Среда, 23 Септември 2020   
Да се стави крај на распродажбата намакедонските национални интереси

1ab Свекрва

На 22 септември 1903 година, на Баба Планина, над селото Цапари, во месноста Палиснопје, се водеше последната битка од Илинденското востание. Во оваа битка од 98 востаници загинаа 48. До битка дошло откако војводите Ацко Трајков (од Демирхисарското село Базерник) и војводата Лефко Магаревчето (од подпелистерското село Магарево), со стотина востаници, требало да го предадат оружјето на Ѓаконот Евстатиј кој бил задолжен да го прибере, обезбеди и складира оружјето. Но, по извршено предавство, откако востаниците биле опколени од турскиот аскер, за да не дојде до палење на селото Цапари, востаниците се повлекле, кон Пелистер и со големи загуби успеале да го пробијат обрачот.  

Главниот штаб на македонските востаници по речиси двомесечна борба и големите загуби, на почетокот на есента започна да размислува за распуштање на востаничките сили. Причина беа палежите на селата, гаранциите за амнестија и реформи од страна на турските власти, потоа советите на конзулите и отсуството на секаква воена помош од соседните земји, посебно од Бугарската армија.

Во текот на целото востание во Македонија загубите беа огромни. Настрадале 16 околиии со над 200 населени места. Биле изгорени над 12 илјади куќи, а без покров останале над 70 илјади лица. Над 8 илјади лица ги загубиле своите животи и над 30 илјади ги напуштиле своите домови. На македонските востаници, никој од соседите не им помогна.

Во 1903 година македонскиот народ остана сам. Сам се бореше за да извојува слобода и своја држава. Истото се случи и за време на Втората светска војна, кога македонските партизани сами ја ослободија Македонија. Пред крај на војната, на 2 август 1944 година, како дел од големата антифашистичка коалиција, на Првото заседание на АСНОМ, Македонецот ја создаде својата држава.

И сега, после повеќе од еден век од Илинденското востание и повеќе од половина век од АСНОМ, некој од соседите да го негира македонскиот народ, неговиот јазик и да претендира на неговата историја нема никаква основа.

Ако сме блиски, тоа не значи дека сме ист народ со бугарскиот.

Иако македонскиот народ последен доби држава и со векови бил под нечие ропство, сепак тој успеал да ги сочува своите посебни белези и да има сопствена историја.

Гоце Делчев, Илинденското востание 1903, Пелистерската битка и други личности и настани, не се и неможат да бидат дел од друга историја или пак дел од заедничката историја со некој сосед. Едноставно Гоце Делчев се борел за автономија на Македонија, а не за некој друг.

Посегнувањето по македонската историја и нејзините великани како Гоце Делчев, Јане Сандански и др, значи обид за целосно бришење на македонскиот народ од европската карта на народи. Тоа е обид за геноцид на еден народ и антицивилизациски чин, Такви нешта се случуваа за времето на фашизмот и чудно е како во 21 век, со преќутна дозвола на Европа, соседите ја извртуваат историјата и ги газат човековите права на македонскиот народ.  

Македонските власти на чело со ЗЗ воопшто не реагираат на најновите оспорувања и негирања кои доаѓаат од страна на претставниците на бугарските власти. Исто така не се изјаснува ни македонското Собрание, а млака е реакцијата и на македонските историчари.

Единствено дел од научаната фела, интелектуалци и македонскиот народ предводен од ВМРО ДПМНЕ застанаа во одбрана на интегритетот и суверенитет на македонскиот народ, на битисувањето на Македонците кој оди од антиката па до денес. За време на целиот ово период, Македонците се бореле за опстојување на овој простор, да го зачуваат јазикот, писмото, обичаите, културата и да создадат своја држава, што после долго време беше реализирано на Првото заседание на АСНОМ во 1944 година, кога се поставени темелите на модерната македонска држава.

Од осамостојувањето на македонската држава, СДС постојано работи на поткопување на нејзините темели. Сега на чело со Зоран Заев е на пат целосно да го урне она што нашите претци го изградија на темелите а АСНОМ. Затоа дојде време македонскиот народ да стане и заедно да стави крај на распродажбата на македонските национални интереси.

 

На прво место

News image

Полувековно новинарско творештво сублимирано во монографија

Деновиве од печат излезе монографијата „Погледи на времето“ на Киро Кипроски, доајен на маке...

Историја

News image

Македонија со векови била делена, но Македонците опстанале

„Со потпишувањето на Букурешкиот договор, Македонија беше прв пат поделена и оттогаш судбината и е о...

Иселеници

News image

АРХЕОЛОШКИОТ ЛОКАЛИТЕТ „ВЕЛУШКА ТУМБА“ (5)

Поврзаноста на браќата Јановски со родното село е голема. ...

Култура и туризам

News image

Да се знае кога дојде ереј Лазар од Ковачевци во Лесновскиот манастир

Да се знае кога дојде ереј Лазар од Ковачевци во Лесновскиот манастир, во храмот на архистратег Миха...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (43)

МОСИНИКИЈА, МИЗИЈА, ДАРДАНИЈА И ТРОЈА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.