|
||||
| Скопје доби најмодерен аеродром на Балканот, „Александар Велики“ |
|
Во скопскиот аеродорм, кој „ТАВ Аеродроми“ го презеде во март минатата година и со него ќе управува во следните 20 години, до март 2030 година, турската компанијата вложи 100 милиони евра. Модернизацијата и изградбата тареја 18 месеци и 5 дена. Со додавање на нова терминална зграда од 40 илјади квадратни метри со шест патнички пристапни мостови, „ТАВ Аеродроми“ го зголеми капацитетот на 4 милиони патници, ја прошири пистата, како и карго делот и паркинг просторот. Изграден е карго хангар со капацитет од 40.000 тони годишно, нова противпожарна станица, службена зграда од 5.000 метри квадратни, паркинг за 1.300 возила, 23 места за чекирање, а постојната пистата е проширена за 500 метри. Во средишниот дел на аеродромската зграда е поставен симболот на аеродромот - споменик на Александар Велики поставен на коњ. Споменикот е подарок за Македонија од Мурат Орнекол, оперативниот директор на концесионерот ТАВ. Новиот аеродром според инвеститорот е најмодерен на Балканот, а поради стратешката локација треба да стане балкански транспортен центар. Минатата година „ТАВ Аеродроми“ го реновираа и аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, една од најпопуларните туристички дестинации во земјата. На свеченото отворање е најавено присуство на македонскиот премиер Никола Груевски, министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, претседателот на одборот на „ТАВ Аеродроми“, Хамди Акин и генералниот директор на „ТАВ Аеродроми“, Сани Шенер, информираат од „ТАВ Aеродроми“. Холдингот „ТАВ Аеродроми“ е меѓу водечките авио оператори во светот. Управува со истанбулскиот аеродром „Ататурк“, со аеродромот „Есенбога“ во Анкара, „Аднан Мендерес“ во Измир и „Газипаша“ во Анталија, како и со по два аеродроми во Македонија, Тунис и Грузија. Компанијата неодамна го доби на управување и аеродромот „Медина“ во Саудиска Арабија. „ТАВ Аеродроми“ исто така раководи и со други сектори од аеродромските услуги како дјути фри продажба, услуги со храна и пијалоци, информациски технологии, безбедност... Во 2010 година компанијата обезбедила услуги за околу 420.000 летови и за просечно 48 милиони патници. |



Реконстрираниот аеродром „Александар Велики“ во Скопје, инвестиција на турски ТАВ, утре официјално ќе биде пуштен во употреба. Аеродромот, десет пати поголем од досегашниот, со капацитет да обезбеди услуга за четири милиони патници годишно.
















