|
||||
| Проблемот во Бугарија не е недостиг на закони, туку недостиг на одговорност |
|
Ирена Јовева: Владеењето на правото не функционира „од време на време“ Словенечката европратеничка со македонско потекло, Ирена Јовева, по дводневната мисија во Софија, објави остар и директен текст на Фејсбук во кој без дипломатски ракавици ја критикува состојбата со владеењето на правото во Бугарија. Повод за нејзината реакција е одговорот на бугарскиот министер за правда во заминување, кој на прашањето зошто се игнорира јасна судска пресуда за нелегалноста на функцијата на генералниот обвинител, цинично изјавил: Според Јовева, токму таа реченица е сурово, но прецизно резиме на состојбата во државата. Таа опишува систем во кој новинарите добиваат тужби наместо информации од институциите, судии чии кариери не зависат од правото и законот, туку од лојалност кон политички центри на моќ. „Привремени“ позиции што траат со години, мандати што никогаш не завршуваат и одговорност што никогаш не започнува. Јовева укажува и на парадоксот во кој граѓанското општество и антикорупциските организации располагаат со документи, снимки и сведоштва – но без никаква правна или институционална епилога. Во исто време, политички непожелните лица лесно завршуваат во затвор, додека институциите систематски се демонтираат одвнатре. „Проблемот во Бугарија не е недостиг на закони, туку недостиг на одговорност“, пишува европратеничката. Таа најавува дека извештајот од мисијата на групата Renew Europe ќе биде суров, без разубавување и целосно базиран на факти. Доколку состојбата не се промени, не ја исклучува можноста за конкретни мерки од страна на Европскиот парламент и институциите на ЕУ. „Не за да се казни Бугарија, туку затоа што никој не е должен да живее во систем каде што законот важи само ‘од време на време’. Владеењето на правото не функционира ‘од време на време’. Или функционира – или не“, порачува Јовева. Во Европската унија, Бугарија е полноправна членка, но владеењето на правото таму функционира како опционален додаток – вклучен кога одговара, исклучен кога пречи. Додека Брисел држи лекции за европски вредности, во Софија се демонстрира како судските одлуки можат да важат „од време на време“, а институциите да постојат само како декор. Европската Унија може да си дозволи многу компромиси, но ако дозволи владеењето на правото да стане прашање на распоред, а не на принцип, тогаш проблемот веќе не е само бугарски, туку европски. |





















