Среда, 23 Јуни 2021   
Рубинчо Видое Јованоски : Зоки едно кажува дома, а друго ветува во странство

1 rubin jovanoski

Ротирачкото португалско шестмесечно претседателствување со ЕУ завршува за десетина дена, поточно на 1ви Јули кога диригентската палка во наредните 6 месеци ќе ја има Република Словенија на чело со претседателот Борут Пахор и премиерот Јанез Јанша.

Португалија даде предлог кој се чуваше конспиративно далеку од очите на јавноста и кој истиот од наша страна во прв момент се прими со доза на оптимизам дека конечно Бугарија ќе попушти, и со самото тоа ќе го симне ветото за нашата земја и конечно ние ќе можеме да ги почнеме преговорите со ЕУ за побрзо членство во европската асамблеја.

Бугарските власти ги знаат слабостите на момчето од Муртино кое знае да прави пазар само за чушки и френки и истите чекаат на неговите губитнички потези.

Па така на последното негово Софиско патешествие во состав со Османи и Димитров и надополнет со олеснувачот предложен од наша страна во македонско-бугарскиот спор, а тоа е затвореникот Владо Бучковски повторно пред бугарскиот државен врв се крена белото знаме кое беше предвесник за предавничките политики на клептоманот од Муртино со иницијали З.З.

Многу е жално што лицето З.З. пред секое заминување во странство пред очите на целокупната македонска јавност лаже дека по никоја цена нема да преговара за националните интереси на својата земја. Тоа е кога се наоѓа на македонска почва а штом аболицираното лице З.З. стапне во конкретниот слуќај на бугарска почва дава предавнички предлози и без консултации со експертската јавност од нашата земја ветува дека ако треба и ќе се го отвори уставот со цел да се задоволат големобугарските апетити.

Тоа го прават личности кои немаат зацртано план и идеа за настап и лобирање со земји кои го кочат влезот на нашата земја во ЕУ.

Во оваа прилика само да нагласиме дека српскиот претседател Александар Вучиќ кој има тешки преговори со челниците на Косово со посредничко медијаторство на странски фактор но секогаш кога ќе се врати од маратонските преговори излегува пред јавноста, елаборира што се разговарало и во истиот момент отвара дебата со сите политички субјекти во земјата без разлика дали се позиција или опозиција и бара мислења и сугестии за следните негови настапи.

Тој е одговорен политичар а не како нашиот Зоки кој едно кажува дома, а сосема друго пред странскиот фактор.

Дипл. екк. Рубинчо Видое Јованоски

Новинар и довчерашен одбојкарски судија

 

На прво место

Историја

News image

Повик за Илинденското востание

Повик за Илинденското востание

Иселеници

News image

ИСТОРИСКИОТ РАЗВОЈ НА „ИЛИНДЕНСКИТЕ ИСЕЛЕНИЧКИ СРЕДБИ“ ВО ЉУБОЈНО (18)

Илинден е најголемиот ден на слободарскиот дух од сите ден...

Култура и туризам

Фељтон

News image

ОДНОСОТ НА АТИЊАНИТЕ, ТРАКИЈЦИТЕ И ДРУГИТЕ АНТИЧКИ НАРОДИ КОН МАКЕДОНЦИТЕ (21)

Она што започнало како интереси на Атина во егејското крајбрежје за да се заштити Ба...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.