Среда, 13 Јануари 2010   
Предавници и патриоти на Грчки начин

Поделбата на предавници и патриоти се случува и во соседна Грција.

Талиа Драгона, генерален секретар во грчкото министерство за образование и универзитетски професор од Атина е обвинета за нејзиниот став дека Грција го гради својот национален идентитет во 19тиот век.

Таа се соочи со жестоки напади дека не е патриот затоа што смета дека грчкиот идентитет е создаден во 19 век, но нејзините ставови се насочени кон позитивна страна и отвораат дебата за имигрантите и за националниот идентитет како прашања за кои политичките партии во Грција избегнуваат да зборуваат. Познатиот грчки новинар и борец за човекови права Такис Михас пишува оти ова е позитивниот ефект од случајот со Драгона. Според него, сите сериозни историчари веруваат дека отоманскиот период е еден од најпросветителските во историјата. Во својот текст во „Елефтеротипија“, Михас додава дека не само Драгона туку и познати британски историчари сметаат дека грчкиот национален идентитет е создаден во 19 век.

Додека во Македонија имаме ситуација каде -„Сите граѓани се помалку или повеќе патриоти, барем оние кои се раководат од идејата за подобро утре. Проблемот е што во случајов имаме самопрогласени бранители на националните интереси коишто се сметаат себе си за многу поголеми патриоти за другите, кои пак понатаму самите креираат стереотипи на тоа кој е предавник, а кој не.“ според Вангели Анастас- кој вели дека такви тенденции секогаш постоеле, а ќе постојат и во иднина. Државните институции имаат должност да спречат натамошни поделби меѓу сопствените граѓани, вели Анастас Вангели- Магистер по изучување на национализми.

„За жал, во нашиот случај, токму претставниците на државата се тие коишто ја засилуваат оваа поделба поради тоа што отворено манифестираат нетолеранција и желба за пресметка со своите неистомисленици“

Талиа Драгона, генерален секретар во грчкото министерство за образование и универзитетски професор од Атина, деновиве се соочи со лавина од напади затоа што смета дека грчкиот идентитет е создаден во 19 век.
Обвинувањата пристигнаа во грчкиот парламент од страна на националистичката партија ЛАОС на Јоргос Караџаферис, која го впери прстот во Драгона затоа што во својата книга „Што е нашата држава“ пишува позитивно за Османлиската Империја и тврди дека грчкиот идентитет е креиран во 19 век. Од овие причини ЛАОС ја нападна Драгона дека не е патриот и оти има антигрчки ставови.

На националистите им пречи што Драгона пишува оти не треба да се верува дека Грција продолжува да биде носител единствено на античката култура, како и дека не смее да постои негативен став кон мигрантите во државата.

Интересно е што Драгона во една од книгите поради кои е критикувана пишува дека Македонците во Северна Грција немаат право на самоидентификација.

„Кога станува збор за културните права, малиот број на таканаречени славомакедонци во Северна Грција и, уште поважно, многубројното муслиманско малцинство во Тракија го немаа правото на самоидентификување“, пишува Драгона во делот за социјалната интеграција во периодот пред диктатурата во својата книга „Државјанството и нациите-држави во Грција и во Турција“.

Во интервјуто за „То вима“ објавено деновиве, Драгона вели дека никој нема право да и дава диплома за патриотизам.

- Јас сум горда на историјата, културата и на мојот идентитет, но истовремено се борам за Грција и грчката борба за демократија, хуманитарно образование, толерантно општество, со цел изедначување на нашата позиција во Европа и почитување на сите луѓе и култури во светот - вели Драгона во интервјуто со објаснување оти нејзините цитати од книгите биле извадени од контекст со цел да се покаже дека се антигрчки.

Кристијан Фос, историчар, научен соработник на Универзитетот во Фрајбург ја анализира ситуацијата на Грчкиот национален идентитет во однос на појавата и провекувањето на спорот со името на македонија- Ако се прашаме како е можно прашањето за името се уште да предизвикува толку големи емоции во Грција треба да наведеме две работи. Прво, сопствениот национален идентитет на Грците, второ - прашањето на малцинствата. Што се однесува до првото денес знаеме дека денешните жители на Грција имаат релативно низок етнички континуитет од старите Хелени. На крајот од 19 век националистите изразија свои ставови според кои јасно се става до знаење: „Ние сме единствените легитимни наследници на старата Грција и поради тоа на грчка територија може да има само етнички Грци“.       ¬

Во врска со ова е размислувањето за малцинствата, кое е одржано се до денеска. Тоа претставува голема животна лага на Грците кои одрекуваат постоење на други етникуми во нивната држава. Ова секако се однесува и на Македонците и се до денес се сретнуваме со официјално непризнавање на македонското малцинство во северозападниот дел на Грција,  кое сосема јасно се декларира како македонско. Според мое мислење прашањето за малцинствата сосема јасно стои зад големата возбуда во спорот околу името со Република  Македонија.- вели историчарот Фос.

- Проблемот е создаден вештачки, во таа смисла што за Грците името Македонија не игра никаква улога. Министерството за Северна Грција се нарекуваше министерство за Северна Грција и дури по конфликтот со Република  Македонија настанат во 91-та година, Грците почнаа да го величаат Александар Велики и неговото наследство, ѕвездата од Вергина и пред се името на Македонија, кое толку многу национално го експлоатираа. Така го нарекоа новиот универзиотет во Солун, аеродромот го преименува, а Александар се појави на сите монети од 100 драхми. Значи на почетокот на 90-тите години Македонија стана многу важна за Грците, а на денешните политичари им паѓа тешко да застанат пред микрофоните и да речат: „Направивме грешки. За нас е важно да имаме добри и стабилни односи кон соседот.“ Во тоа јас гледам голем проблем, затоа што ниту партијата Пасок ниту Нова Демократија, што сега е на власт, не се подготвени да ја согледаат реалноста и да ги признаат грешките“.

Клаудија Лутовска
Клаудија Лутовска -
 

На прво место

News image

Главен приоритет на владата на ВМРО-ДПМНЕ е силен економски развој

Мицкоски: Главен приоритет на владата на ВМРО-ДПМНЕ  е силен економски развој за просперитет ...

Историја

News image

Македонците се обединија околу нивната стара институција ВМРО

Патувањата на Тодор Александров се рамни на царски патувања, таму каде ќе стаса тој, на пример, во н...

Иселеници

News image

ОМД ЌЕ ОСУДИ ЗЛОУПОТРЕБА НА БАДЕНТЕРОВО ПРАВИЛО ПРИ ФОРМИРАЊЕ НА ВЛАДА

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) будно ги следеше ...

Култура и туризам

Фељтон

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.