Среда, 10 Јули 2019   
Во Велес во училиштата да се учи на грчки, а не на македонски!!!?

a 1Свекрва

Неопходно потребно во Велес во училиштата да се учи на грчки, а не на македонски!!!?

„Но бидејќи таа воодушевеност за народна просвета растеше со исполински чекори, во Велес се најдоа противници на тоа: Г. архиепископ Антим со рамните на себе зборувајќи: „дека сите народи се просветија од Грците и заради тоа е неопходно потребно во Велес во училиштата да се учи на грчки, а не на македонски, затоа децата уште од дома го знаат својот јазик.“ - пишува Јован Нешковиќ, познат војводински просветен работник, кој учителствувал во Велес во 1857-1859 година. Ова значи дека уште тогаш се знаело за посебноста на македонскиот јазик.

Во 50-тите и 60-тите години на XIX век, се поставува во јавни дискусии прашањето за писмениот јазик што треба да го усвојат Македонците. Тогаш доаѓаат до израз две основни гледишта: 1. дека треба да се создаде единствен бугарско-македонски литературен јазик, со еднакво учество на бугарско-македонски литературен јазик, со еднакво учество на бугарски и македонски особености и 2. дека треба да се создаде посебен македонски литературен јазик, со оглед на тоа дека Македонците претставуваат посебен народ

Во едни такви услови, македонскиот јазик се повеќе го завзема своето место и го истиснува грчкиот јазик од училиштитата. За ова има повеќе сведоштва меѓу кои и она на учителот Јован Нешковиќ, познат војводински просветен работник.

Во една од дописките испратена од Велес, тогашниот учител Јован Нешковиќ, кој учителствувал во овој град во 1857-1859 година, го известува новосадскиот весник „Србски дневник" дека во 1857 година велешани отвориле трговско и женско училиште и дека тој бил поставен за управител на основните училишта во овој град.

Ј. Нешковиќ во својот допис до новосадскиот весник, за отварањето на трговското и женско училиште ќе напише:

„Особено ми е мило што можам да ви јавам дека просветољубивите велешани веќе отворија во својот град во минатата (1857) година трговско и женско училиште. Кога веќе еднаш формираа такви институции, се надеваме дека ќе гледаат и да ги одржат. Трговското училиште ќе им биде од особена корист, зашто велешаните својата трговија ја распространија дури до Виена. Главната седница на училишните членови беше одржана на 5. II 1858 година под претседателството на просветниот архиепископ Антим. Тогаш е избран и училишниот надзорник г. Јован Нешковиќ и е потврден за управител на основното училиште.“ (Из Македоније, Србски Дневник (Нови Сад) бр. 26/1858. Според Бранислав Вранешевиќ, Војводинската јавност за школството на Велес и Штип во времето на Преродбата на македонскиот народ. - Школството, просветата и културата на Македонија во времето на Преродбата. Скопје 1979, стр. 319 -320.)

Покрај овој допис, учителот Нешковиќ испраќа уште еден допис во кој говори за постоење на македонски јазик, кој архиепископот Антим сака да го забрани. Во статијата која ја напишал Ј. Нешковиќ и ја објавил во новосадскиот весник „Србски дневиик" (44/1858) стои:

„Овде мислам нешто да ви кажам за денешниот напредок на народната просвета на ова место. Од 1848 година Велес почна да се буди од длабок сон и сега веќе стекна убав глас во своето соседство. Неколкумина родољубиви мажи го посеаја кај своите сограѓани она божествено чувство за просвета и наука кои толку векови ги немаше во цела Македонија, на чиј пат му стоеше грчкото свештенство... Некои родољупци почнаа да ги праќаат своите деца да учат во главните европски градови, а во тоа ги помагаа и другите посиромашни деца, а со просветата се разбуди и чувството за своја народност.

Но бидејќи таа воодушевеност за народна просвета растеше со исполински чекори, во Велес се најдоа противници на тоа: Г. архиепископ Антим со рамните на себе зборувајќи: „дека сите народи се просветија од Грците и заради тоа е неопходно потребно во Велес во училиштата да се учи на грчки, а не на македонски, затоа децата уште од дома го знаат својот јазик.“ (во оргиналот стои: „Но, како је ово одушевљење за народну просвету расло исполинским корацима нађе се противника томе и у Велесу: Г. архиепископ Антим са себи равнима говорећи: „да су се сви народи просветили од Грка, пак зато да је неопходно нужно, да се у Велесу учи у училиштима грчки а не македонски, јер деца јошт од куће знају свој језик.") Но еве, фала богу, не може ништо да се стори, зашто ете во Велес се гради ново трговско училиште во кое се предава немски, француски и елински - но на грчко-загорски јазик.

Нека им биде среќна оваа установа на велешаните, зашто нема за народот среќа без образование.

А архиепископот Антим нека тргне по подобар пат и ги избие од главата своите фанариотски мисли, па ќе се нарече добар пастир.“

Ова е уште еден пример дека уште во XIX век се знаело и се говорело за посебноста на македонскиот јазик. И тогаш на Грците, како што може да се прочита им сметал македонскиот јазик, кој дури по Втората светска војна, по ослободувањето и создавањето на македонската држава, го доби своето место во училиштата. По повеќе децении од ослободувањето и од независноста на земјата сега македонскиот јазик е повторно загрозен.

(Извор: Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава, том први, Скопје, 1981, стр. 186 и 190)

 

На прво место

News image

Промовирана стихозбирката „Отвори ги очите“ на Љупка Антеска

Новата стихозбирка на Љупка Антеска насловена „Отвори ги очите“ беше промовирана вечерва пре...

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (33)

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (33)

Култура и туризам

News image

ВОВЕДЕНИЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА (ПРЕЧИСТА) 4. XII/21 XI

ВОВЕДЕНИЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА (ПРЕЧИСТА) 4. XII/21 XI

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (38)

ОЛИМПИСКИОТ ПАНТЕОН ВО ПАНОНИЈА -II ДЕЛ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.