|
||||
| Почина Киро Кипроски, долгогодишен дописник на „Нова Македонија“ |
![]() Со голема тага ја примивме веста за смртта на Киро Кипроски, еден од најистакнатите и најпосветените дописници на дневниот весник „Нова Македонија“ и Радио Гостивар кој повеќе децении ѝ служеше на новинарската професија со чесност, трудољубивост и љубов кон вистината.
Телото ќе биде изложено во 11.00, а Погребот ќе биде во 13.00 часот во НЕДЕЛА во старите градски гробишта во Гостивар. Кипроски беше познат по својата објективност, упорност и искрена посветеност во пренесувањето на секојдневните случувања, особено оние поврзани со животот на луѓето.
Освен професионалец, остави траен печат, бидејќи преку нив се чувствуваше гласот на Народот. Кипроски беше и голем пријател, човек кој зрачеше со човечност и добрина.
Со неговото заминување неговите другари и Македонија изгубија угледен новинар, а неговите пријатели и колеги изгубија верен сопатник и инспирација.
Нека му е вечна слава и благодарност за сето што направи за македонското новинарство и за својата татковина.
|
























