|
||||
Народот не им верува на кандидатите за градоначалници предложени од СДС! |
Во текот на предизборниот период, вниманието на јавноста е насочено кон тоа какви проекти и планови нудат кандидатите за градоначалници од најголемите политички партии. Иако дел од кандидатите се трудат да презентираат визија за локален развој, јавноста ја изразува својата недоверба кон кандидатите за градоначалници од редовите на СДС, заради лоши искуствата од нереализирање на ветувањата од градоначалниците и владата на СДС во минатото. Овој став најчесто е поврзан со лоштото искуство за периодот на владеење на СДС, кога лидерот Зоран Заев и министерот Венко Филипче даваа низа ветувања во областа на инфраструктурата, здравството и економскиот развој,... многу граѓани сметаат дека ветувањата останаа неисполнети, што доведе до опаѓање на довербата кон партијата и нејзините претставници. Македонскиот човек одамна научи да препознава кој работи искрено, а кој се крие зад зборови и лажни ветувања. Локалната самоуправа е местото каде државата ја допира секојдневната реалност на граѓаните. Таму нема простор за лажни и празни ветувања, туку само за работа. Тие што искрено ја чувствуваат Македонија како свој дом, ќе знаат дека секоја улица, секое училиште, секој проект е дел од нејзиното достоинство. Тоа е патот по кој треба да се движи секој што искрено ја сака Македонија, не со зборови, туку со резултати. Македонија заслужува чесни и посветени луѓе за градоначалници кои ќе работат тивко, но со срце. Кои нема да се кријат зад партиски пароли, туку ќе излезат пред народот со чист образ и чисти раце, а тоа што го ветуваат ќе го реализираат. Нашата татковина има сила, има достоинство и има народ што знае да сака и да простува, но не заборава. Таа бара луѓе што ќе служат со љубов, што ќе ја чувствуваат Македонија како свој дом, а не како личен интерес. Затоа денес, повеќе од кога било, е време да се врати духот на чесноста, посветеноста и одговорноста. Време е да се покаже дека вистинската политика не се мери со број на слогани, туку со број на ветени и реализирани дела. Зашто вистинската љубов кон татковината не се зборува, се покажува секој ден, во секоја одлука, во секој чекор направен за доброто на народот. Македонија заслужува градоначалници што ветуваат а ветеното го ипсолнуваат. Македонија заслужува лидери што служат, а не владеат. Изминатите 15 месеци Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ понуди план и визија како да ја развива Македонија. На 19 октомври наша е одлуката, или ќе избереме опција во која што се враќаме назад, опција која Венко, Димче и Ахмети ќе не вратат назад во минатото, или ВМРО-ДПМНЕ која има јасна визија план како да се бори за секое едно семејство, за секој млад човек. Затоа е важно на 19 октомври да излеземе масовно, да го заокружиме Бр.9 за да победи Македонија. На 19 октомври да гласаме за Бр.9 за јасен план и јасна визија за напредок на Македонија. На 19 октомври да гласаме за иднината на нашата заедничка Македонија! |