|
||||
| Католичките верници вечерва го слават Бадник |
|
Според преданијата, Исус Христос е роден на 25 декември во Витлеемската пештера, па тој датум, со разликите во календарите, се почитува во целиот христијански свет. Бадник е еден од најголемите празници за христијаните. На 24 декември, во пресрет на Рождеството Христово, се почитуваат строгите пости. Овие верници, традиционално, постите ги завршуваат со појавата на првата вечерна ѕвезда на небото, а потоа во храмовите во целиот свет започнува свечената рождествена литургија. За време на неа верниците се потсетуваат на старозаветните пророштва и настани поврзани со раѓањето на Спасителот. По свечената литургија, доаѓа ред на празничната вечера. Стар обичај е да се сервираат посни јадења. Трпезата има религиозен карактер и е многу свечена. Пред да се продолжи со јадењето, се чита извадок од Евангелието на Лука за Рождеството Христово. Ритуалот на трпезатата го води главата на семејството. Насекаде распространет и познат е обичајот на трпезата да се остави празно столче. Ако некој дојде во домот на Бадник навечер, тој треба да биде прифатен како брат. Овој обичај е во знак на почит кон блиските и драги луѓе кои не можат да го чекаат Бадник со семејството. За нив и за оние кои го напуштиле овој свет се оставаат прибор и чинија во која се става од се по малку. По завршувањето на вечерата, трпезата не се крева.
Во светот постои и традицијата под бела покривка да се става по малку сено. Со тоа, верниците се потсетуваат на витлеемската пештера и на Богородица, која го положила новородениот Христос во колевката од сено. Заедно со католиците, овој празник го слават лутераните, Англиканската црква и дел од протестантските конфесии. Во секоја земја празникот си има свои традиции. ![]() |



Римокатоличката црква и сите христијански цркви кои времето го сметаат по Грегоријанскиот календар денеска го слават Бадник, во очи Божик, раѓањето на Исус Христос.


















