Среда, 19 Октомври 2016   
Собранието се распушти, нови избори на 11 декември!?

svekrva_copy_copy_copy
Свекрва

Во понеделникот, на 17 октомври 2016 година, пратениците на Собранието на Република Македонија со 110 гласови за, и ниту еден против или воздржан, донесе одлука за распуштање на Парламентот, со што се создадола услови за одржување на предвремени парламентари избори по барање на Заев и СДСМ на 11 декември. Донесувањето на оваа одлука во пресрет на Денот на македонската револуционерна борба – 23 октомври, најавува жестока преметка во која опозицијата ќе биде збришана од политичката сцена.

Владеачката ВМРО ДПМНЕ, претходно на партиски собир, ја најави силно кампањата која има за цел директно да ги пренесе своите идеи и планови за подобар живот до секој граѓанин и до секое семејство. Пред огрмниот број присутни во салата „Борис Трајковски“ беше најавена досега најобемната програма фокусирана на нови инвестиции и многу нови работни места, како и проекти во повеќе области од образованието, здраството, социјалата, пензиите и др.

ВМРО ДПМНЕ има план и како и досега за се што има ветено и исполнето, така и сега почнува со нов циклус за реализација на новата програма. Народот им верува. А како да не им верува, кога самите можеа да се уверат во досегашните позитивни резултати на владеачката партија, на крупните чекори со кои македонското општество тргна напред, но и на деструктивните обиди на опозицијата за дестабилизација на државата во изминатите две години.

Очајните обиди на опозицијата преку дестабилизација на земјата да влезат во власта говорат дека кризата кај социјалдемократите е многу поголема од она што е и познато на јавноста. Вообичаено, вината за слабите резултати и рејтинзи во изминатите години, СДСМ ги бараше во нелегитимни избори, во владеачката партија и медиумите, како и во сопствениот „глуп“ народ кој не знае да избере. Но никогаш раководството на СДСМ вината не ја побара во своето јато, иако и самото членство веќе не им верува. Всушност, вината лежи во смата партија, бидејќи многи истакнати социјалдемократи кои ја сакаат својата партија и земја, беа избркани од партијата, а наследниците предводени од Зоран Заев го крчмеа името како на земјата така и на партијата. Ако некогаш и постоело некакво реноме на СДСМ, денес тоа е сосема уништено.

Денешното раководство на СДСМ иако му ветува многу на народот, нема ниту визија, ниту програма како да ја води земјата. Тоа произлегува од таму што во изминатите години, лидерот Зоран Заев не успеа ниту да го врати единството во партијата, ниту рејтингот. Членството се растури, а старо-новите кадри желни за власт не се способни да понудат ништо ново на политичката сцена. Единствено што можеа да направат беше да сплетат нрежа од интриги, нечесни игри и тргување со државните интереси.

Декларативната љубов без вистински дела која во изминатите години ја нуди СДСМ, не поминува кај народот. Одамна народот го почуствува тоа и многу одамна научи да ја оддели лагата од вистината. Тој ги препознава големите лидери како Никола Груевски кои го водат народот, за разлика од малите лидери кои само го заведуваат. Затоа таканаречените бомби на Зоран Заев немаа никакво дејство врз народот. Едноставно македонскиот народ не дозволи политичката криза која ја наметна опозицијата предводена од малиот лидер да премине во нешто поголемо и покрваво, но и да ја направи земјата во темен вилает на Балканот.

СДСМ е свесна за своите слабости, но и за слабостите на невледаиниот сектор, каде често организациите се фамилијарни и иако се гласни и се перални на пари, не се моќни да мобилизираат многу народ. Исто така, тие се свесни дека и меѓународниот фактор полека се дистанцира од нив кога гледа дека и покрај толку вложен напор и средства, македонскиот народ не наседнува. Едноставно, меѓународниот фактор не сака да развива подлабоки односи со партиските челници на СДСМ кои ја немаат подржката на својот народ.

Исто така, на раководството на СДСМ му е познато дека дури и со многу посилна поддршка надворешна и внатрешна ќе ги изгуби овие парламентарните избори. Меѓутоа, тие немаа друг избор освен да се согласат да излезат на избори на 11 декември. Сепак, ќе направат се за да тие не се случат или доколку се одржат да ги оспорат. Нивната цел е преку континуирана политичка криза да создадат услови барем нивните елитни членови иако не се избрани од народот да бидат дел од Владата само за да цицаат од власта, зошто партиското виме е празно.

Меѓутоа, досегашното искуство од нивно присуство во т.н. технички влади, покажа дека кадрите од опозицијата ќе создаваат опструкции во институциите, со тенденциите за воведување на двојзичност и федерализација на земјата, што не смее да се дозволи.

Всушност, на превремените парламентарни избори закажани на 11 декември потребен е заеднички одговор на владеачката партија и народот, за да ВМРО ДПМНЕ добие доволно пратеници, со кои ќе може да се спротивстави на мрачните сценарија на опозицијата.

Собранието се распушти, а нови избори се закажани за 11 декември. Сега е дојдено време кога македонскиот народ треба да стави крај на политичката криза во која опозицијата ја втурна земјата. Сега е време е да се стави крај на деструктивните сценарија кои ги разработуваше опозицијата. Сега е време кога македонскиот народ треба масовно да излезе на избори и ваквата опозиција која работи против нивните интереси со својот глас еднаш за секогаш да ја отстрани од политичката сцена.

 

На прво место

News image

Христовото Воскресение е многу значаен ден, да се обединиме, да се сплотиме како народ и како нација

Мицкоски Ќе ми дозволите да го честитам на сите православни христијани овој голем ден, значаен де...

Историја

News image

Гоце Делчев – „Ние не бараме покровители, а уште помалку господари."

  Појавата на Внатрешната организација од Македонија и нејзината се поинтензивна антиегзархиск...

Иселеници

News image

По повод 121 година од смртта на војводата Гоце Делчев: ВО СИДНЕЈ СЕ ОДРЖА ПАНАХИДА

На 4-ти мај 2024 година, на Велика Сабота, во организаци...

Култура и туризам

News image

Велигден

Велигден или Ден на Воскресението Христово е најважниот верски празник во православниот календар. Хр...

Фељтон

News image

НАГРАДИ И ПРИЗНАНИЈА ЗА АТАНАС БЛИЗНАКОВ (30)

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ НА АТАНАС БЛИЗНАКОВ ВО МОНОГРАФИИТЕ НА СЛАВЕ КАТИН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.