|
||||
Честит 11 Октомври – Денот на востанието на македонскиот народ против фашистичкиот окупатор! |
На денешен ден, пред 84 години, македонскиот народ ја напиша најславната страница во својата историја. Од Прилеп и Куманово се роди искрата на востанието што го запали пламенот на слободата и ја разбуди цела Македонија. Овој ден не е само дел од историјата, тој е жив симбол на непокорот, саможртвата и љубовта кон татковината. Храброста на првите востаници од Прилеп и Куманово е светол пример за сите генерации Македонци, потсетник дека слободата никогаш не се подарува, туку се изборува со верба во Македонија. 11 Октомври беше востание на вербата и на љубовта кон татковината. Востание на луѓе што немаа ништо освен желба да живеат слободно под македонското сонце. Луѓе кои не се плашеа од смртта, затоа што веруваа во животот на Македонија! Со длабока почит и благодарност, денес го одбележуваме 11 Октомври – денот кога храбрите синови и ќерки на Македонија го кренаа својот глас и оружје против фашистичкиот окупатор, поставувајќи го темелот на нашата државност, слобода и национално достоинство. Денес, нашата обврска е да ја чуваме таа слобода, да ја зацврстуваме независноста и да го продолжиме делото на оние што се бореа за достоинствена и праведна Македонија. Во чест на сите херои, познати и непознати, кои го дадоа животот за татковината, да се поклониме со гордост, со почит и со завет дека Македонија ќе ја браниме со истиот дух и иста решеност како и тие! Да ја продолжиме нивната борба, со вера дека Македонија ќе биде силна, горда и вечна! Честит 11 Октомври, Денот на македонското востание, денот на нашата слобода и гордост! Да живее Македонија! |