|
|
| Време е на Македонецот да му се врати достоинството, гордоста и честа |
|
Од снимките објавени во последно време може да се примети дека мафијата владее во земјата. Таа со помош на шарената револуција влезе во власта, завладеа со судството, ги ослободи криминалците, а ги затвори патриотите. Завладеа со помош на корупција, уцени, закани и сила. Го сменија уставот, потпишаа штетни договори. Го ничкосоа Македонецот. Преку разни тендери и анекси на тендери ја опљачкаа државата, а тој што ќе се осмелеше да им застане на патот во најдобар случај поминуваше со закана или како опомена запален автомобил. Заслепени од парите и моќта, тие сакаат да продолжат да бидат дел од власта. Пред предвремените парламентарни избори закажани за 15-ти јули, тие продолжуваат да му ветуваат на народот брда и долини. Како воопшто да немаат срам од она што го направија. Изгледа имаат ѓон образ. Инаку, одамна јавно би се извиниле и би си заминале од политиката. Меѓутоа, таков е нивниот карактер. За нив единствено се важни парите. Можат да ви ветат се и да ви се заколнат во се, но за разлика од „чесните“ криминалци, тие секогаш мислат како прво да го наполнат својот џеп, а не за народот и државата. Во текот на последните три години, народот се увери во нивната наводна „чесност“. Имаше доволно време да види и слушне како тие владеат и која им беше целта. Имаше можност да слушне за рекетот кој тие го спроведуваат во земјата. По насилното доаѓање на власт, потоа насилната промена на името, идентитетот и историјата, македонскиот народ го формира своето мислење против сеуште актуелната власт. Тоа не го промени ни состојбата со Ковид 19. Напротив, неспособноста да се кординираат активностите и мерките во справувањето со корона вирусот, како и попуштањето пред барањето на една етничка заедница да се ублажат мерките пред верски празник, само уште повеќе го зацврсна мислењето кај народот дека треба Зоран Заев, лидерот на СДС и неговите следбеници да станат политичка историја. За мислењето на народот говорат и анкетите. Америјанската агенција во САД DBC Danube bussines consulting (Mc Laughlin), која е дел од тимот за истражување на јавното мислење и односи со јавност на американскиот претседател Доналд Трамп објави анкета за парламентарните избори во Македонија во која во 5 од 6 изборни единици води ВМРО ДПМНЕ. Ова е најголема направена анкета која брои скоро 6.000 испитаници. Таа е направена во јуни, во секоја изборна единица оделно. Од резултатите се гледа дека ВМРО ДПМНЕ би имал најмалку 8 пратеници повеќе од коалицијата предводена од СДСМ и би можела да одбира со кого ќе коалицира во власта. Исто така, резултатите на анкетата покажуваат дека на македонскиот народ му е доста од уцени, криминал, корупција и понижувања и дека сака да ја исправи кичмата. Тој го крева својот глас и јасно вели дека му е доста од мафијата, дека сака правна држава во која ќе се почитува неговиот глас и желба да има суверена и слободна држава. Време е македонскиот народ да се обедини и да им стави крај на раскрчмувањето на државата. Време е народот да си ја врати сувереноста и истата да им ја додели на оние кои ќе знаат и умеат да ги бранат нациналните интереси, на оние кои знаат земјата да ја направат просперитетна и успешна во секој сегмент на општествениот живот, а тоа е партијата на народот - ВМРО ДПМНЕ на чело со даскалот Христијан Мицкоски. Време е на Македонецот да му се врати достоинството, гордоста и честа, кои некој претходно бесрамно им ги одзеде. Сега треба да се обединиме, без разлика на вера и нација, неопределени и чесните членови на СДС, масовно да излеземе на 15-ти јули и со заоружување на коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ и Бројот 14 да ја изгониме оваа антимакедонска власт. Почитувани, ова е четврти Илинден. Нашите предци со пушка во рака и по цена на сопствените животи ја создаваа и бранеа татковината. Ние денес тоа го правиме со пенкало во рака. Немојте да потпаѓате под било какви притисоци, закани, уцени, поткупи и манипулации од страна на активисти и функционери на СДС. Тие не бираат ниту начин, ниту средства, само да ја задржат и да ја злоупотребат власта на штета на целиот народ и државата, исто како што правеа изминатите 3 години. На 15 Јули, заокружете го број 14 за да си го вратиме достоинството на нацијата и да ја обновиме и исправиме нашата Македонија. Време е Зоран Заев и СДС да станат политичка историја. #ИзбериМакедонија
|

Манојил (Мане) Јаковлески
















