Среда, 16 Септември 2020   
Валентина Талевска: Не ги чепкајте мустаќите на Гоце Делчев

35147105 10211929

Валентина Талевска: Не ги чепкајте мустаќите на Гоце Делчев

4 (Четврти) Мај – сончев ден, зеленило и цвеќиња, убави мириси, цвркот на птици, пролет во цела своја убавина. Патронен празник на 40 училишта во Македонија.

Најмногу училишта во Македонија на овај ден слават патронат, им доаѓаат гости – ученици и наставници од други училишта од цела  Македонија, па и од други држави.

Ќе чујат за нивниот патрон, за Учителот и Великан Гоце Делчев.

Училишниот двор полн. Од сите страни  доаѓаат баби и мајки со помали дечиња, дедовци и татковци. Ученици кои ги пречекуваат гостите, ученици учесници на приредбата и наставнички во прикладна свечена облека. Исто така дотерани и горди доаѓаат и претставници од градските власти, градоначалници, пратеници.

Сите се чувствуваат свечено и гордо во очекување на приредбата, ќе слушаат за Великанот , за нашиот Гоце Делчев. Ќе се вратат во детството, ќе се потсетат на песните кои тие ги пееле, на нивните наставници, на нивните баби и дедовци, на приказните за Гоце Делчев – Војвода.

На бината поставена голема слика со ликот на Гоце Делчев и под неа напишано (04.02.1872 – 04.05.1903), млад, многу млад загинал, а толку многу дела оставил, толку многу мисли кои со генерации се кажуваат. И се паметат. За борбата за самостојна Македонија, за слобода на македонскиот народ.

Над сликата со големи букви е напишана една од неговите мисли со која растат генерации на ученици:

Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите

Учениците на бината рецитираат  песни за Гоце, играат македонско оро и пеат македонски пасни. Следува драматизација  каде девојки со спуштени лица го везат македонското знаме, доаѓаат  вооружени комити кои договараат востание и доаѓа  тој -  Гоце Делчев. Најдобриот ученик, со мустаќи, Гоцевите мустаќи.

Со силен и јасен глас им се обраќа:.

Внатрешната организација не се стреми само да им дава оружје на луѓето, ами и да го разбие нивниот ропски дух.

На сите македонци ова им е познато, блиско и мило. Генерации поминале со делото на Гоце Делчев, ќе поминат уште многу други генерации, борејќи се за слоободна и независна Македонија.

Затоа, Не ги чепкајте мустаќите на Гоце Делчев

8924

 

На прво место

News image

Полувековно новинарско творештво сублимирано во монографија

Деновиве од печат излезе монографијата „Погледи на времето“ на Киро Кипроски, доајен на маке...

Историја

News image

Македонија со векови била делена, но Македонците опстанале

„Со потпишувањето на Букурешкиот договор, Македонија беше прв пат поделена и оттогаш судбината и е о...

Иселеници

News image

АРХЕОЛОШКИОТ ЛОКАЛИТЕТ „ВЕЛУШКА ТУМБА“ (5)

Поврзаноста на браќата Јановски со родното село е голема. ...

Култура и туризам

News image

Да се знае кога дојде ереј Лазар од Ковачевци во Лесновскиот манастир

Да се знае кога дојде ереј Лазар од Ковачевци во Лесновскиот манастир, во храмот на архистратег Миха...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (43)

МОСИНИКИЈА, МИЗИЈА, ДАРДАНИЈА И ТРОЈА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.