|
||||
| Водици во Зубовце – вера што се пренесува од колено на колено |
|
Водици во Зубовце – вера што се пренесува од колено на колено Празникот Богојавление – Водици и оваа година се слави во Зубовце со со заедничка молитва, сплотеност и духовна радост. Овој свет ден, кога се слави крштевањето на Исус Христос во реката Јордан, за жителите на Зубовце не е само верски чин, туку жива традиција што се чува со длабока почит и љубов. Осветувањето на светиот крст во вода е симбол на прочистување, благослов и нов почеток. Во тие мигови, кога крстот се осветува и се издигнува од водата, се чувствува заедништвото – радост што ги обединува сите, без разлика на возраст.
Водици е потсетник дека духовните вредности се темел на опстанокот на селото. Во време на забрзано живеење и предизвици, ваквите празници нè враќаат кон корените, кон семејството, традицијата и меѓусебната почит. Нека светата вода донесе здравје, мир и благосостојба во секој дом во Зубовце и во цела Македонија. Нека овој празник биде извор на сила, надеж и сплотеност, а верата што се негува денес да продолжи да се пренесува и на идните поколенија. За многу години Водици!
|

























