|
|
| МАКЕДОНИЈА, НЕПРИКОСНОВЕН ФАКТ ВО СВЕТСКАТА ИСТОРИЈА |
|
Сите луѓе и култури се живи истории. Се она што сме е одраз на потеклото, историското минато проткаено со мачна но богата историја. Јазиците што ги зборуваме се наследени од минатото. Нашите култури, традиции и религии се наследени од минатото. Ние дури го наследуваме нашиот генетски состав од оние што живееле пред нас. Познавањето на овие врски ни дава основно разбирање за состојбата да се биде човек. Низ минатото многу од историските обележја се како во сенка, а денес веќе и се кријат, премачкуваат со бои, или им лепат нови плочки со натписи дека припаѓале на хеленската историја. Каде сме тогаш ние? Кираџии на свое тло. Или Македонија постои само да раздава на светот, на соседните земји чии апетити се поголеми од самите земји и ја користат секоја прилика да го негираат постоењето на македонската нација, јазик, историја. Промена на името, двојазичност, добрососедски и други договори кои ги потпиша Заев се без преседан најголемо зло, велепредавство, “убивање” на мајката на милиони Македонци како дома така и во светот. Но ние постоиме и сме живи сведоци на македонската историја која колку некој ја извртоперува или негира, таа наѕира од богатите светски архиви, од оние кои во време на војни, делби и страдања престојувале во Македонија да ги следат и запишуваат настаните.
Македонската историја и култура зазема посебно место во светската култура, принесувајќи светло од античка земја не заборавајќи и темните страни на својата историја, донира своја традиција, модерна уметност и цивилизација. Македонската културна креативност е најсилната инвестиција што може да се избере за својата иднина. Во овој пилог издвојувам еден од многуте објавени вести за Македонија во минатото кој е доволен доказ за големиот интерес со кој се следеле настаните во сите времиња од нејзиното постоење. Примерот е од американската архива, поточно во весникот the Seattle Star 1904 во кој се објавува вест под наслов Македонското востание може да предизвика поделба на Турција во Евопа и поднаслов – Австрија во игра на кроење на картата и судбината на Македонија.
Христијанството започна токму во Македонија со доаѓањето на Апостол Павле. Кога тој беше погубен во Рим, Господ ги изрони своите солзи во виничката тврдина. Две илјади години по неговата смрт, тие солзи стигнаа и се стркалаа на теракотните икони кои денес припаѓаат во групата на најзначајните христијански икони во светот. Каде и да копнеш во македонската земја, ќе најдеш антиквитет. Секоја педа земја открива нови факти, нови богатства. Токму во Македонија се направени првите чекори на христијанството. Во факти за Македонија јасно стои дека Македонија е позната по проповедувањето на Свети Апостол Павле токму на нејзино тло. Жива е Македонија, жива е вистината за неа, ние сме нејзината историја. Ниту еден политички врв не може тоа да го откине од милиони македонски срца. Пишува: Гордана Димовска, Австралија Email: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите |

















