проветен инспекторат, се додека јавното обвинителство постапува селективно, се додека Вицепремиер за борба против корупцијата е Љупчо Николовски ќе има злоупотреби на Законот за високото образование од нивните пулени, локални функционери на СДСМ и така се до највисоките ешалони на власта. Овие мои издржани тврдења ќе ги поткрепам со факти. Зошто? Затоа што пред фактите и БОГОВИТЕ молчат! Еве ги моите откритиија:

Марјан Габеров е доцент на Факултетот за правни науки при Европскиот универзитет и истовремено повеќе од две години е Декан на Факултетот за правни науки.

(Интервју со доц. д-р Марјан Габеров од 06.04.2021 година во весникот “Вечер”, https://www.vecer.press, https://www.facebook.com/EuropeanUniversitySkopje/posts/4037784302911272/). Марјан Габеров е носител на јавна функција заради што има и доставено Анкетен лист до Државната комисија за спречување на корупција:

 

1ins191

Имено, Марјан Габеров е Претседател на Одбор за контрола над материјално финансиско работење на ЈКП Дервен од Велес, а истовремено во тој период е и Декан на факултет????

1ins1292Но, апетитите на локалните стручњаци од СДСМ, како што е и Марјан Габеров, како функционер од редовите на СДСМ, на 41 седница на Владата на РСМ одржана на 21.06.2021 е именуван за член на УО на ЈЗУ Центар за јавно здравје Велес (https://vlada.mk/node/24015).

Се поставуваат следните прашања за овој стручњак: дали сопствениците на универзитетот се запознати со овие воннаставни активности на нивниот декан? Дали овој декан го информирал Ректорот или пак Ректорската управа за овие негови активности кои се во спротивност со Законот за високото образование? Доколку не ги информирал зошто ги довел во незавидна ситуација? Сепак, сопствениците на универзитетот досега покажале високо ниво на општествена одговорност и се борат за подобар имиџ на својот универзитет и сметам дека истите заслужуваат да бидат информирани од нивните професори кои активности ги имаат надвор од универзитетот и да дадат согласност особено доколку се работи за активности кои се косат со Законот за високото образование.

Второ, Деканот на факултетот за безбедност универзитетот УКЛО редовно е вклучен во партиските кампањи на СДСМ, проф. Никола Дујовски, а привилегиитее кои ги ужива благодарение на овие активности се огромни: сопругата му е врботена во МВР, тој беше номиниран во комисијата за реформи и проверка на кадрите (ветинг)  во МВР, а сега се зборува дека освојувајќи ги симпатиите на Заев се спрема за нов директор на Агенцијата за национална безбедност. Едноставно, борба за функции! Но, Законот за високото образование е многу дециден и академската фела треба да биде колку што е можно подалеку од партиски трибини и кампањи.

Трето, за фиктивната борба против корупцијата би сакал да ја информирам јавноста дека овој месец Владата донесе одлука за финансирање проекти од невладините организации. Од 33 проекти само 3 се однесуваат на борбата против корупцијата. Е тоа е вистинското лице на Владата! Не помогнаа ни укажувањата од нашите пријатели од САД и нивниот претседател. Неколку денови откога бевме потсеттени од САД дека водиме фиктивна борба проитв корупцијата, Владата веднаш го потврди сомнежот со донесување на една ваква скандолазна одлука која може да ја видите на овој линк (https://vlada.mk/node/25846):

1ins1393

Ние како јавност и САД нема што повеќе да очекуваат од Владата затоа се што прави оваа Влада покажува дека води само декларативн аборба против корупцијата.

Виш просветен инспектор

Ѓорѓи Илиевски

 

На прво место

Историја

News image

Христо Узунов

Роден е во Охрид, на 22 февруари 1878 година во Охрид. Уште како ученик на Солунската егзархиска гим...

Иселеници

News image

Зошто изумираат јазиците

Историскиот развој на светските јазици е приказна за себе ...

Култура и туризам

News image

Легенди од Кратово и Кратовско

Гаѓан камен На 24 километри западно од Кратово, во непосредна близина на познатиот археолошки локал...

Фељтон

News image

ПОЧЕТОЦИТЕ НА ОСВОЈУВАЊАТА НА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ (ВЕЛИКИ) (4)

Александар пресметал дека со една изненадувачка демонстрација на сила, би можел да...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.