Среда, 21 Јули 2021   
Бај Гањо и Итар Пејо во вселената

1ab

Свекрва

Нова македонска приказна: Бај Гањо и Итар Пејо во вселената

1php111

Согледувајќи дека ни со сила не може да го натера македонскиот народ да прифати дека има бугарски корени, дека неговата историја е бугарска и дека говори западнобугарски дијалект, а со цел да го одоброволи за да ја прифати нивната „нучна верзија“, Софија одлучи да испрати „северномакедонски“ астронаут во вселената. Властите во Скопје, ја прифатиле понудата на соседот, но на инцијатива на ЗЗ, побарале и преставник на Албанците од Македонија да учествува во мисијата на Месецот и да може да ги користи неговите симболи албанското знаме и јазикот. На тоа се спротивставиле Американците. Со помош на САД било договорено да биде испратен по еден космонаут од Софија и Скопје, кои ќе летаат со нивни космонаут.

Поради страв дека во вселената може да започне „Војна на звездите“, доколку бугарскиот и македонскиот астронаут почнат да се расправаат за потеклото, историјата и јазикот, Софија реши во вселената да го испрати својот национален херој Бај Гањо, кој во себе ги носи обележјата на бугарскиот патриотизам, но и простотилок. Според нив тој ќе ја почитувал вољата на бугарската влада и нивните инструкции, со кои ќе се оствари сонот за Сан Стефано.

Од друга страна властите во Скопје, предводени од „големиот ЗЗ“, исто така, плашејќи да не избие конфликт со Бугарите, реши во мисијата да го испрати мариовскиот шегобиец и итроман Итар Пејо, олицетворение на македонската мудрост. Тие очекуваа од Пејо да ги одбегнува правокациите за време на патувањето, да се побратими со Бај Гањо и откако ќе се врати на земјата како национален херој, прв од Македонија кој бил на Месечината, да влијае врз народот да ги прифати барањата на Софија, а со тоа да ја спречи да постави вето при влез на земјата во ЕУ.

По долги психофизички подготовки, со помош на американската Национална аеронаутичка – вселенска управа (НАСА), трочлен амариканско-македонски-бугарски екипаж тргна кон крајот на 2025 г. Тоа беше прва планирана човечка посета на Месечината по декември 1972 година.

На вселенскиот брод „Бугарска желба“, му беа потребни четири дена за да стигне до своето одредиште. Додека бродот со тричлениот екипаж мирно пловеше кон Месечината, уште првиот ден, Бај Гањо се обиде да го придобије Итар Пејо. Тој му предложил да го научи да краде, бидејќи во неговата земја владата на ЗЗ тоа го третирала како национален спорт. Пејо немал ништо против да научи уште некој занает и првите два дена вежбале со опремата од бродот и лични предмети на екипажот.

Пред крајот на патувањето, Бај Гањо му рекол на Итар Пејо како последен тест да го украде вселенскиот костим на Американецот, без тој да примети. Бај Гањо уште му ветил дека ако го надмине како крадец, да го украде костимот на американецот и да му овозможи на Бај Гањо прв да слезе на Месечината за да може да го постави бугарското знаме, ќе го награди со земја.

Пејо се согласил и го украл не само американскиот, туку и бугарскиот вселенски костим. И додека американецот и Бај Гањо ги барале костимите во трката по времето кој побргу ќе слета на Месечината, за тоа време Итар Пејо го зел својот вселеснски костум, се вовлекол во модулот и слетал на дотогаш не освоен дел на Месечината. Наместо американското или бугарското тој го поставил македонското знаме на Месечината, со што таа област станала македонска територија.

Кога Итар Пејо се вратил на вселенскиот брод, американецот и бугаринот го молеле да им дозволи и тие да ги постават своите знамиња на таа тариторија, за да им овозможат на своите влади нови територии. Македонскиот итромам и шегобиец Итар Пејо свесен дека македонските власти уште долго нема да можат да стапнат на таа територија и да ја користат, се сложил, но истовремено побарал на Македонија да му остане мало парче на Месечината, а за возврат побарал од Бај Гањо во замена да ја добие Пиринска Македонија, а од американецот неговата земја да помогнат да се врати Егејскиот дел на Македонија.

Така Итар Пејо со едн удар ја завршил работата што неговиот народ неможел да го оставари повеќе од стотина години.

 

На прво место

News image

Јас се ќе прифатам спасувајте ме на избори

Неодговорен пристап на Заев кон идентитетот и историјата

Историја

News image

Билтенот „Лист на ВМРО-ДПМНЕ“

Со своето неколку месечно постоење ВМРО-ДПМНЕ се афирмира како авангардна национална и демократска п...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ДЕЛ ОД СУДБИНАТА НА МАКЕДОНСКИТЕ ПРОГОНЕТИ ДЕЦА – БЕГАЛЦИ (21)

Дo 1959 година, Грциjа преземала екстремни мерки да ги затвори своите граници со Албаниjа, Jугосла...

Фељтон

News image

АЛЕКСАНДАР III МАКЕДОНСКИ ВО ДЕЛОТО „ИСТОРИЈА НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ОД АНТИЧКИОТ ПЕРИОД ДО ДЕНЕС“ (1)

Тоа е дело на „Македонска искра“, Скопје, 2008, на 500страници, на македонски јази...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.