Среда, 16 Јуни 2021   
Мартин Треневски : ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ - 123
1martin1
 
ИЗВРШНАТА НАРЕДБА БЛЕСНА КАКО МОЛЊА ЗА ВЛАСТА, НО И ЗА ОПОЗИЦИЈАТА  
 
 
1. За само десетина дена Зоран Заев два пати се сретна - на нејзино барање, со Американската амбасадорка во Македонија Н.Е. Кејт Мери Брнз. Ваква динамика на дипломатски активности меѓу стратегиски партнери би била разбирлива во вонредни околности (воена закана, на пример, природни катастрофи или нешто слично) но бидејки нема ништо од тоа, со право се наметнува прашањето:  што бил поводот за овие средби?
 
   На ова прашање се обидоа да дадат одговор многу македонски медиуми особено од кога како молња блесна Извршната наредба на Претседателот на Сад Џозеф Бајден, срочена со внимателно бирани зборови но и многу јасни пораки упатени дирекно на лидерите на земјите од Западниот Балкан. Иако власта и нејзе наклонетите медиуми,  најразлично - секој од  свој агол и интереси, ја "прочитаа" Извршната наредба на Бајден, но од аспект што се однесува на состојбите во Македонија, според мене - кристално јасно е дека таа се однесува пред се на власта!
 
   Што се однесува до власта, претпоставувам дека акцентот на укажувањата на амбасадорката Мери Брнз на средбата со Заев биле огромниот криминал и корупција карактеристични за неговата влада и неговото владеење, коруптивното судство и политички пресуди и прогони на неистомислениците и сл. Што мисли Зоран Заев, дека дипломатите на Калето не гледаат што прави тој, неговиот брат Вицето, неговиот министер за здравство, и особено неговите градоначалници!? Па криминалот и корупцијата во Македонија се на така високо ниво што единствено може да се споредуваат со некои режими во Африка и Јужна Америка! Македонија сепак е членка на НАТО каде  важат многу строги стандарди за овие прашања.
 
   Не може Зоране Заев афера како онаа со издавање 214 пасоши на врвни криминалци да помине без расплет и консеквенци, или бројни коруптивни афери за кои слушаме секојдневно! Речиси нема градоначалник од твојата партија Зоране Заев кој на секој тендер не зацртал процент за себе. особено овие во Скопје. Зарем мислиш дека Калето тоа не го знае и не го следи? Ете затоа Извршната наредба на Џозеф Бајден, во делот на криминалот и корупцијата се однесува токму на тебе и на твето владеење и на државно и на локално ниво!
 
2. Во Лондон се одржа самитот на земјите-членки на групата Г7. (Само за појаснување: членка на групата Г7  може да биде земја која има годишен ЏиДиПи (бруто-домашен производ) над еден трилион (илјада милијарди) долари)!
 
    Освен "седумте величенствени" членки на овој ексклузивен клуб (САД, Велика Британија, Канада, Франција, Јапонија, Германија и Италија), условот за членство го исполнуваат уште некои земји кои сепак не се членки во него, на пример, Русија и Кина.  Русија додуша беше членка, но ја казнија и ја избркаа од клубот по инвазијата и анексијата на полуостровот Крим, а Кина не ја ни поканија во членство, иако земјата по многу параметри е далеку помоќна од повеќето од членките во групата Г7!
 
   Ваквата ситуација мислам дека е многу кратковида и штетна бидејки сметам дека глобални проблеми, со коишто се занимаваат членките на групата најразвиени земји Г7 не може да се третираат и решаваат без дирекно и активно учество на Русија и Кина! Перцепцијата дека живееме во униполарен свет е одамна надмината и застарена и што поскоро тоа го сватат некои од членките на групата Г7, тоа подобро ќе биде за сите нас!
 
3. Русија протера дипломат од Македонската амбасада во Москва. Овој потег укажува дека односите на Република Македонија со Руската Федерација се на многу ниско ниво и на штета на нашата земја! Верувале или не: сега Македонија во Русија има само еден единствен дипломат во функција на вршител на должноста амбасадор, а неколку години наназад воопшто немаме амбасадор со полн капацитет! Ова, само по себе, доволно јасно говори колку е неодговорен односот на Репблика Македонија кон Русија која е членка на Советот за безбедност; земја со огромен и атрактивен пазар за нашите земјоделски и други производи, а кога е во прашање спорот со Бугарија, Рускиот став е во наш прилог, а тоа е: кирилицата и поравославието стигнале во Русија ОД МАКЕДОНИЈА (тоа јавно го изјави во една прилика претседателот Путин, што предизвика бура од бес во Бугарија)!
 
