Среда, 20 Март 2024   
ОД ДНЕВНИКОТ НА ДРАГАН БОГДАНОВСКИ – „Ванчо Михајлов го сметав за македонски национален предавник и за бугарски агент “ (23)

1fon6

Драган Богдановски додека бил во тајниот полициски затвор кај Македонски Брод, активно бил сослушуван повеќе од девет месеци. На барање на СДБ, покрај извештаите за врските со српската и хрватската емиграција, тој ги опишува и своите контакти со бугарската емиграција. Во нив тој говори не само за поделеноста на бугарската емиграција, на групите кои го признаваа или не го признаваа македонскиот народ, туку и за Ванчо Михајлов кого го сметал за македонски национален предавник и за бугарски агент.

Во својот дневник, во кој говори за овие извештаи, најпознатиот македонски политички емигрант и еден од оснивачите на ВМРО ДПМНЕ Драган Богдановски за врските со бугарската емиграција,  ќе напише: 

„Бугарската емиграција е поделена во два различни политички блока или лагера... Поголемиот дел од неа и припаѓа на Бугарската земјоделска партија, чиј водач во емиграцијата до својата смрт беше Гемето Димитров, кој живееше во Вашингтон, а по неговата смрт на водечкото место го замени Ценко Барев, журналист кој живее во Париз. Гемето Димитров, со него се сретнав двапати во Западна Европа и со кого разменив повеќе писма, избегнуваше да се изјасни по македонското прашање, меѓутоа ниту еднаш за времето на својата политичка дејност во емиграцијата не се искажа против националното постоење на Македонскиот народ. Тој беше вистински демократ, затоа беше толерантен и во однос на политичката дејност на ДООМ, не не напаѓаше и не даваше никакви големобугарски изјави. Неговиот наследник Ценко Барев му ја признаваше на македонскиот народ неговата национална индивидуалност и тоа тој јавно го направи во едно свое интервју на српското списание “Современост“ кое излегуваше во Париз. Со Ценко Барев имав срдечни пријателски односи и тој им помагаше на македонските емигранти во Париз, особено на македонските студенти.

Бугарските фашисти и националисти беа организирани во Бугарскиот национален фронт (БНФ) кој своето седиште го имаше во САД и издаваше весник “Борба“. БНФ го негираше македонското национално постоење па затоа тесно соработуваше со македонските бугаромани на Ванчо Михајлов. Со луѓето на БНФ воопшто не сум имал никаков контакт.

Надвор од овие две политички групи, во Париз постоеше и групата на бугарските анархисти, кои го издаваа списанието “Наш Пат“. Бидејќи и овие луѓе ја застапуваа тезата дека Македонците биле Бугари, не одржував контакт со нив. Меѓутоа, имаше неколку бугарски анархисти кои беа сметани за отпадници од бугарското анархистичко движење а кои покажуваа полно разбирање за македонското национално прашање. Тоа беа бугарските анархисти Иван Рачев и Драган Драганов, кои јавно симпатизираа со политиката на ДООМ и ја помагаа морално, па и материјално. Особено разбирање за македонското прашање покажуваше ерудитот Иван Рачев Иванов.

- Ти не си ни ја кажал целата вистина за твојата врска со бугарската емиграција – ми рече иследникот Никола Илиевски – утредента кога ме извикаа во “ловџиската соба“. Во наши раце се наоѓаат писмата што Никола Антонов ти ги пишуваше од Вашингтон. Тој ти беше еден вид политички советник.

Се зачудив кога го слушнав името на Никола Антонов, со кого навистина разменив едно десетина писма. Не знаев на кој начин писмата што Антонов ми ги пишуваше стигнале до рацете на УДБА, а може би тоа беше само еден удбашки трик. Во секој случај, писмата од Антонов беа останале во Осло и по мојот развод со жена ми не знам што станало со тие писма.

Антонов беше по потекло Македонец, родум од Велес, во предвоена Бугарија беше еден од врвните бугарски дипломати, бил е полномошен министер на Бугарија во Москва и во Берлин, а по војната емигрирал во САД. Работеше во Конгресната библиотека во Вашингтон и беше некој вид советник во Американскиот сенат за прашањата за комунистичка Бугарија. Антонов политиката на Ванчо Михајлов по македонското прашање ја сметаше за застарена и одживеана политика затоа ја поздрави политиката на ДООМ и се обидуваше да ни дава совети каква треба да биде македонската политика. Коресподенцијата со Антонов ја прекинав кога тој во едно свое писмо ми пишуваше дека капиталистичкиот Запад е антимакедонски ориентиран, дека Македонија ништо добро не може да очекува од Американците, затоа ни советуваше ДООМ да се врзе со Советскиот Сојуз и да бара помош од него за остварување на македонскиот идеал. Бидејќи беше во американска служба а ни препорачуваше да се сврземе со Советскиот Сојуз јас таквиот негов став го сфатив за провокација и му одговорив дека ние судбината на Македонија не сакаме да ја сврзуваме со комунистичкото движење. Нашата коресподенција прекрати, но подоцна се уверив дека Антонов не бил никаков провокатор, зашто тој доброволно се врати во Народна Република Бугарија.

