Недела, 03 Октомври 2010    PDF Печати Е-пошта
Јубилеен Ден на обединувањето во Германија
Денеска во Германија се одбележува јубилејниот Ден на обединувањето, кога пред 20 години беа укинати вештачките граници меѓу западна и источна Германија.

berlin-wall_full_600

Истиот настан беше историски не само за Германија туку и за меѓународната заедница. Со тоа беше и формално завршена Студената војна меѓу западот и истокот, односно блоковите.

Симболичниот пресврт се случи една година пред тоа, кога меѓу 8 и 9 ноември 1989 година беше урнат 156 км. долгиот Берлински ѕид кој речиси три децении го делеше градот и државата на источен и западен дел.

Тоа беше т.н. „железна завеса“, симбол на политичките и воени поделби меѓу двата блока, НАТО и Варшавскиот договор.

- Тој датум кога е урнат Берлинскиот ѕид, е најубавиот ден во историјата на Германија...Ние никогаш нема да ги заборавиме нашите соседи и сојузници кои овозможија обединување на двете Германии, изјави канцеларот Ангела Меркел по повод одбележувањето на 20-годишнината од падот на Берлинскиот ѕид.

Според анкета од почетокот на септември, 1 отсто испитаници на запад и девет отсто на исток и денеска „жалат за ѕидот“. Студијата покажа дека една четвртина граѓани на истокот се уште не се чувствуваат како „вистински граѓани на Сојузна Република Германија“.

Сепак, 60 отсто испитаници не сакаа враќање во минатото, на периодот пред обединувањето.

Обединувањето на двете Германии исто така поттикна процес на бришење на границите во западна Европа кој од 1985 година почна со потпишување на Шенгенскиот договор.

www.kurir.mk

 

На прво место

News image

Список на делегати за 17 Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, кој ќе се одржи на 12.12.2021 во СЦ Јане Сандански во Скопје

Список на делегати за 17 Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, кој ќе се одржи на 12.12.2021 во СЦ Јане Санданс...

Иселеници

News image

ЊУЈОРК – ГРАДОТ НА ЖИВЕЕЊЕТО НА Георги (ЏОРЏ) Томов - ДЕЛ (8)

Во метрополата Њујорк се издвојуваат, пристанишниот, тргов...

Фељтон

News image

ОПИС НА ЕДНА ОД НАЈГОЛЕМАТА БИТКА КАЈ ГАВГАМЕЛА (11)

  Во ова продолжение за читателите ќе  претставиме дел од седмата глава &...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.