   Но, дали мораше да дојде  до взаемно протерување на дипломати?
 
Ние први протеравме руски дипломат бидејки, наводно, се обидувал да врбува луѓе од МНР да работат за руската амбасада во Скопје. Ова, наводно, било документирано и со материјални докази!? Мислам дека во случајов можеше и требаше да се постапи повнимателно и побезболно. Конкретно, да се запознаеше руската страна со проблемот, да им се презентираат доказите и да се побараше (без многу бука) да го повлечат спорниот дипломат, а на негово место да испратат друг. На тој начин и ние ќе можевме да си го задржиме нашиот дипломат во Москва.
 
   Се сеќавате на лицето Џес Бејли? Тој (како заменик амбасадор на САД во Анкара) беше детектиран како организатор на немирите во Турција, на плоштадот Таксим во Истанбул, против претседателот Ердоган. Турција му упати дискретно предупредување на Вашингтон: Или вие самите повлечете го, или ние ќе го протераме! Американците го повлекоа Бејли од Турција и ни го утрапија нам, во Македонија, каде направи вистинска пустош: организира туркање на легално избраната влада на Никола Груевски, смена на името на државата и нејзиниот Устав, го устоличи муртинецот за премиер.....
 
    Македонија по втор пат брка руски дипломат (претходно тоа го стори Никола Димитров). Да се надеваме дека сепак ќе извлече поука од овие  л о ш и  практики и ќе најде начин да гради коректни односи, а не да ги руши и онака кревките релации со оваа голема земја и светска сила.
 
4. Шефот на македонскиот дел од мешовитата комисија за историски прашања со Бугарија проф. Ѓоргиев соопшти дека и неодамнешниот состанок на комисијата завршил без било каков напредок бидејки Бугарската страна настојувала да се прикаже Бугарија како единствен наследник на цар Самоил и неговото царство.
 
   Не сум историчар, но историјата ми е пасија и како млад новинар-почетник имав прилика многу да научам на оваа тема од пок. историчари Драган Ташковски, пок. Бранко Панов, акад. Владимир Мошин, но и преку литературата и од други авторитети. Познато е дека македонскиот цар Самоил во последната фаза од неговото владеење ја  у з у р п и р а л  круната на бугарските цареви (постапувајки по советот од Ватикан), но тоа во никој случај не го прави Бугарин во етничка смисла (вакви слични примери во историјата има премногу). Се чудам зошто нашите членови на мешовитата комисија за историски прашања понагласено не се повикуваат на - според мене еден од најголемите авторитети за средниот век и Византија во дваесеттиот век, акад. Георгије Острогорски, автор на епохалното дело "Историја на Византија", kое преведено на германски и денес е еден од најзначаајните учебници за Византија во Германија.
 
   Острогорски категорички тврди дека не постои документ во историската наука што  би потврдил постоење на западно бугарско царство и дека, за разлика на царството на бугарските цареви Симеон и Петар, Самоиловото царство се ралликувало и по состав и по карактер и неговото тежиште било во Македонија!!!
 
Пред фактите и боговите молчат, зарем не!? 
 
М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор
 
 
 

На прво место

Историја

News image

Повик за Илинденското востание

Повик за Илинденското востание

Иселеници

News image

ИСТОРИСКИОТ РАЗВОЈ НА „ИЛИНДЕНСКИТЕ ИСЕЛЕНИЧКИ СРЕДБИ“ ВО ЉУБОЈНО (18)

Илинден е најголемиот ден на слободарскиот дух од сите ден...

Култура и туризам

Фељтон

News image

ОДНОСОТ НА АТИЊАНИТЕ, ТРАКИЈЦИТЕ И ДРУГИТЕ АНТИЧКИ НАРОДИ КОН МАКЕДОНЦИТЕ (21)

Она што започнало како интереси на Атина во егејското крајбрежје за да се заштити Ба...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.