- Слаб политичар си бил кога не си знаел да го оцениш Антонов – ми рече Никола Илиевски – Си се плашел да не наседнеш на негова провокација, а уште не знаеш дека си наседнал на провокацијата на твојот добар пријател, агентот на ЦИА Киро Матраковски од САД. Тој те наседнал така што Американците те сметаат за советски шпион. Тој ти пишал писмо наговестувајќи ти американска материјална помош доколку ДООМ завземе јасен антикомунистички став. Ти си му одговорил дека ДООМ е неутрален према двата големи воени блока и општествени система, спрема капитализмот и комунизмот, зашто не можело да се предвиди внапред кој од двата блока ќе победи. Си му пишал можеби ќе дојде време да бараме помош од Советскиот Сојуз затоа не си сакал да се изјаснуваш против комунизмот и советскиот блок. А твојот одговор на неговото писмо Киро Матраковски и го предал на ЦИА.

- Верувам дека тоа го сторил Матраковски, зашто после тој мој одговор Матраковски престана да ми пишува – одговорив.

- А сега само уште едно прашање ќе ми одговориш во писмена форма во врска со твоите врски со другите емиграции – рече Илиевски.

- Ние во Службата се прашаме зошто не дојде до средба меѓу тебе и Ванчо Михајлов? И воопшто имало ли некој обид или иницијатива од страна на Ванчо Михајлов да дојде до една средба меѓи него и тебе?

Во мојот писмен одговор за Ванчо Михајлов напишав дека јас со него постојано се наоѓав во положба на војна, го сметав за македонски национален предавник и за бугарски агент, а тој мене ме сметаше агент на УДБА. Јас го напаѓав во моите статии во “Македонска Нација“, тој мене ме напаѓаше во неговите статии во “Македонска Трибуна“. Никогаш не сум барал некаква средба со него, ниту тој барал да се сретне со мене. Меѓутоа, беа правени обиди индиректно, со посредување на трети лица да дојде до една средба меѓу нас. Хрватот Бранко Јелиќ и Бугаринот Ценко Барев се виѓаа одвреме навреме со Ванчо Михајлов, и ми предлагаа средбата да стане во Швајцарија, кај еден швајцарски журналист, еден од редакторите на весникот “Трибјун де Лозан“, чие име сега не можам да се сетам. Бидејќи и Јелиќ и Барев предлагаа средбата да стане кај швајцарскиот журналист, ме тера да помислам дека таа иницијатива потекнувала од Ванчо Михајлов. Како и да било, јас не ја прифатив средбата.

- Си погрешил што не си отишол на средбата во Швајцарија – ми рече иследникот Илиевски – Иницијативата навистина потекнувала од Ванчо Михајлов.

Откаде знаеле удбашите дека иницијативата потекнувала од Ванчо Михајлов не го прашав Илиевски.

Активно бев сослушуван цели девет месеци. За тие девет месеци петпати на планината Караџица доаѓаше сојузниот секретар Фрањо Херљевиќ за да се увери лично до каде дошла истрагата...“

(продолжува)

1Tiho3 Подготвил: Т.К.

 

На прво место

News image

Сајкоски: Вчера докажавме дека Македонија не толерира некој да ја тероризира– граѓаните во нас препознаа луѓе кои ќе дон

Вчера докажавме дека само заеднички, единствени како никогаш досега можеме да успееме. Можеме да усп...

Историја

News image

Репортажа: По врвиците на Александар Македонски-Македонците од Киргистан

Оваа приказна за денешниве Македонски белези во Средна Азија почнува во 2003 година на бреговите на ...

Култура и туризам

Фељтон

News image

ВИСТИНАТА ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ВО САД И ВО КАНАДА – (ДЕЛ III) (29)

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ НА АТАНАС БЛИЗНАКОВ ВО МОНОГРАФИИТЕ НА СЛАВЕ КАТИН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.