|
||||
| Ацо Тошта: Честит големиот христијански празник – Успение на Пресвета Богородица |
|
Овој свет ден е ден на надеж, вера и сплотеност. Ден кога сите се навраќаме кон духовноста и се потсетуваме дека само со молитва, пожртвуваност и вера можеме да ја издржиме секоја мака и неправда. Но денес, покрај празничната радост, во срцата на многу македонски семејства има и болка. Болка која девет години трае и не престанува. Ние, уставобранителите, од 27 април невини лежиме девета година во македонските затвори – не за злосторства, не за тероризам, не за убиства, туку затоа што го браневме Уставот на Македонија. Ние не сме терористи, ние не сме убијци. Ние сме луѓе кои веруваа дека Македонија мора да се брани. И само заради тоа веќе девет години лежиме зад решетки. Ние не бараме милостина, бараме правда. Бараме институциите да најдат начин како понатаму ќе се регулира нашиот статус. Но најпрво, неправдата мора да заврши: ДА БИДЕМЕ ОСЛОБОДЕНИ, НЕ ПОМИЛУВАНИ! Нашите семејства се растурени, деца растат без родители. Јас, Ацо Тошта, имам дете кое денес е во дом без родители во Штип. Колку мајки и татковци на уставобранители секој ден ги бришат солзите за своите најмили. Колку животи се уништени, колку иднини загубени, само затоа што Антимакедонската Влада на СДС на чело со предавникот Зоран Заев сакаше од патриотизам да направи злосторство и да ја распродаде нашата Македонија. Затоа денес, на овој голем христијански празник, кога се молиме кон Пресвета Богородица за здравје, мир и спасение, повторно го упатуваме апелот: Да се врати правдата во Македонија, да се вратиме во нашите домови и да живееме заедно со своите најмили. Пресвета Богородица денес нека нè закрили и нека ни даде сила! Нека ни е честит и вековит празникот Успение на Пресвета Богородица! АМИН! |
























