Среда, 16 Јуни 2021   
Рубинчо Видое Јованоски : Земјата оди во банкрот

1 rubin jovanoski

Во денешни услови кога во сите земји на Земјината топка владите на истите штедат финансиски средства со цел да се совлада економската криза предизвикана од коронавирусот Ковид-19. За разлика од подобростоечките и финансиски стабилни земји, нашата извршна власт пред извесно време нагласи дека за владини функционери ќе најави 45 лимузини со оперативен лизинг од 36 месеци.

Всушност ова е втор тендер во најава со оној од 2018 година кога исто така беа набавени лимузини со оперативен лизинг. Од ова може да се заклучи дека актуелната власт ако нема предвремени парламентарни избори и во 2024 година ќе има нов тендер за набавка на нови лимузини. Овде иронијата да биде уште поголема кога извршната власт се расфрла со непотребни финансиски средства, доминицилното население плива во долгови.

Јавниот долг ја надмина црвената линија и моментално е околу 60% со тенденција да расте до 65%, тоа е еден вид најава за банкрот на земјата. Од Заводот за статистика објавија резултати дека од првиот квартал оваа година БДП е под -1,9%. Во најава е поскапување на електричната енергија, а на секои  7 дена се покачуваат цените на нафтените деривати. Во една ваква сложена финансиска состојба треба да се мисли и за покачување на данокот особено на имот од една и во оваа вонредна ситуација да се воведи минимален данок со назнака за зачувување на животната средина. Исто така подобро е ДДВ за електрична енергија од 18% да се намали на %5.

Иронијата да биде голема, и ФЗО во оваа пандемиска криза кога истото треба да вбризгува финансиски средства со цел обезбедување на истите во лекувањето на доминицилното население во борбата против корона вирусот Ковид-19 и тие набавуваат две луксузни лимузини.

Извршната власт и ФЗО треба да обезбедат услови за пациентите заразени со Ковид-19 да имаат исти услови за помош во јавните и приватните здравствени установи. Во една вонредна состојба која истата е одобрена од законодавниот дом треба со посебен амандман на одреден член на законот за здравствено осигурување со цел да има уравниловка во поглед на наплатата на финансиските средства за успешното лекување. Има моменти кога семејства со минимален месечен паричен надоместок и оние со средна класа да бидат принудени да земат заем од роднини и пријатели и најтрагично е да обезбедат средства со хипотекарни кредити со цел да ги подмират трошоците особено во здравствените установи каде цените за лекување се баснословни.

На крајот што ќе се случи а досега се има случено, да почине пациент во приватна здравствена установа со аконтација од страна на семејствата со импозантни финансиски средства? Дали истите финансиски средства ќе му бидат вратени на нажалените семејства?

Дипл. екк. Рубинчо Видое Јованоски

Новинар и довчерашен одбојкарски судија од Прилеп

 

На прво место

Историја

News image

Повик за Илинденското востание

Повик за Илинденското востание

Иселеници

News image

ИСТОРИСКИОТ РАЗВОЈ НА „ИЛИНДЕНСКИТЕ ИСЕЛЕНИЧКИ СРЕДБИ“ ВО ЉУБОЈНО (18)

Илинден е најголемиот ден на слободарскиот дух од сите ден...

Култура и туризам

Фељтон

News image

ОДНОСОТ НА АТИЊАНИТЕ, ТРАКИЈЦИТЕ И ДРУГИТЕ АНТИЧКИ НАРОДИ КОН МАКЕДОНЦИТЕ (21)

Она што започнало како интереси на Атина во егејското крајбрежје за да се заштити Ба...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.